Батерија која трае 28.000 години - Канал 5

Батерија која трае 28.000 години

Истражувачите од стартапот НБД направиле и тестирале батерија која со еден удар би можела да реши два проблеми кои во овој момент го мачат светот.

Батерија која трае 28.000 години

Тие исмислиле нанодијаматска батерија (НДБ) која е направена од вештачки создаден дијаман и нуклеарен отпад.

Иако звучи помалку необично, таквата батерија би можела скоро никогаш да не се испразни, односно би можела да трае неверојатни 28 илјади години без додатно полнење. Како што истакнуваат од НДБ, нивната технологија овозможува поефикасно искористување на електричниот напон од дијамантите кои се користат во создавање на батеријата.

Покрај тоа, батеријата не создава никаква штета за време на работата, а потребен и е само пристап до отворен воздух. Во НДБ се надеваат дека ќе успеат да ја искомерцијализираат своите батерии и дека ќе ги претворат во корисен извор на енергија за сите од електрични авиони, бродови, возила па до помали уреди како паметни телефони и преносливи уреди.

Мементало во НДБ се задоволни од успешните тестирања на својот концепт за нанодијаманстка батерија, а желба им е на направат функционален прототип до крајот на оваа година.

Интерес за овие батерии веќе покажале компании од нуклеарната, но и авио и одбранбената индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Денеска нема нови случаи со морбили сипаниците, засега се прават анкетите и дадени се препораките на оние кои биле во контакт со оние кои имале ситни сипаници, соопшти министерот за здравство Клековски. 

Нема нови случаи на заболени со морбили во Македонија

Она што е важно да се имунизираат децата, и да разберат родителите дека морбилите се опасни сипаници и единствена заштита е вакцината МРП. Досега беа потврдени пет случаи со морбили, од кој еден странски државајнин. Според последните под

Продолжува големиот интерес за примање на вакцината против грип. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани, и се очекува со новата пратка на вакцина да се вакцинираат граѓаните.

Според последните податоци во период децата кои се родени од 2021 година до 2024 година се под 60% вакцинирани.

На пример во општина Ѓорче Петров од родени 1.800 деца за три години, 980 не се вакцинирани со МРП, а се на возраст на деца кои одат во градинка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Повеќе нема никакви дилеми дека е доведена во прашање титулата на Скопје како Европска претсолнина на културата за 2028 година.

Ѓорѓиевски: Се преземаат сите подготовски, се работи на носечките проекти меѓу нив и на Универзална сала

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се преземаат сите потребни активности и дека сега се работи на носечките проекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и колективната одбрана, посочувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на сојузниците.

Таа ја потврди определбата за достигнување на целта за издвојувањето, согласно Хашкиот план, нагласувајќи дека континуирано вложуваме во модернизацијата на Армијата, сајбер-отпорноста, новите технологии и заштитата на критичната инфраструктура.

За неа, Коридорите 8 и 10 не се само инфраструктурни проекти, туку стратешки правци што ја поврзуваат регионалната соработка со безбедносните интереси на НАТО и Европската Унија, особено во контекст на воената мобилност.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од сертификацијата на Лесната пешадиска баталјонска група како борбено подготвена, оценувајќи го тоа како потврда за професионалноста и способноста на Армијата да придонесува во операциите предводени од НАТО, ЕУ и ОН.

Повикувајќи се на искуството од членството во НАТО, таа укажа дека исполнувањето на високите сојузнички стандарди треба да биде пример за доследна примена на Копенхашките критериуми во процесот на европска интеграција.

Претседателката ја реафирмираше поддршката за Украина и потребата од континуирана политичка, воена, финансиска и хуманитарна помош, во знак на сојузничка солидарност.

Според неа, сеопфатниот, праведен и траен мир мора да почива врз меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации, а доследноста во почитувањето на овие принципи е неразделна од почитувањето на меѓународниот поредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер