Беа „најлуди“ соиграчи во НБА, сега се степаа во ММА ринг (ВИДЕО) - Канал 5

Беа „најлуди“ соиграчи во НБА, сега се степаа во ММА ринг (ВИДЕО)

Поранешните кошаркари и соиграчи во Лос Анџелес Лејкерс, Мајкл Бизли и Ленс Стивенсон, се бореа во аматерска ММА борба која заврши со изненадувачка победа за Стивенсон.

Беа „најлуди“ соиграчи во НБА, сега се степаа во ММА ринг (ВИДЕО)

Тој го принуди многу повисокиот Бизли да се предаде во првата рунда со давење. Нивниот натпревар, одржан како дел од настан за Brand Risk Promotions, го следеше шефот на UFC, Дана Вајт, од првиот ред во Лас Вегас.

Стивенсон го дави за да се одмазди

Со оваа победа, Ленс Стивенсон се одмазди за својот неодамнешен пораз од Бизли во кошаркарски натпревар еден на еден, во кој 206 сантиметри високиот Бизли освои 300.000 долари. Сепак, во октагонот силите беа поделени различно. Двајцата мажи покажаа дека тренирале само неколку дена, а борбата се премести незгодно на земја по кратка размена на удари.

Бизли беше првиот што се обиде да ја заврши борбата со амбициозно давење, но потегот беше премногу тежок за неговото ограничено искуство. Откако само ги замори рацете со тоа, Стивенсон ја презеде контролата, соборувајќи го и заземајќи ја горната позиција.

Набрзо тој употреби необична варијација на задно гушење и почна да стиска без многу техника, но со сета сила. Тоа беше доволно за Бизли френетично да ги потчукне двете раце за излез, по што судијата ја прекина борбата. По натпреварот, немаше зла крв и поранешните соиграчи се прегрнаа на пријателски начин.

Богато НБА искуство на двете „луди глави“

И Стивенсон и Бизли имаат богато НБА искуство, а за време на нивните играчки денови привлекоа внимание со нивното лудо однесување и настани надвор од теренот. Во периодот од 2008 до 2019 година, Бизли одигра 609 натпревари со просек од 12,4 поени, а Стивенсон играше во најсилната лига во светот помеѓу 2010 и 2022 година и постигна просек од 8,6 поени во 554 натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 5.5 милиони евра - оваа година лото добивката се падна кај Мицкоски

Оваа година лото-добивката – се падна кај Мицкоски и неговата Организирана криминална група.

СДСМ: 5.5 милиони евра - оваа година лото добивката се падна кај Мицкоски

5,5 милиони евра преку криминални договори кои Мицкоски сакаше да ги сокрие дека се „нула денари“.

Огромни народни пари, во време кога Владата нема пари за земјоделците, нема пари за плати, за пензии, за мерки за помош на граѓаните поради високите цени.

Тоа се 5,5 милиони причини граѓаните да ја знаат целата вистина, да ги видат документите и да добијат одговори каде завршија нивните пари.

Кои компании добиле милиони евра и врз основа на кои критериуми?

Како била избрана тричлената комисија во АД „Државна лотарија“, која одлучувала за изборот на фирма за прославата?

Како е можно претседателот на таа комисија истовремено да се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите за концертот?

Врз основа на кои критериуми биле ангажирани фирми-ќерки и колку милиони евра народни пари добиле преку Државната лотарија?

Колку пари се потрошени за провизии и проценти и во чии џебови завршиле?

Кога биле платени изведувачите и колку?

Дали со Гета сè било претходно договорено, уште пред да биде завршен јавниот повик и пред да се знае кој ќе биде избран на тој повик?

Мора да има одговори на сите прашања.

Ова е оргомен сомнеж за проневера на народни пари и уште еден доказ за арамискиот концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион на „Рајанер“ удри во пистата со крило при грубо слетување (ВИДЕО)

Авион на „Рајанер“ на лет од Манчестер до Даблин направи ризично слетување за време на бура, а снимката снимена од патник покажува како врвот на крилото ја удира пистата.

Авион на „Рајанер“ удри во пистата со крило при грубо слетување (ВИДЕО)

Авионот силно отскокнува и скршнува од курсот при слетувањето, но пилотите успеале да ја одржат контролата врз авионот.

Видеото го прикажува крилото на Боингот 737 како се витка под налетите на ветерот пред неговиот врв накратко да ја допре пистата. Патник по име Метју, кој го снимил инцидентот, го опишал искуството како „многу страшно“, но ја пофалил реакцијата на пилотите.

Незгодно слетување

„Пилотите завршија неверојатна работа. Авионот силно отскокнуваше при слетувањето, потоа се крена и се сврте надесно. Да бидам искрен, мислев дека крилото е готово“, рече тој.

„Рајанер“ потврди дека летот „FR5042“ од Манчестер слета во Даблин поради силни ветрови, но ја опишуваат ситуацијата поинаку. Во официјалното соопштение, тие наведуваат дека авионот слета „нормално“ и дека по корекцијата, слета на пистата при вториот обид без тешкотии.

Инцидентот се случил за време на бурата Кетлин што ја погоди Ирска. Налетите на ветер достигнаа брзина и до 113 километри на час, поради што неколку летови на аеродромот во Даблин беа откажани или пренасочени кон други дестинации.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер