Батон успиен па ограбен!!!

Возачот на Формула 1 Џејсон Батон во текот на ноќта е ограбен на неверојатен начин во својот дом во Франција.

Батон и неговата сопруга Џесика најпрвин биле успиени со гас пуштен низ вентилацијата низ вилата , по што биле ограбени.

Двојката спиела во својата вила во Франција , по што како на филм од вентилацијата започнал да излегува анестетик кои ги онесвестил!!

Потоа крадците „на мира“ можеле добро да го прегледаат нивниот дом и да ги украдат сите драгоцени работи кои ги пронашле во луксузната вила на Батон.

Според полицијата сопругата на славниот возач , убавата Џесика останала без свршеничкиот прстен вреден околу 300 000 долари.
Локалната полиција смета дека крадците одреден период ја посматрале куќата на Батон и пронашле начин како да внесат канистер со анестетик и да го сместат во вентилацијата .

Џејсон и Џесика по вдишувањето на гасот паднале во несвест , а крадците по кои полицијата интензивно трага , мирно ги пребарувале собите во вилата .
Во вилата во Сен Тропе покрај Џејсон и Џесика биле успиени и нивните пријатели кои исто така престојувале во куќата.
Инаку богатството на Џејсон батон е проценето на околу 71 милион фунти , славниот возач неодамна е прогласен за третиот најбогат спортист во Велика Британија.

Шкотскиот парламент го избра Џон Свини за нов премиер

Новиот лидер на владејачката Шкотска национална партија (СНП), Џон Свини, денеска и официјално е избран за премиер на Шкотска, откако освои мнозинство гласови во Парламентот.

Свини вчера беше избран за нов лидер на СНП, пренесе N1, дополнувајќи дека тој и претходно беше на чело на партијата, од 2000 до 2004 година.

-Бидејќи мнозинството пратеници гласаа за Џон Свини, во име на Парламентот му честитам за неговата кандидатура за премиерската функција, изјави по гласањето претседателката на шкотскиот Парламент, Алисон Џонстон.

Премиерот на Шкотска го избираат пратениците во парламентот, а Свини е избран на функцијата иако на неговата партија и недостигаат два гласа во парламентот за апсолутно мнозинство.

СНП, инаку, е најголемата партија во Шкотска со 63 од 129 пратенички места во парламентот.

Во Штип двојните избори почнаа на 74 избирачки места

 Вториот круг од претседателските и парламентарните избори утрово во 7 часот почнаа на територијата на Општина Штип.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Виктор Вацев изјави дека на двата избирачки списоци има по 41 379 избирачи, кои своето демократско право ќе можат да го искористат на 74 избирачки места.

Посочува дека сите избирачки места се отворени точно навреме и засега се се одвива во најдобар ред, но се уште е рано да се зборува за некоја процентуално излезност, зашто првите податоци до комисијата ќе пристигнат после 9 часот.

МИА утринава беше на гласачкото место лоцирано во Центарот за култура „Ацо Шопов“. Претседателот на Избирачкиот одбор 22 99, Столе Хаџи-Николов вели дека гласачкото место навреме е отворено. Своето право на глас на оваа избирачко место можат да го остварат 655 избирачи за претседателските избори, а за парламентарни еден гласач повеќе иле 656.

-Имаме едно лице кое станало полнолетно и затоа на списокот за парламентарните избори имаме еден гласач повеќе. За околу половина час,гласаа десет избирачи и тоа за двата типа на избори, вели. Хаџи Николов.

Вчера гласаа болните и изнемоштени лица во домашни услови. Од пријавените и одобрени 208 барања, гласале 187 за парламентарни и 186 за втор круг претседателски избори. Според податоците на ОИК, ваква разлика меѓу пријавени и оние кои го исполниле правото на глас во текот на вчерашниот ден е што 21 лице од пријавените починале помеѓу двата изборни круга. Вчера се гласаше и во КПУ- Затвор- Штип, каде од 203 регистрирани избирачи од 40 македонски општини, правото на глас го искористиле 146 осудени лица или 72 проценти, што е скоро идентично со првиот круг за избор на претседател.

Повторно во функција системот за гранична контрола на аеродромите во Велика Британија

Повторно во функција системот за гранична контрола на аеродромите во Велика Британија, не е пријавен кибер напад.

Автоматизираниот систем за контрола на пасошите повторно работи на аеродромите во Велика Британија, јавија британските медиуми, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи.

Како што наведуваат од Министерството, проблемите со системот биле отстранети по полноќ. Нема знаци за кибер напад и не е нарушена граничната безбедност.

Претходно, телевизијата „Скај њуз“ објави дека имало голем дефект во системот за гранична контрола на аеродромите во Велика Британија. Аеродромите „Станстед“, „Гетвик“, „Хитроу“ и „Манчестер“ потврдија дека имаат проблеми со системот.

притисни ентер