ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД?
1ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД?
3СДСМ: Ниту остваки ниту разрешувања на Стоилковиќ и Китановиќ – Мицкоски потврди дека Младиќ е и негов генерал
Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
1Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
ФудбалБарселона двапати по ред загуби во Ла Лига за прв пат од 2021 годинаБарселона претрпе два порази во низа. Избраниците на Чави синоќа на гости загубија од Ваљадолид со 3:1 во 36. коло од Ла Лига. Минатото коло беше поразена од Реал Сосиедад со 2:1.Каталонците претрпеа два пораза во низа во шампионатот на Шпанија за прв пат од октомври 2021 година. Тогаш тие беа поразени од Реал и Рајо Ваљекано. Во преостанатите два натпревара оваа сезона во Ла Лига, Барселона ќе се соочи со Мајорка и Селта Виго. Каталонскиот фудбалски великан ја има обезбедено шампионската титула. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВеликанот во фудбалот Меси најави дека се повлекува од фудбалотАргентинскиот великан Лионел Меси го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал. Тој ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година.Меси постигна 125 гола во 207 настапи за аргентинската репрезентација, што го прави најдобар стрелец на сите времиња и фудбалер со најмногу настапи за репрезентацијата на Аргентина, пишува „Би-Би-Си“. Во изјава Меси рече дека дал сѐ за националниот фудбалски тим, но сега „нема што повеќе да даде“. Осумкратниот освојувач на наградата „Златната топка“ рече дека ја напишал својата порака за пензионирање на 21 јули, два дена откако Аргентина загуби од Шпанија во финалето на годинашното светско првенство. Неговата кариера ќе продолжи на клупско ниво со тимот од американската лига Интер Мајами, каде што има договор што важи до крајот на сезоната во 2028 година.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД?СДС хистерична само декларативно е прозападно ориентирана партија, затоа во пракса се покажува дека е на линија на Кина и против САД.Тоа се гледа во нивното делување, лажењето, заплашувањето и хистерија која ја креираат во државата за да се спротивстават на можноста во Македонија да се градат дата центри и да се развива ИТ индустријата. Изговорите им се дека со тоа ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија, ќе се зголеми цената на струјата и дека ќе се загрозела водата за пиење. Која случајност, истите овие тези, како што известуваат американски медиуми, ги користат кинески ботови по социјалните мрежи во САД со цел да ги свртат Американците против изградбата на дата центри и системи за вештачка интелигенција. На нас не ни требаат кинески ботови, за тоа го имаме талогот на СДС на чело со Венко Филипче кои се на иста линија со Кина, против нашиот стратешки партнер САД и против развојот на нашата држава. Кампањата на Кина преку ботови на социјалните мрежи, со цел во Америка да се спречи дополнителен развој на вештачката интелигенција и дата центрите е затоа што тие им се најголема конкуренција. Но, тоа што не е јасно која е целта и интересот на талогот на СДС за истото да го прават во Македонија и оттука да делуваат против нашиот стратешки партнер. Дали СДС повеќе би сакале во држава да инвестираат кинески компании отколку напредни ИТ компании од САД? Или пак СДС единствено што знае е развој на марихуана економија за свои клановски интереси, нешто што го видовме за седум години власт кога доделија околу 70 лиценци за производство на марихуана на нивни луѓе. Македонија мора да развива и да обезбедува напредни и добро платени работни места, преку инвестиции во вештачката интелигенција и ИТ секторот, затоа што тоа е иднината и во таа насока се движи светот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
ЖивотОд Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс„Не дозволувајте туѓите ограничувања да станат ваши“ – Мартина Димоска за Канал 5 открива како детската љубопитност ја однела до аналогните мисии, „NASA“ и проектите за идното истражување на Месечината и Марс.Од детската соба во Кичево, украсена со ѕвезди и планети, до работата во „NASA Johnson Space Center“ во Хјустон – патот на Мартина Димоска е приказна за љубопитност, истрајност и верба дека и навидум невозможните соништа можат да станат реалност. Македонката која има учествувано во четири аналогни вселенски мисии во САД, Полска и Шпанија, а командувала и со мисиите „SELENE“ и „TERRA NOVA“, денес работи на човековите системи поврзани со идните мисии „од Месечината до Марс“. Во ексклузивното интервју за Канал 5, Димоска зборува за тоа како започнала нејзината фасцинација со вселената, што навистина значи да се биде аналоген астронаут, како изгледа животот во изолирано живеалиште со ограничени ресурси и зошто психолошката подготовка ќе биде една од најголемите предизвици за идните мисии кон Марс. „Не дозволувајте туѓите ограничувања да станат ваши“ Димоска вели дека нејзиниот интерес за вселената започнал уште во детството. Љубопитноста и желбата да разбере како функционираат нештата постепено ја насочиле кон инженерството, а ѕвездите и планетите кои нејзината мајка ѝ ги лепела по ѕидовите во детската соба дополнително ја поттикнале фасцинацијата со вселената. Особено важно влијание имала и нејзината желба да наоѓа решенија за проблемите со кои се соочувала нејзината сестра. Денес, токму тоа го препознава како почеток на нејзината љубов кон инженерството – да се забележи проблем и да се најде решение. „Имав сестра со посебни потреби и уште од најмала возраст сакав подобро да ја разберам нејзината состојба, што ѝ е потребно и како можам да ѝ помогнам. Сакав да најдам начини, дури и преку најмали и најкреативни решенија, да ѝ го направам секојдневието полесно. Тогаш можеби не го знаев тоа, но денес сфаќам дека токму таму започна мојата љубов кон решавањето проблеми. За мене инженерството е токму тоа, да увидиш проблем и да креираш некакво решение што би го решило истиот.“ Во еден момент, вели таа, одлучила да „оди all in“ и да ризикува за својот сон, иако не знаела каде точно ќе ја одведе тој пат. „Во еден момент сфатив нешто многу лично - сакав да живеам живот кој ќе биде исполнет со смисла и цел. Сакав да бидам некаде каде што навистина можам да придонесам, да променам нешто и моето знаење и труд да имаат значење - нешто што може да им помогне на луѓето, да придонесе кон иднината и постојано да ги поместува границите на она што го сметаме за возможно. Тогаш решив да одам „all in“. Бев подготвена да ризикувам сè за да го остварам тој сон. Не знаев каде точно ќе ме одведе тој пат, ниту дали ќе успеам, но знаев дека не сакам еден ден да се прашувам: ‘што ако се обидев?’. Иако долго време изгледаше дека сите шанси се против мене, продолжив да верувам во себе, да работам напорно и чекор по чекор да одам напред. Денес, кога ќе погледнам назад, сфаќам дека токму истрајноста, вербата и подготвеноста да не се откажам ме донесоа до местото на кое сум денес.“ Што значи да се биде аналоген астронаут? За Димоска, аналогните мисии се еден вид генерална проба за идните вселенски мисии. Наместо виртуелна симулација, аналогните астронаути престојуваат во реални живеалишта и средини кои се дизајнирани да реплицираат дел од условите што би ги очекувале астронаутите на Месечината или Марс. Се тестираат технологии, процедури и научни експерименти, но истовремено се тестира и човекот – неговата способност да функционира во изолација, ограничен простор, со ограничени ресурси, замор и стрес. „Тоа е искуство многу поблиску до вселенската реалност отколку што луѓето можеби замислуваат. Не станува збор само за тоа да облечете костум и да се чувствувате како астронаут. Станува збор за одговорност, дисциплина, доверба и способност да функционирате како дел од екипаж дури и кога сте уморни, под притисок или во непозната ситуација. На некој начин, аналогните мисии ни овозможуваат денес, на Земјата, да ги откриеме проблемите и да ги научиме лекциите што еден ден ќе бидат клучни за безбедноста и успехот на вистинските мисии кон Месечината и Марс.“ Димоска објаснува дека во вселената не постои простор за непроверени технологии, бидејќи грешките можат да бидат исклучително скапи и опасни. Затоа, она што може да се погреши и поправи на Земјата, подобро е да се направи пред технологијата да биде испратена во вселената. Четири мисии и искуство што не се заборава Во својата кариера Димоска учествувала во четири аналогни мисии – „UND ILMAH-14“, „SELENE“, „APICES“ и „TERRA NOVA“. За Мартина, сите овие искуства имаат една заедничка нишка – подготовката, дисциплината и способноста да остане смирена во предизвикувачки услови. Таа има поминато бројни обуки и курсеви, меѓу кои и „NASTAR Wings“, „Austrian Space Forum Mission Training“ и „NAUI“ сертификат за нуркање. Нејзиното образование во областа на вселенските студии, како и практичната работа со технологии и системи за човечки летови, ѝ помогнале да научи да им верува на процедурите, да ги познава сопствените ограничувања и да носи рационални одлуки дури и во тешки услови. Особено впечатлива за неа била последната мисија, „TERRA NOVA“, каде што имала можност паралелно да спроведува истражување со астронаутката Пеги Витсон во рамки на експериментот „AstroMentalHealth“. Додека астронаутката го спроведувала истражувањето во орбитата, Димоска го правела истото на Земјата. Токму таа директна поврзаност, вели, ѝ покажала колку аналогните мисии можат да бидат значајни за идните вселенски истражувања. „Кога ќе погледнам наназад, најсилниот впечаток не е еден конкретен момент од една мисија, туку целиот процес што стои зад нив – часовите поминати во поставување на тезата, истражувањето, развојот и подготовката на експериментите, дискусиите и градењето партнерства, подготовките за самите мисии, но и сето она што не се гледа однадвор: континуираното вежбање, обуките, повторувањето на процедурите и постојаното надградување. Мојата подготовка за вселенски мисии започна многу пред да влезам во првото аналогно живеалиште. Еден од важните чекори беше „NASTAR Suborbital Spaceflight Training“, каде што за првпат не се подготвував само теоретски за тоа што значи вселенски лет, туку го почувствував и физички. Обуката вклучуваше физиологија на вселенскиот лет, влијанието на забрзувањето и G-силите врз човечкото тело, како и практична работа во „STS-400 High Performance Human Centrifuge“, каде што се симулираат различни фази од летот – од лансирањето и забрзувањето, преку достигнувањето на апогејот, до повторното влегување во атмосферата. Кога ќе го почувствуваш забрзувањето врз сопственото тело, вселенскиот лет одеднаш престанува да биде само нешто што си го читал во книги или гледал на екран.“ Првото македонско знаме што било испратено над Кармановата линија било лансирано на 29 август 2024 година, со мисијата „NS-26“ на „Blue Origin“ и леталото „New Shepard“, преку астронаутот Иман Џахагир. За Мартина Димоска, тоа било многу повеќе од симболичен чин – доказ дека нејзиниот сон може директно и индивидуално да придонесе и дека, исто како и преку аналогните мисии што самостојно ги финансирала, и една мала земја како Македонија може да биде дел од поголемата приказна за истражувањето на вселената. Таа ги издвојува и малите нешта кои можеби за некого изгледаат незначајно, но за неа имаат големо значење. Денес, во „Mission Control“ во Хјустон, се наоѓа и македонска копачка со македонското знаме, благодарение на нејзиниот колега и аналоген астронаут Џошуа Кивијарв. За Димоска, ваквите моменти се доказ дека не е секогаш потребно да се направи нешто огромно за да се остави трага. Понекогаш е доволно да ја понесете својата земја, својата приказна и своите корени со себе и да ги оставите таму каде што никогаш претходно не биле. Затоа, кога ја прашуваат кој момент ѝ останал најмногу во сеќавање, таа вели дека тешко може да издвои само еден. За неа, тоа е целиот мозаик – од првото истражување и поставувањето на тезата, преку долгите часови работа, непроспиените ноќи и вложувањето на сè што има во еден навидум невозможен сон. Во тој пат, особено место имаат и луѓето кои ја поддржувале – искрените пријатели и колеги кои, наместо да ѝ поставуваат сопки или да ѝ кажуваат дека нешто е невозможно, ѝ подале рака и верувале во неа тогаш кога малкумина верувале. Пештери, бункери и живот со ограничени ресурси Една од мисиите се одвивала во пештера во Шпанија, недопрена од надворешниот свет. Екипажот имал ограничени количини вода и храна, без туширање, а во одредени денови оброците биле сведени на итни енергетски плочки. Во Полска, пак, Димоска работела во бункер од Втората светска војна, пренаменет во вселенско живеалиште. Таму немале кафе, чај, шеќер, сол или свежа храна. Токму ваквите ограничувања, објаснува таа, покажуваат колку многу влијаат врз човекот работите што во секојдневието ги земаме здраво за готово. Но најголемиот предизвик не е нужно физичкиот напор. „Најголем е психолошкиот товар што се создава кога повеќе стресори се наталожуваат истовремено“, вели Димоска. Изолацијата, нарушениот сон, монотонијата, заморот, огромниот обем на работа и постојаната потреба за донесување рационални одлуки создаваат комбинација која може сериозно да влијае врз човекот. Затоа, според неа, добриот екипаж е една од најважните компоненти на успешната мисија. Од NASA до идните мисии кон Месечината и Марс Денес Димоска работи како „Program Human Systems Discipline Integrator“ во „NASA Johnson Space Center“ во Хјустон, преку „Leidos“. Нејзината работа е поврзана со човековото здравје, перформанси и интеграција на човековите потреби во системите што ќе се користат во идните вселенски мисии. Тоа вклучува области како вселенските костуми, лунарните возила, пресуризираните ровери, живеалиштата и операциите на површината на Месечината. Поентата, објаснува Димоска, не е само технологијата да функционира. Таа мора да биде безбедна, употреблива и прилагодена на човекот кој ќе треба да живее и работи со неа. И токму технологиите што денес се развиваат за Месечината треба еден ден да помогнат во следниот голем чекор – човечкото истражување на Марс. „Не дозволувајте туѓите ограничувања да станат ваши“ Како порака до младите, особено до оние кои сакаат да се занимаваат со наука, технологија и инженерство, Димоска има едноставна, но силна порака: „Не дозволувајте туѓите ограничувања да станат ваши.“ Таа смета дека младите не треба да се плашат од големи цели само затоа што на другите им изгледаат нереални. Не мора да се знае целиот пат однапред – важно е да се знае насоката и да се направи следниот чекор. Неуспехот, вели таа, не значи дека некој не е доволно добар. Понекогаш значи само дека имал храброст да се обиде со нешто што сè уште не знае како да го направи. А дали еден ден би заминала во вселената? Одговорот е јасен – да, доколку ѝ се укаже можност, би ја прифатила. Но за неа тоа не е само личен сон. Димоска смета дека Македонија треба да почне сериозно да инвестира во сопствената научна и технолошка инфраструктура и да создава услови за развој на вселенски сектор. „Најважно е што ги имаме луѓето, знаењето и искуството со кои тоа може да се изгради“, порачува таа.Тагови: NASA марс Мартина Димоска месечината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27