Барселона во сабота се враќа на недовршениот Камп Ноу - Канал 5

Барселона во сабота се враќа на недовршениот Камп Ноу

Две и пол години по почетокот на големите реновирања, ФК Барселона ќе се врати на својот легендарен стадион Камп Ноу во сабота за натпреварот од 13-тото коло на Ла Лига против Атлетик Билбао.

Барселона во сабота се враќа на недовршениот Камп Ноу

„Се враќаме дома“, напиша Барса на социјалните мрежи рано попладне во понеделник за официјално да ја објави веста. Откако неколку пати го одложуваше преселувањето, каталонскиот гигант повторно ќе игра на Камп Ноу, каде што реновирањата сè уште се во тек, но треба да им овозможи на 45.000 гледачи да го гледаат натпреварот.

Актуелните шпански шампиони, кои моментално се втори во Ла Лига зад Реал Мадрид, од почетокот на сезоната 2023/24 ги играат своите домашни натпревари на Олимпискиот стадион Монжуик или на стадионот Јохан Кројф. Стадионот Камп Ноу беше отворен за јавноста пред две недели, кога Барселона одржа тренинг пред навивачите.

Реновирањето чини 1,5 милијарди евра

Клубот во соопштение за медиумите соопшти дека добил дозвола од градскиот совет да игра на „Камп Ноу“ пред 45.000 гледачи, но сè уште не добил одобрение од УЕФА за играње натпревари од Лигата на шампионите таму. Тимовите што учествуваат во европските натпреварувања теоретски не смеат да го менуваат својот домашен стадион во средината на сезоната.

ФК Барселона, која сè уште е во финансиски загуби, главно поради доцнења во реконструкцијата, очајно има потреба од приходите генерирани од својот стадион за да ја врати стабилноста. Барса процени дека трошоците за обемното реновирање на својот стадион, кој ќе може да прими 105 илјади гледачи - што е европски рекорд - по завршувањето на проектот, ќе изнесуваат 1,5 милијарди евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер