Јаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна
СДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?
1Јаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна
2СДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
1Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
ФудбалБарселона и без Рафиња во утрешното Ел КласикоШпанскиот фудбалски шампион барселона, ќе влезе во неделното Ел Класико и без Бразилецот, Рафиња. Репрезенативецот на Бразил еден од клучните играчи на Барса во ерата на Флик, нема да се опорави на време за гостувањето во Мадрид, потврди помошникот Маркус Сорг, кој ќе го води тимот од клупата поради суспензијата на Флик. „Секој тим би сакал да го има Рафиња на теренот, но ситуацијата е таква каква што е... Тој е сè уште повреден. Од друга страна, постои можност Феран Торес да биде подготвен за натпреварот“, рече Сорг, продолжувајќи: „Чест ми е што сум на клупата, иако отсуството на Флик е голем недостаток. Очекувам да ја покажеме нашата сила, што првенствено се однесува на висок притисок. Ако сакаме добар резултат, ќе ни треба Ламин Јамал во најдобра форма. Овие натпревари секогаш се 50-50, никогаш не знаете што ве чека на Бернабеу, но ние ќе бидеме подготвени. Разговаравме за противниците, нашите дефанзивци се подготвени за Винисиус и Мбапе.“ Рафиња е надвор од терените поради проблем со десниот квадрицепс од крајот на септември и дуелот со Реал Овиедо. Иако првично се очекуваше да отсуствува две до три недели, неговата рехабилитација е продолжена, а нова повреда на последниот тренинг го исклучи од Ел Класико. Каталонскиот великан на дербито во Мадрид ќе биде и без голманите Тер Штеген и Жоан Гарсија, како и Дани Олмо, Гави и Левандовски. Кунде е под знак прашалник, но е поверојатно дека ќе игра отколку да го пропушти натпреварот. Од позитивна страна, централниот бек Кристенсен и играчот од средниот ред Френки де Јонг се опоравија од вирусот, се вратија во полна форма и се во конкуренција за почетниот состав.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикаснаВрсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот панел за родители и старатели на ученици на тема врсничко насилство, што денес се одржа во Домот на културата „11 Октомври“ во општина Гази Баба. „Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат, наместо да му помогнат и да го заштитат. Ова насилство е аларм за целото општество. Тоа е плод на недостиг на воспитна врска меѓу родителите и децата“, рече Јаневска, додавајќи дека без ангажирање на родителите, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство е неефикасна. Министерката посочи дека токму затоа, на национално ниво се иницирани директни средби со родителите на децата и наставниците, каква што е денешната. Целта е отворено да се предочат проблемите, да се слушнат предизвиците со кои се соочуваат семејствата и училиштата, како и да се разменат идеи и иницијативи за заедничко делување против врсничкото насилство. Најави одлучност во справување со злото што возрасните им го наметнуваат на децата и ригорозен системски одговор. „Одговорност мора да има и за родителите. Разговарав со министерот за внатрешни работи, ќе следат санкции за сите инволвирани и за нивните родители. Најчест причинител на врсничко насилство е семејното насилство и занемарувањето на децата“. Во моментов, во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште. Министерството за образование и наука минатата година подготви и реализираше сет мерки за справување со врсничкото насилство. Со законски измени ги задолжи училиштата во годишните програми за работа да предвидат активности за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба, спречување дискриминација, подобрување на комуникацијата и слично. Беа изработени прирачници за наставници за справување со врсничко физичко насилство во училишта и за пријавување на сајбер насилство. Стручните служби во училиштата беа зајакнати со ангажирање на кадар онаму каде недостигаше, и беа вратени дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и во училишните дворови. Средбите со родителите ќе продолжат, а продолжуваат и обуките за стручните соработници за препознавање на семејно насилство преку однесувањето на децата на училиште и за спречување на понатамошно трансформирање во врсничко. Досега се реализирани обуки за стручни соработници од 30-тина општини во Македонија, во соработка со Комората на психолози, МВР и Министерството за социјална политика. Министерство за образование и наукаТагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“.Прашуваме: За кои реформи? За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува? За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија? Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда? Македонија е во опасност да остане надвор од седумгодишниот план на ЕУ поради неисполнување на реформите. А министерката зборува за „најголеми средства“ и за тоа дека Македонија е меѓу реформските лидери. За споредба: Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, а Македонија ќе добие 65,7 милиони евра, од Планот за раст на ЕУ. И тоа е „најмногу“? Дали е тоа истата министерка која пред неколку месеци изјави дека „пола Европа ќе банкротира“, а Македонија ќе процвета? Истата која тврди дека сме „трета економија во Европа“, а немаме пари ни за зголемување на минималната плата? Изгледа дека Мицкоски со своите лаги ги зарази и своите министри. Или можеби и тие почнаа да му веруваат. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Други спортовиМакедонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадетиМакедонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети и 8. ЕТКФ Европски куп за деца, кои ќе се одржат од 3 до 5 јули во Софија, Бугарија. Македонската репрезентација е составена од 30 натпреварувачи, кои ќе настапат во сите возрасни категории. Репрезентацијата ќе ја предводат тренерите Дејан Недев и Аљоша Недев, кои воедно ќе ја извршуваат и функцијата на судии на натпреварите. Во сабота на програмата се натпреварите за деца, додека во недела ќе настапат сениорите, јуниорите и кадетите. Европското првенство ќе се одржи во Овергас Арена во Софија. Македонска традиционална карате федерација (МТКФ)Тагови: карате Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook