3Употребените градежни материјали и издадените дозволи во фокусот на вкрстените прашања на судењето за „Пулс“
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
ЖивотБатлерот знае сѐ: Работел 7 години за Чарлс III, а сега раскажува детали за Кејт и Вилијам Грант Харолд, поранешен батлер на англиското кралско семејство кој седум години работел за кралот Чарлс Трети, откри што се случило на почетокот на врската меѓу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои се запознале како 19-годишници на универзитет.Прво, тие станале блиски пријатели, за да почнат да се забавуваат во втората година од студиите. "На почетокот на врската беа како и секоја друга девојка и момче. Многу ми се допадна Кејт. Таа не беше дел од кралското семејство, но беше неверојатно љубезна и пријатна кон целиот персонал. Се шегуваше, разговараше со нас. Бев со Вилијам во многу добри односи, тој ми се јавуваше на мобилен, што би било сензационално за моите пријатели, но за мене тоа беше нормално“, рекол Харолд и продолжил: "Еднаш раскинаа некое време и многу ми беше жал бидејќи ги обожавав. За среќа, брзо се помирија и ја продолжија врската. Тоа беше многу обична врска, како и секоја друга, што е чудно кога се знае кои се. Но најнормално се однесуваа“. Харолд го напуштил кралското семејство пред 11 години, а во меѓувреме Вилијам и Кејт се венчаа во 2011 година и добија три деца. Вилијам ќе го наследи Чарлс како крал на Англија. "Имав можност да се грижам за Вилијам, Кејт и Хари. Беше забавно бидејќи ги запознав надвор од должноста. Одевме во исти пабови, имавме исти пријатели и секогаш се почитувавме. Чудно е да ги гледам сега како дел од кралското семејство, а се дружевме кога тие беа студенти“, заклучил Харолд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски за Јотова: Нема да навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век„Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат“.Тоа изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Илијана Јотова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаПожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од КиткаВо повеќе делови од земјава денеска се активни пожари на отворен простор.Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Продолжува интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа каршијака, а директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека сериозен пожар избил пожар во општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. Наведе дека итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината китка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУпотребените градежни материјали и издадените дозволи во фокусот на вкрстените прашања на судењето за „Пулс“Брзото ширење на пожарот во Пулс е директна последица на изборот на несоодветни материјали за градба.Брзото ширење на пожарот во Пулс е директна последица на изборот на несоодветни материјали за градба – одговори судскиот градежен вештак и професор на Градежниот факултет– Горан Марковски на денешните вкрстени прашања од одбраната на сопственикот на објектот во кој функционирала дискотеката Пулс – Гроздан Милковски. Според адвокатка на Милковски, во договорот за закуп на објектот постои член кој вели дека потребните документи за извршување дејност ќе ги обезбеди закупецот, меѓутоа повикувајќи се на Законот за градење, Марковски одговори дека барање за пренамена на објект треба да поднесе сопственикот на објектот или негово ополномоштено лице. Адвокатка на одбраната: Дали ќе се согласите дека во списите на предметот нема ниту еден доказ дека сопственикот на објектот презел какви било дејства што може да се поврзат со причините за последиците од пожарот? Вешто лице: Делумно. Ќе наведам еден факт што може да се поврзе со пренамената, а се работи за превземени дејствија од сопственикот, а тоа е изведба на потпорна платформа на дел од објектот, што има одредена поврзаност. На прашањата упатени кон Марковски - дали ќе се согласи дека предметниот објект не бил граден за дискотека, дека неговата состојба на денот на издавање не е причина за последиците за настанување на пожарот како и дека не постои доказ оти Дејан Јовановски – Деко го известил Милковски за направените реконструкции во објектот, Марковски одговори потврдно. Ожалостените родители го оценија денешното вкрстено испрашување на вештаците за како што велат, проверка на тоа колку долго можат родителите да издржат бескрајно повторување на прашања без суштина. -Од денешното рочиште едно станува се поочигледно – суштинските прашања како да се најтешки за поставување. Наместо вкрстено испрашување со јасни и прецизни прашања, што навистина ќе ги проверат или оспорат наодите на вештаците, слушаме долги серии прашања, повторување и враќање на веќе кажаното. // Ако има што да се побие во вештачењето, повелете со факти, документи и конкретни прашања, но ако нема што суштински да се оспори, одолжувањето на рочиштето нема магично да создаде аргументи. - Александар Наунов – родител на Надица Наунова Со изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица, треба да заврши изведувањето докази од страна на Обвинителството по што со изведување докази треба да започне одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16