3Министерство за енергетика: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен
Од Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи
2Од Георгиевски и Релиќ до Ивановски, Нуров и Егоров: Македонскиот спорт во Таранто 2026 со искусни имиња и млади надежи
КошаркаБарселона – Макаби натпревар од висок ризикНатпреварот меѓу Барселона и Макаби од страна на локалните власти и полицијата има карактер на натпревар од висок ризик. Ова е дуел од 20.коло од Евролигата.Натпреварот нема да се игра пред целиот капацитет на салата, а Барселона најави дека на сопствениците на сезонски билети ќе им ги надополни трошоците. Натпреварот ќе биде бојкотиран и од страна на навивачките групи бидејќи се почести се барањата натпреварите од Евролигата каде настапуваат израелските екипи да бидат откажани. Тие на овој начин сакаат да се солидаризираат со палестинскиот народ. Околу 150 општествени, работнички и политички организации од Барселона бараат натпреварот да не се игра. Тие направија и петиција и сметаат дека одобрувањето на овој натпревар претставува „нормализација на геноцидот над палестинскиот народ и придонес кон кршење на меѓународното право и човечките права“. /МИАТагови: БАРСЕЛОНА Макаби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаКлековски, Андовски, Перински и Касами со делегација на Светска банка во КБ ТетовоПодготвуваме значајна инвестиција во здравството на полошкиот регион.Министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, и директорот на Клиничка болница Тетово, д-р Ерзен Елези, заедно со делегација на Светска банка и претставници на Министерството за здравство, денеска ја посетија КБ Тетово. На посетата беше презентиран концептот за темелна реконструкција, проширување и опремување на болницата. Проценетата вредност на планираната инвестиција изнесува 4,56 милијарди денари, односно приближно 74 милиони евра, додека конечниот финансиски модел ќе биде утврден по завршувањето на потребните анализи и постапки. Проектот предвидува: реконструкција и модернизација на хируршкиот и интернистичкиот блок; изградба на нов павилјон за повеќе медицински дејности; посебен објект за гинекологија, акушерство и неонатологија; набавка на современа медицинска опрема и ИТ-системи; отстранување на дотраените објекти и целосно уредување на болничкиот комплекс. „Ова е инвестиција во достоинството и сигурноста на пациентите и во подобри услови за здравствените работници. Нашата цел е граѓаните од Тетово и полошкиот регион да добиваат современа и навремена здравствена услуга блиску до местото на живеење“, истакна министерот Клековски. Инвестицијата е од непосредно значење за околу 251.500 жители на полошкиот регион и треба да овозможи повеќе локално достапни услуги, пократко време на чекање и помалку упатувања во Скопје. Со претставниците на Светска банка беа разгледани следните чекори: подготовка на физибилити студија, техничка документација, анализа на трошоците и придобивките и дефинирање одржлив модел на финансирање. Министерството за здравство, заедно со Фондот за здравствено осигурување, општина Тетово и раководството на КБ Тетово, ќе обезбеди координирана подготовка, транспарентност и институционална поддршка во сите фази на проектот. Модерна КБ Тетово значи посилно регионално здравство и поквалитетна здравствена заштита поблиску до граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПознатиот пејач обвинет за монструозно убиство на тинејџерка – телото било пронајдено во автомобилАмериканскиот музичар Дејвид Ентони Бурк (21), кој настапува под уметничкото име D4vd, наскоро ќе му биде судено по обвиненијата дека брутално ја убил и ја злоставувал четиринаесетгодишната Селест Ривас Ернандез.Американскиот музичар Дејвид Ентони Бурк (21), познат како D4vd, ќе му биде судено под обвинение дека брутално ја убил и ја злоупотребувал 14-годишната Селест Ривас Ернандез. По петдневното прелиминарно сослушување, судијата одлучил дека има доволно докази случајот да оди на суд. Посмртните останки на девојчето биле пронајдени минатата година во автомобил „Тесла“ регистриран на адреса поврзана со музичарот. Според обвинителството од Лос Анџелес, Бурк ја убил девојката откако се плашел дека таа јавно ќе ја открие нивната врска и ќе му ја загрози музичката кариера. На суд биле презентирани и пораки во кои Селест му се заканувала дека ќе му го уништи животот и кариерата по расправија. Обвинителството тврди дека девојката ден подоцна пристигнала во неговиот дом во Холивуд, каде што била убиена. Одбраната, пак, тврди дека нема доволно докази и дека нејзините родители знаеле за нивната врска. Детективите откриле и дека двајцата посетувале црква заедно со нејзиното семејство, а девојката наводно ја криела вистинската возраст од музичарот. Судијката Шарлин Олмедо оценила дека доказите се доволни за судење за убиство под посебни околности. Обвинителството сè уште не одлучило дали ќе бара смртна казна. Бурк, кој се изјаснил дека не е виновен, треба повторно да се појави пред суд на 31 август. Судењето се очекува да започне во следните 90 дена. View this post on Instagram A post shared by Ramondo Taylor (@pix.0f.lyfe) Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Георгина во „тесно боди“ на голфСветската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо го заврши настапот на Светско првенство во осминафиналето, по драматичен натпревар и пораз на неговата Португалија од Шпанија во последните минути. Кристијано Роналдо не се појавуваше често во медиумите по Светското првенство, слободното време и летото ги искористи за да им се посвети на својата избраничка Георгина и на децата. Токму Георгина беше таа што преку објави на социјалните мрежи откри како се чувствува Кристијано Роналдо по Светското првенство и по неуспехот да го освои трофејот што му недостигаше во неговата богата кариера. Роналдо и неговата свршеница Георгина предизвикаа вистинска бура на социјалните мрежи по семејната посета на терените за голф во Португалија. Причината поради која сите зборуваат за нивната голф-авантура не беше замавот на Роналдо, туку стајлингот на Георгина, кој многумина го оценија како ексцентричен и несоодветен за традиционалниот кодекс на облекување во овој спорт. Георгина на својот профил на Инстаграм објави фотографии од теренот на кои носи тесен розов „кроп-топ“ и многу тесен шорц. Од фотографиите се гледа дека Кристијано Роналдо и Георгина уживале на терените со децата, каде што се испробале на делот за вежбање на прецизни удари („putting green“) и на просторот за вежбање удари, по што го продолжиле одморот на плажа и во својата вила во Португалија. Кристијано Роналдо моментално го поминува слободното време и се одмора во својата татковина пред почетокот на клупските подготовки со Ал Наср за новата сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook