Базенотот Аеродром отворен за посетители - Канал 5

Базенотот Аеродром отворен за посетители

Базенот Аеродром во Скопје од денеска ќе биде отворен за посетители во новата сезона.

Базенотот Аеродром отворен за посетители
Базенот ќе биде работи секој ден од 10:00 до 18:00 часот.

Одговорните во „Базен Аеродром“ и ова лето најавуаат добра музика, забава, рекреација и вкусна храна за своите посетители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес потпиша девет договори за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој. 

Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини

Вкупната вредност на договорите изнесува 1.283.889 денари.

Поддржаните манифестации се посветени на промоцијата на домашните земјоделски производи, подобрувањето на нивната препознатливост, непосредното поврзување на производителите со потрошувачите, како и афирмацијата на локалната традиција, гастрономијата и руралниот туризам.

„Најкраткиот пат од нивата до пазарот понекогаш започнува на локалниот плоштад, место каде што производителот може лично да застане зад својот производ, да го понуди и да му овозможи на потрошувачот да ја препознае неговата вредност. Со оваа поддршка отвораме простор локалните заедници да го претстават најдоброто што го создаваат, а манифестациите да донесат конкретна придобивка за изложувачите и локалните производители“, истакна министерот Серафимовски.

Поддршка за организирање манифестации добија:

-„Еко кам мед“ од Македонска Каменица за „Денови на медот во Македонска Каменица“;

- „Ума Сто“ од село Умин Дол за „Есенско пазарче“;

- „Слоу фуд Лихнидос“ од Охрид за „Вкусови на ферментацијата – органско производство на храна“;

- Општина Босилово за „Ајверијада во Општина Босилово 2026“;

- Општина Василево за „Ден на празот“;

- Општина Ново Село за „Костенијада“;

- Општина Чучер-Сандево за „Традиција на Скопска Црна Гора“;

- Општина Ресен за „Преспански јаболкобер“;

- Општина Кочани за „Денови на кочанскиот ориз“.

Избраните манифестации ќе се реализираат во периодот од 10 септември до 31 декември 2026 година. Преку нив ќе се промовираат производство на мед и органска храна, локални земјоделски производи и традиционална гастрономија.

Со реализацијата на оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја продолжува поддршката за здруженија и единици на локалната самоуправа во организирањето манифестации што ја зголемуваат видливоста на домашните производители, ја поттикнуваат локалната економска активност и придонесуваат за развој на руралните средини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици

Ниските утрински температури, а поладневните летни повисоки ги зголемија настинките кај педијатрите и семејните доктори.

Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици

Чести се вирусните инфекции со зголемена температура до 38. Најмногу на удар се децата во градинка и децата од помалите одделенија. Докторите со совет за слојно облекување, потопло наутро, а веќе од попладне во летна облека.

„Многу е важно веќе да се почне со витамин Д, децата да се рехидрираат и да не се посегнува по антибиотици“, вели д-р Мира Атанасова педијатар.

И во детската клиника Козле во амбулантите се зголемени ангините и респираторните инфекции кај малите деца. Промената на температурата е голема главоболка и за метереопатите, промена во притисокот, слаба концентрација и проблеми со спиењето, објаснува Атансова.

„Редовно земање на терапија, да се оди на прошетки кога е стабилно времето. Промените на времето многу предизвикуваат промена и со крвниот притисок, истиот редовно да се контролира“, вели д-р Мира Атанасова педијатар.

Од УХМР за утре најавуваат топло и стабилно време од недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник ќе има пад на температурите максималните температури ќе бидат 25 степени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повисока казна за паркирање, отколку за фрлање ѓубре во река: Парадокс во казнената политика

Госпоѓата која од Порше фрли ѓубре од мост во реката Лепенец, а потоа насмеано и мафна и на камерата, доби повисока казна за непрописното паркирање, отколку за загадување на животната средина.

Повисока казна за паркирање, отколку за фрлање ѓубре во река: Парадокс во казнената политика

Ако во Европа би ве чинело стотици евра, фрлањето на отпад од овој мост во реката ќе ве чини 40 или ако платите во рок од една недела, само 20 евра.

Па, ваквиот случај отвори низа дилеми и прашања во јавноста – дали казнената политика е соодветна или само ги охрабрува ваквите постапки. Според еко-активистите, законот за јавна чистота треба да се промени итно, оти без драконски казни, ќе продолжиме да се давиме во отпад, но сметаат и дека повторно треба да стане популарна општокорисната работа – па кој се однесува несовесно, да си добие метла и да чисти низ градот еден месец. Воедно, сметаат дека добар дел од проблемот почива и врз воспоставениот систем кој мора да се подобри.

-Единствен начин да се казни одлагањето на отпад од физичките лица е преку законот за јавна чистота, мора да се работи на зголемување на тие казни, во моментов можеби ќе делуваат драконски, но кога се соочувате со толку големо количество на отпад, мора да се започне од тоа. И во однос на реакцијата на институциите имаме мало заостанување, законот како закон постои, но постапувањето по истиот е многу ретко. Недоволно за тоа со кое ние се соочуваме. Дали е потребно многу поголемо на терен на комунални инспектори, МВР, комунални редари, тоа е работа која институциите треба да ја решат, но очигледно тоа ни недостасува најмногу од се,- - Татјана Стојановска – Еко-активист – „Независни за Карпош“.

Од Град Скопје се на иста линија со еко – активистите, казните се ниски и се работи на нивна корекција. Воедно, уверуваат дека се работи и на воспоставување подобар систем, во кој е предвидена и долгонајавуваната комуналната полиција, предлог-закон кој е доставен до Владата. Што се однесува до жената која фрли ѓубре во Лепенец добила казна и од нив.

-Како Град Скопје сметаме дека постојната казнена политика за одредени прекршоци не е доволно, а за дел од прекршоците предвидените глоби се ниски. За таа цел Градот Скопје има изработено анализа и конкретни предлози за измени на законската регулатива, со цел санкциите да бидат поефикасни и соодветни на прекршоците. Во насока на воспоставување поефикасен систем на комунален ред, до владата е доставен предлог – законот за комуналната полиција,- - Град Скопје.

Во моментов, градскиот инспекторат располага со 13 комунални инспектари и 10 комунални редари, кои како што велат, на терен се во три смени, а согласно потребите, најавуваат и зголемување на тимот. Воедно, испланирано е и поставување на камери со кои меѓудругото ќе спречува одлагање на отпад каде што не му е место.

Во меѓувреме, состојбата околу мостот на Лепенец во Карпош, од ден во ден е во се полоша состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер