Барселона ја потврди продажбата на Артур Мело

Бразилскиот играч од средниот ред, Артур Мело, следната сезона ќе игра за Јувентус.

Неговиот сегашен клуб Барселона го потврди трансферот. Италијанците ќе платат 72 милиони евра плус 10 милиони бонуси.

Артур ќе остане во Каталонија до крајот на оваа сезона по што ќе замине во Торино. Тој им го објави ова на своите соиграчи на денешниот тренинг.

23-годишниот Бразилец пристигна во Барселона во 2018 година од „Греми“ и досега има одиграно 72 натпревари - 47 во првенството, десет во Купот, 13 во Лигата на шампионите и еден во Суперкупот. Тој постигнал четири гола.

Трансферот на Миралем Пјаниќ, кој треба да го замени Артур, сè уште не е потврден.

МВР: Над 80 санкции за еден час во Кочани и Виница

Над 14.000 за помалку од месец во државата.

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кочани и Виница, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Кочани.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за помалку од месец дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 14.000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената,нерегистрирани возила, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски. Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кочани и Виница да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Кочани и Виница се изречени над 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кочани и Виница ќе бидат презентирани утре, стои во соопштението од МВР.

Од 1 јануари 2021, се воведува даночна стапка од 10% за угостителските објекти

Од 1 јануари 2021, се намалува   даночна стапка од 10% за продавањето храна и пијалаци во угостителските објекти и за кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци, одлучи владата на синоќешната седница.

Исто така од 1 јануари ќе има и повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги .

Владата синоќа го утврди и предлогот за закон за изменување и дополнување на законот за данокот на додадена вредност, кој исто така како и предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите е дел од пакетот 4 за справување со економската криза предизвикана од Ковид-19.

Владата утврди и предлог-закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана Ковид-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020.

„Само Интервју“ вечерва со Бујар Османи

Во вечерашното „Само Интервју“ ќе гостува Бујар Османи 

Почитувани сограѓани, дали во декември ќе се оставри сонот за почеток на преговори со ЕУ или ќе паднеме во уште една колективна депресија, вечерва во Само Интервју, Гоце Михајлоски одговори ќе бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи.

По европски или по балкански „терк“ Бугарите го напишаа меморандумот до земјите на ЕУ?

Тајни „алатки“ или прикриен „патоказ“ кон ЕУ, зошто Заев е толкав оптимист, кога Борисов во најмала рака е резервиран?

Како да не бидеме дел од предизборниот политички дискурс на Бугарија, дали толкава количина полтичко „трпение“ полека ни ја „витка“ кичмата или поскоро ќе не однесе во ЕУ?

"Pse jo" нема премиер Албанец - дали желбата да се остане на власт беше посилна од принципите? За бурната политичка и ковид есен, вечерва во Само Интервју со Бујар Османи, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер