Барселона конечно се ослободи од играчот за кого велеа дека им е огромен проблем - Канал 5

Барселона конечно се ослободи од играчот за кого велеа дека им е огромен проблем

Самуел Умтити (29) го раскина договорот со Барселона, соопшти шпанскиот гигант.

Барселона конечно се ослободи од играчот за кого велеа дека им е огромен проблем

Каталонскиот клуб долго време се обидуваше да се ослободи од него бидејќи договорот му важеше уште три години и имаше голема плата, а Барселона која не сметаше на него мора да ги намали издвојувањата за плати поради тешката финансиска состојба.

Иако деталите за раскинувањето на договорот не се објавени, каталонски „Спорт“ смета дека Умтити одлучил на Барселона да ѝ ја прости целата или дел од платата што требаше да ја добива во следните три сезони. Наводно се работи за околу 20 милиони евра годишно. Иако тренерот Чави Ернандез не сметал на него, Умтити наводно бил еден од најплатените играчи на Барселона, пишуваат каталонските медиуми.

Да потсетиме, Умтити минатата сезона ја мина на позајмица во италијански Лече, каде по неколку години одигра одлична сезона. Тој дојде во Барселона во 2016 година за 25 милиони евра од Лион. Вкупно за шпанскиот шампион забележа 133 настапи, но често го мачеа повреди поради кои паѓаше од форма, односно никогаш не можеше да дојде во совршена состојба.

Според Transfermarkt неговата вредност е четири милиони евра. Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, но се зборуваше за враќање во Лион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!

Естонскиот кошаркар Кер Криса призна вина за измама со која на жртвите им била нанесена штета во износ од 750 илјади до 2 милиони долари, за што може да добие затворска казна од две години.

Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!

Со признавањето на вината, Кер Криса избегнува построга казна, но се соочува со затворска казна поради измама во вредност од 750.000 до 2 милиони долари.

Поранешниот играч на Жалгирис и Бамберг беше уапсен од ФБИ во јули. Иако првично се изјасни како невин – што носеше ризик од драстична казна од неколку децении затвор – 25-годишниот кошаркар сепак денеска го промени своето изјаснување.

Со признавањето на вината, тој успеал да избегне драстично построга казна, па според „Атлетика“, се очекува да добие затворска казна од околу две години.

Конечната пресуда ќе му биде изречена на 22 декември. Тој настапуваше за естонската репрезентација на Евробаскет 2022, каде што на пет натпревари оствари просек од 10,8 поени, 5,8 асистенции и 1,8 скока. Потоа се пресели во НЦАА, каде што играше за Аризона, Западна Вирџинија, Кентаки и Синсинати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск живее во куѓа од само 50 000 долари, која изгледа како скромна викендичка

Куќата на Илон Маск изгледа како скромна викендичка: Најбогатиот човек на светот не знае што поседува, а еве каде живее.

Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск  живее во куѓа од само 50 000 долари, која изгледа како скромна викендичка

Неговото богатство се мери во стотици милијарди долари, но домот што го избрал нема речиси ништо заедничко со типичните вили на милијардерите.

Илон Маск, чие богатство се проценува на 839 милијарди долари, тврди дека поголемиот дел од времето го поминува во куќа вредна околу 50.000 долари во Бока Чика, која ја изнајмува од „SpaceX“.

Овој скромен приземен дом има три спални соби, бидејќи Маск ја претворил гаражата во дополнителна соба, а покрај неа ја користи „Casita“ од компанијата „Boxabl“ како куќа за гости.

Илон Маск со години ја носи титулата еден од најбогатите луѓе на планетата, а според годишната листа на милијардери на „Форбс“ за 2026 година, неговото богатство се проценува на неверојатни 839 милијарди долари. Сепак, кога станува збор за домот каде што тој тврди дека го поминува поголемиот дел од своето време, сликата е сосема поинаква од раскошот што вообичаено се поврзува со милијардери од негов калибар.

Наместо огромна вила со базени, приватни кина и десетици соби, Маск своевремено откри дека неговото главно живеалиште е скромна куќа во Бока Чика, односно во областа Старбејс во Тексас, која ја изнајмува од „Спејс-икс“ (SpaceX).

- Мојата главна куќа е буквално куќа од 50.000 долари во Бока Чика/Старбејс, која ја изнајмувам од SpaceX. Но, навистина е одлична – напиша Маск на социјалната мрежа X.

Тој ја претвори гаражата во трета спална соба.

Куќата се наоѓа во близина на комплексот на SpaceX и однадвор воопшто не личи на дом на еден од најбогатите луѓе во светот.

Станува збор за едноставен приземен објект во светла боја, кој Маск го користи како база додека престојува во Тексас.

За време на гостувањето во подкастот „Full Send“, тој изјави дека куќата првично имала две спални соби, но дека со текот на времето го променил распоредот на просторот.

- Технички, тоа е куќа со три спални соби. Претходно имаше две, но јас ја претворив гаражата во трета спална соба – рече Маск.

Покрај главната куќа, Маск поседува и монтажен објект од компанијата „Боксабл“ (Boxabl), кој го користи како куќа за гости. Станува збор за моделот „Касита“ (Casita), кој во времето кога Маск го набавил чинел околу 50.000 долари и имал површина од приближно 35 квадратни метри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најопасната закана од Америка за Украина досега

Администрацијата на Доналд Трамп ги предупреди Украина и европските сојузници дека САД би можеле да ја прекинат размената на разузнавачки податоци и европската набавка на американско оружје за Украина.

Најопасната закана од Америка за Украина досега

Условот е Киев да престане со нападите со оружје со долг дострел врз руските енергетски постројки. Двајца европски претставници ја потврдија оваа информација за Си-ен-ен (CNN).

За време на викендот, Стејт департментот и Пентагон упатија предупредувања до украинските и европските претставници, додека американската војска директно стапила во контакт со командантите во Украина.

Друг извор запознаен со ситуацијата потврди дека САД се заканиле оти ќе ја прекинат размената на разузнавачки податоци. „Фајненшл тајмс“ прв објави за заканите за прекин на соработката и на набавката на оружје.

„Му се јавуваат на Киев... Им се јавуваат на сите во Европа“, изјави еден од функционерите што примиле повик од Министерството за одбрана на САД.

Заканите доаѓаат во момент кога претседателот Доналд Трамп е крајно незадоволен од украинскиот претседател Володимир Зеленски поради нападите врз руските рафинерии.

Трамп долго време смета дека војната меѓу Украина и Русија е причина за растот на цените на дизелот на светскиот пазар и бара од двете страни да ги прекинат нападите врз енергетските капацитети. Кон високите цени придонесе и конфликтот на САД со Иран.

Еден европски функционер изјави за Си-Ен-Ен дека споделувањето разузнавачки информации и набавката на оружје се „клучни“ за Украина. Тој ја опиша заканата како „тажен ден“ за Киев и неговите сојузници. Доколку заканите од САД се остварат, последиците по украинската одбрана би биле моментални.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер