ФудбалБарселона има намера да го купи Рашфорд од Манчестер јунајтедБарселона е заинтересирана да го потпише напаѓачот Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, објави „The Sun“.Дваесет и седумгодишниот Англичанец дојде во каталонскиот клуб на позајмица во јуни 2025 година до крајот на сезоната. „Блауграната“ ќе мора да плати околу 29 милиони евра како фиксна такса за играчот, со дополнителни седум милиони евра. Рашфорд има 10 настапи за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи три гола и пет асистенции. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 40 милиони евра. /МИАТагови: БАРСЕЛОНА Манчестер Јунајтед Рашфорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
СветСерија земјотреси на островот Вануату во Тихиот Океан Серија земјотреси, со јачина од 4,8 до 6,0 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија островската држава Вануату во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на отворено море, на длабочина од десет километри и на 523 километри од главниот град на Вануату, Порт Вила. Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзбори во Израел, двата политички блока се изедначени во КнесетотИзлезните анкети од парламентарните избори во Израел покажуваат неизвесен исход.Ниту Бенјамин Нетанјаху ниту Гади Ајзенкот засега немаат јасно мнозинство.Според првичните процени, двата политички блока се речиси изедначени во парламентот. Арапските партии се очекува да освојат од 18 до 19 пратенички места.Нивната поддршка може да биде клучна за формирање на новата влада.Излезноста беше рекордна достигна 77,7 проценти, највисока од изборите во 1999 година. Нетанјаху повика на формирање силна десничарска национална влада.Ајзенкот, пак, најави формирање влада што ќе ги претставува сите граѓани.конечните резултати ќе зависат и од пребројувањето на преостанатите гласови. По објавувањето на резултатите, претседателот ќе го задолжи кандидатот за кој смета дека може да формира коалиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter