Прес-конференција на директорите на БЈБ и АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад
2Прес-конференција на директорите на БЈБ и АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад
ФудбалБарселона упорна, испраќа четврта понуда за КутињоБарселона подготвува нова понуда за бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо. Каталонците овој пат на Ливерпул ќе му понудат 150 милиони евра, јави „Скај спорт“. Во четвртата понуда, Барселона изрази подготвеност на премиерлигашот веднаш да му исплати 100 милиони евра, а 50 милиони евра преку бонуси кои ќе бидат поврзани со настапи во Лигата на шампионите. Барселона е охрабрена во намерата да го ангажира Бразилецот, бидејќи Кутињо е решен да се пресели на „Камп Ноу“. Оваа сезона Кутињо не играше ниту еден официјален натпревар за Ливерпул, наводно поради повреда, но се шпекулира дека тој ги пропушти трите натпревари токму поради можен трансфер. Барселона сака со Кутињо да го полни испразнетото место по одењето на неговиот наследник во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБлагодарница за министерот Ристовски за поддршката и придонесот во одржувањето на Скопскиот маратонМинистерството за спорт е покровител и еден од најголемите поддржувачи на Скопскиот маратон, препознавајќи го неговото значење не само како врвен спортски настан, туку и како значаен промотор на Скопје и Македонија на меѓународната спортска сцена.Во име на организаторите на Скопскиот маратон, генералниот секретар на Сојузот на спортови на Скопје, Гордана Кузмановска Николовска денеска му врачи благодарница на министерот за спорт, Борко Ристовски, како признание за неговата посветеност, поддршка и заложба за континуирано одржување на оваа традиционална спортска манифестација. Министерството за спорт е покровител и еден од најголемите поддржувачи на Скопскиот маратон, препознавајќи го неговото значење не само како врвен спортски настан, туку и како значаен промотор на Скопје и Македонија на меѓународната спортска сцена. Министерот Ристовски изрази благодарност за доделеното признание, нагласувајќи дека поддршката за Скопскиот маратон претставува дел од определбата на Министерството за спорт да ги поддржува спортските манифестации кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на спортот, поттикнуваат здрави животни навики и ја промовираат државата. „Скопскиот маратон е многу повеќе од спортски настан. Тој е симбол на истрајноста, спортскиот дух и заедништвото, но и значаен начин за промоција на Скопје и Македонија. Ова признание го прифаќам како признание за заедничката посветеност и поддршка на сите кои придонесуваат за неговото успешно одржување. Министерството за спорт и во иднина ќе продолжи да дава силна поддршка на овој настан и на сите иницијативи кои го приближуваат спортот до граѓаните и значат промоција на државата“ - истакна министерот Борко Ристовски. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на спортските настани кои имаат долгорочно значење за развојот на спортската култура, масовноста и меѓународната афирмација на македонскиот спорт. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрес-конференција на директорите на БЈБ и АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички нападПрес конференција на директорот на БЈБ Александар Јанев и директорот на АНБ Бојан Христовски.Агенцијата за национална безбедност континуирано ги следи состојбите поврзани со глобалните безбедносни закани и предизвици со кои се соочува Европа и регионот во изминатиот период. Од почетокот на 2026 година Агенцијата во соработка со грчката национална разузнавачка агенција и други партнерски служби, но и во координација со МВР-БЈБ на национално ниво преземаше активности за разоткривање на намери и планови на лица надоврзани на странски/ирански фактори, за извршување на терористички акти. Во таа насока Агенцијата презеде сет од оперативно-технички и аналитички активности со цел разоткривање на прокси мрежа од земјава, надоврзана на иранскиот државјанин Edris Jahangiri Mavaneh, издиференциран како лице поврзано со други прокси актери на иранските безбедносно-разузнавачки служби, вклучително и негова поврзаност со нарко босот Naji Sharifi Zindashti. Во однос на македонската мрежа, станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава, кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаа подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт/атентат врз лице во Грција. Во координација и размена со странски партнерски служби беше разоткриен нивниот modus operandi, за одржување на конспиративни средби на територија на трети земји, вклучително и Иран, при што беа потврдени конекциите со иранскиот државјанин, кој е главен носител на планираната терористичка акција. Информациите укажуваат дека станува збор за лице кое има широка мрежа на прокси актери и контакти со лице од висок интерес за безбедносните служби, односно истиот е соработник на иранските безбедносно-разузнавачки служби. Ваквите конекции, како и фактот дека изминатиот период повеќе земји се соочија со терористички закани и напади од страна на ирански прокси актери, е во корелација со обидите на иранските разузнавачки служби за нивно затскривање преку криминални прокси мрежи во трети земји, вклучително и Македонија. Агенцијата во рамките на своите надлежности останува фокусирана кон зачувување на националната безбедност, за што ќе продолжи со активности за детектирање и спречување на евентуални терористички закани преку прокси елементи од Иран, како и разоткривање на други лица инволвирани во ирански прокси мрежи. Тагови: АНБ БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Култура„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовтаИнспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: Дамата со камелии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter