Батон: Верстапен сфати дека нема да извојува победа до крајот на 2024 година - Канал 5

Батон: Верстапен сфати дека нема да извојува победа до крајот на 2024 година

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Џенсон Батон зборуваше за расположението на актуелниот шампион Макс Верстапен пред завршниот дел од сезоната 2024.

Батон: Верстапен сфати дека нема да извојува победа до крајот на 2024 година

- Возачот на Ред Бул, Верстапен, го прифати фактот дека нема повторно да се искачи на највисокото скалило на подиумот во 2024 година, изјави Батон.

Британецот одговори и на прашањето дали возачот на Мекларен, Ландо Норис, може да го победи Верстапен во борбата за титулата:

„Да, мислам дека може“.

Макс е тврд орев за кршење. Мислам дека притисокот не влијае на него на ист начин како и повеќето други возачи, но тоа е тешка ситуација. Сфати, според она што го слушнав, дека нема да извојува уште една победа годинава. Всушност, тој едноставно ќе собира поени. Меѓутоа, понекогаш кога ќе си извршите толку голем притисок, уште потешко е да се качите на подиумот. Сè уште ништо не е решено. Макс е во добра позиција, но притисокот е висок, додаде Батон на поткастот на „Sky Sports F1“.

На шест трки до крајот на сезоната, лидерот Верстапен има предност од 52 бода во однос на второпласираниот Норис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Единствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра.

Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати.

Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка.

И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија.

Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале.

Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев.

Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш

Сега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите  мора да се испитаат веднаш

Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто.

Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ.

Што договарале со Мацура?

Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија.

Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на

правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните.

Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија.

Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува.

Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка.

Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди.

Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност.

Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните.

Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, и наводна кинеска шпионка.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Трамп откри дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека немал сознанија оти жената била шпионка.

Американскиот претседател изјави дека му верува.според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, работела за Пекинг.

Весникот објави дека државниот секретар Марко Рубио уште минатата пролет испратил предупредување до високи американски функционери за наводните блиски врски меѓу жената и Хуанг.

Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која имала деловни зделки со „Нвидиа“.Компанијата веќе нарачала независна истрага и тврди дека нема индикации дека се компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД.

Пекинг ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и шпекулативни.аферата се одрази и врз берзата. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од четири проценти, а пазарната вредност на компанијата се намали за околу 250 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер