Барселона се жали за казната од ФИФА - Канал 5

Барселона се жали за казната од ФИФА

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона потврди дека поднел жалба на одлуката на ФИФА за забрана на трансфери во следните два преодни рока.

Барселона се жали за казната од ФИФА
Светската фудбалска федерација вчера и изрече казна на Барселона поради кршењето на правилото поврзано со трансфер и регистрација на фудбалери помлади од 18 години.

Според оваа одлика Барселона до јуни во 2015 годни не смее ниту да продава ниту да купува фудбалери.

Каталонскиот гигант синоќа веќе ја поднел жалбата на оваа одлука на ФИФА со Судот за арбитража во спортот.
Шампионот од Ноу Камп воедно истакна дека од кога ФИФА ја започнала истрагата , ниту еден фудбалер поврзан со овој случај не одиграл официјален натпревар.
Барселеона во жалбата бара замрзнување на казната , одноно да им биде дозволено да купува и продава фудбалери се додека не биде донесена конечмната одлука по прашањето на нивната жалба .

Инаку Барселона покрај забраната за трансфери во касата на ФИФА ќе мора да уплати 450 000 швајцарски франци , слична казна доби и Фудбалската федерација на Шпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер