2Кузеска: Виновните за Алта банка седат во Владата – истрага за Мицкоски, Славески и Кочовска веднаш!
Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
1Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
ФудбалБарселона е во преговори со Де Јонг за нов договорСпортскиот директор на Барселона, Деко, се надева на продолжување на договорот со играчот од средниот ред Френки де Јонг.- Во преговори сме со Френки. Уверен сум дека ќе постигнеме договор. Тој е важен фудбалер за нас. Мислам дека е среќен во Барселона, а и ние сме среќни со него.Значи, не мислам дека ќе има никакви проблеми, изјави Деко за француските медиуми. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец има тековен договор до летото 2026 година. Тој одигра три натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Тагови: БАРСЕЛОНА Френки де Јонг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресијаСпоред новото истражување на австралиски научници, приближно еден од четири случаи на депресија е поврзан со нарушувања во циклусот на спиење и будност.Станува збор за таканаречениот „циркадијален подтип“ на депресија, кој е поврзан со внатрешниот биолошки часовник кај луѓето. Истражувачите анализирале податоци од над 10.000 пациенти и откриле дека кај околу 25 отсто од нив се јавува облик на депресија поврзан со нивниот биолошки часовник. Многу од овие пациенти си легнуваат доцна и следниот ден се чувствуваат исклучително уморни, иако често спијат подолго од вообичаеното. Поизразени симптоми и поголем ризик од други болести „Кај лицата со циркадијална депресија, состојбата почесто се појавува во порана возраст и се манифестира со поизразени симптоми“, наведуваат од Универзитетот во Сиднеј. Како посебно загрижувачки се издвојуваат појавата на манични епизоди и поголемата застапеност на суицидни мисли. Студијата исто така покажа дека овие лица се поподложни на развој на кардиоваскуларни болести и почесто покажуваат знаци на невролошки состојби, како што е АДХД (нарушување на вниманието со хиперактивност). Врз основа на овие наоди, научниците сугерираат дека за оваа група пациенти треба да се разгледаат нови пристапи во лекувањето. „Депресијата не е единствена, униформна болест; разбирањето на карактеристиките на нејзините различни подтипови ни овозможува на луѓето порано да им овозможиме пристап до терапиите што ќе бидат најефективни за нив“, изјави Емилијана Тонини од Центарот за мозок и ум при Универзитетот во Сиднеј. Светлосната терапија и мелатонинот би можеле да помогнат Во труд објавен во списанието „British Journal of Psychiatry“, истражувачите истакнуваат дека депресијата е состојба која може да се манифестира на различни начини и дека пациентите различно реагираат на третманот. Наодите сугерираат дека лековите што делуваат на серотонинскиот систем – кои често им се препишуваат на лицата со депресија – можеби не се најсоодветниот избор за пациентите со циркадијален подтип на ова нарушување. „Бидејќи циркадијалната депресија е поврзана со внатрешниот биолошки часовник на поединецот, терапиите насочени кон регулирање на циркадијалниот ритам – како што се светлосната терапија и мелатонинот – би можеле да бидат многу посоодветни“, изјави Џејкоб Краус, истражувач во Центарот за мозок и ум при Универзитетот во Сиднеј.Тагови: депресија Сон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СветКина донесе нов закон за Антарктикот, со цел заштита на своите интересиКина донесе закон со кој се заоструваат прописите за нејзините активности на Антарктикот и се воведува подетално уредување на истражувањата на овој континент.Слично како и Соединетите Држави, Кина го проширува своето присуство на Антарктикот и на Арктикот, со цел истражување на поларните ресурси. Според „Ројтерс“, официјалната цел на законот е да ги поттикне кинеските научни истражувања, истовремено штитејќи ја безбедноста на националните операции, имотот и другите интереси на Кина на Антарктикот. Законот наложува за време на кинеските операции да се заштитат флората и фауната, отпадот соодветно да се отстранува, а загадувањето на морето да се спречува. Исто така, се бара избегнување или ублажување на штетните влијанија врз животната средина. Издавањето дозволи за кинески истражувања, туризам, пловидба и други активности ќе зависи од исполнувањето на низа критериуми поврзани со животната средина, безбедноста и други аспекти. Станица за следење на атмосферата Во изминатите две години, Кина управува со станица за следење на атмосферата на Антарктикот. Овој објект служи за следење на промените во животната средина и дава придонес кон глобалниот одговор на климатските промени. Кина е потписничка на Договорот за Антарктикот, со кој континентот е дефиниран како научен резерват отворен за истражувања, при што се забранети воени активности. Таа е исто така страна потписничка на Протоколот за заштита на животната средина од 1991 година, со кој се воведува 50-годишна забрана за рударство и истражување на нафта. Извор: Индекс.хрТагови: Антарктикот Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: Виновните за Алта банка седат во Владата – истрага за Мицкоски, Славески и Кочовска веднаш!Овде, зад мене, во Владата се главните виновници кои дозволија Алта банка да влезе во Македонија, со сомнителен капитал.СДСМ уште пред една година предупреди за Алта банка, дека е про-режимска банка создадена од криминалните кланови и перланица на пари на Вучиќ. Сега народот пати и не може да дојде до своите пари. А овие во владата лажат, си ја префрлаат одговорноста за да се спасат и пробуваат да го заташкаат скандалот. Трајко Славевски вели имало консултации Кочовска вели немало и не била информирана. Штом зинат лажат. Еве го записникот од седница на Владата од 23 септември 2025 година. На предлог на Кочовска Владата на Мицкоски носела Заклучоци за преземање акции од страна на Алта Банка АД Белград на 16 јавни институции. Мицкоски и Славевски ја внесоа Алта банка во Македонија, со сомнителен капитал, која сега е под стечеј, без лиценца и под истрага за криминал. А Владата на Мицкоски, на истиот Давор Мацура му овозможила да се стекне со поголем пакет акции на сметка на државата. Внимавајте, акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка! Денеска луѓето не можат да си дојдат до своите пари. Редици, гужви, нервозни граѓани, неизвесност. За ова мора да има одговорност! Сега тие што ги носеа штетните одлуки, што овозможија влез на Алта банка најавуваат продажба на нов сопственик. Целта е да се заташка работата, да не се открие криминалот. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под и под сомнеж за потеклото на капиталот? Власта врши притисок врз потенцијални купувачи, на една странска а од пред некој ден и на една домашна банка. Бараме, ОЈО да не чека и да не се правда дека има време. Нема време, се касни 11 месеци. Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочовска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter