Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање
2Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање
3ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
СветБарозо: Не се потребни фиксни датуми за проширувањето на ЕУ, туку постепена интеграцијаОдредувањето на фиксни датуми за следното проширување на ЕУ не е најдобра идеја, но Унијата треба да работи на постепена интеграција на земјите кандидати за членство, смета поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо. Коментирајќи ја најавата на актуелниот претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел дадена минатата година во Блед дека следното проширување на ЕУ ќе се случи во 2030 година, Барозо вели дека тој лично не се залага за поставување дефинитивни датуми за овој процес, бидејќи тоа „би можело да создаде разочарување“. - Сега времето е особено важно, посебно поради Украина, бидејќи реалноста е дека не е реално да се има земја во ЕУ која е во воена состојба, вели Барозо во интервју за „Еурактив“. Затоа тој вели дека ја поддржува идејата промовирана од актуелната Европска комисија и некои земји членки на ЕУ за постепена интеграција на кандидати за членство, на тој начин што ќе им се дозволи да учествуваат на некои од состаноците на Советите на Унијата, во нејзините програми и во самите институционални структури на блокот. - Затоа што тоа ќе биде тежок и веројатно долг процес, треба да започнеме што порано да ги интегрираме како што правевме порано, смета Барозо, кој беше претседател на Еврокомисијата од ноември 2004 до октомври 2014 година. Во врска со аргументот против приемот на нови земји во ЕУ дека со тоа би се зголемиле трошоците на актуелните членки, Барозо вели дека оставањето на аспирантите за членство надвор од блокот „секако ќе чини повеќе отколку да се инвестира во проширувањето“. - Дали сме подготвени да платиме за идната нестабилност, охрабрени од можниот успех на Русија во Украина? Дали ќе чини помалку? Прашањето на трошоците треба да се гледа стратешки, а не само на краткорочен сметководствен начин, вели Барозо, додавајќи дека при претходните проширувања проценката била дека предностите од примерот на нови членки, не само политички, туку и економски, се поголеми од трошоците. Затоа, според него, ЕУ треба да инвестира во проширувањето од сите гледни точки. - Понекогаш не се работи само за пари, туку и за внимание, за присуство и за давање совети, а тоа бара нешто повеќе од она што го гледавме досега. Со сета почит кон нив, но тоа не може да го направат само Генералниот директорат (за соседство и преговори за проширување) и ресорниот комесар, треба да се вклучат европските општества како целина, смета Барозо. Врз основа на искуствата од приемот на нови членки во Унијата во текот на неговите два мандати на чело на Еврокомисијата, Барозо вели дека процесите на проширување и на зајакнато интегрирање на ЕУ може да се одвиваат паралелно. - Тогаш беше научена многу важна лекција дека е можно (ЕУ) и да се прошири и повеќе да се интегрира во исто време. Секогаш имаше такви кои велеа - повеќе проширување значи помалку интегрирање. Тоа е целосно неточно, истакнува Барозо. Неколку месеци пред доаѓањето на Барозо на чело на Еврокомисијата, беше спроведено т.н. големо проширување од 1 мај 2004 година, кога во ЕУ беа примени 10 нови членки - Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка со што Унијата се зголеми од 15 на 25 членки, а потоа во текот на неговиот мандат се случија и проширувањата со Бугарија и Романија во 2008 година и со Хрватска во 2013 година. - Тоа беше историски невиден успех на ЕУ, со што се покажа и трансформативниот капацитет на блокот, оцени Барозо, додавајќи дека Европа „не треба да ја изгуби перспективата на она што се случи тогаш“. Тој смета дека најавата на Комисијата формирана во 2014 година по истекот на неговиот втор мандат дека „нема да има ново проширување во следните пет години“, претставувало „огромна грешка“. - Тоа создаде разочарување, фрустрација, па дури и незадоволство и ја игнорираше чувствителноста на тие земји и тие луѓе, истакна Барозо. Поранешниот претседател на ЕК нагласува дека искуствата научени од претходните проширувања се дека ЕУ треба да избегне опстојување на „сиви зони на нестабилност“ во нејзиното соседство, но и да не дозволи отстапување од своите стандарди. Барозо признава дека „постојат проблеми со владеењето на правото“ во некои од земјите кои станаа членки на ЕУ во овој век, но според него „сега им е многу подобро отколку пред да влезат во Европската Унија, кога беа под комунистичка власт. Според Барозо, по овие проширувања со текот на годините за време на неговите мандати ЕУ постигнала поголем напредок во подлабоката интеграција и повисоко ниво на соработка меѓу 27-те земји членки, особено во надворешната политика, отколку во случајот кога Унијата броела 12 членки до средината на 90-те години на минатиот век. Во однос на дебата за реформи на ЕУ пред следното проширување со цел таа да може да функционира со „потенцијално 36 членки“, Барозо смета дека би претставувало уште една „огромна грешка“ ако сега започне фундаментална ревизија на институциите на Унијата поради проширувањето. Тој нагласува дека не го велам ова за да го одбранам Лисабонскиот договор, за кој тој преговараше, туку затоа што за негова промен е потребен консензус на сите земји членки, па ако во во процесот на реформи на ЕУ почнат да се воведуваме други прашања, како на пример проширувањето, може само да се зголемат изговорите за различни спротивставувања. - Ќе има луѓе кои ќе сакаат да го блокираат проширувањето, па ќе користат институционални аргументи. Ќе има луѓе кои ќе сакаат да ги блокираат институционалните реформи, па ќе го користат проширувањето. Не треба да ги мешаме проблемите, смета Барозо. Затоа, според него, Унијата треба да „избегне премногу амбициозни реформи“ и да се посвети само да ги спроведе оние кои се „строго неопходни за проширувањето“. - Бев претседател на Комисија со 28 членови и сите студии и сите мислења покажаа дека нашата Комисија ги носеше одлуките поефективно и побрзо од претходните помалобројни комисии, изјави Барозо. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб со врвна уметничка вечерПреполна сала, голем интерес за изложбата за Мајка Тереза и овации за Лазаревски и Стојчески.Големиот интерес на хрватската публика, одличниот прием на изложбата на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ и овациите за извонредниот музички настап на Владимир Лазаревски и Александар Стојчески ја одбележаа најновата културна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб. Пред преполна сала и бројна публика, македонскиот КИЦ во Загреб организираше настан на кој беа обединети две значајни уметнички содржини: изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, подготвена од НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, и концертот камерното дуо Александар Стојчески (виола) и Владимир Лазаревски (обоа), со специјалното гостување на реномираната пијанистка Нина Костова. На почетокот на настанот се обратија амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, Н. Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и директорката на НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, Соња Кузмановска. Меѓу присутните беа бројни љубители на уметноста и културата, високи претставници на државни и локални институции во Загреб, членови на дипломатскиот кор, сестри на милосрдието, претставници на верските заедници и други гости. Разновидниот состав на публиката и големиот одѕив уште еднаш го потврдија значењето на културните настани како простор за дијалог, меѓусебно запознавање и продлабочување на македонско-хрватските културни врски. Посебно внимание привлече изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, реализирана од Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ од Скопје. Преку четириесетина внимателно одбрани архивски фотографии и документи, поставката претстави значајни моменти од животниот пат на Мајка Тереза, ставајќи посебен акцент на нејзината поврзаност со Загреб. Со спојот на традиционалната музејска презентација и современите дигитални можности, изложбата им овозможи на посетителите да се запознаат со помалку познати детали од животот на големата хуманитарка. Авторка на изложбата е вишата кустоска Цветанка Вучковска Митовска. Загреб зазема посебно место во животната приказна на Мајка Тереза. Токму од овој град, во 1928 година, младата Агнес Гонџа Бојаџиу го продолжила својот пат кон Ирска, каде што го започнала својот монашки живот. Особено е интересно што токму во Загреб е направен и нејзиниот последен фотографски портрет како Гонџа, пред да тргне по патот што ќе ја одведе во Индија и ќе ја направи една од најпрепознатливите хуманитарки во светот. Силен уметнички впечаток остави и концертот на камерното дуо Александар Стојчески и Владимир Лазаревски. Нивната виртуозност, музичка зрелост и впечатлива интерпретација на програмата беа наградени со долготрајни аплаузи и овации од публиката. Концертната вечер доби дополнителна уметничка димензија со настапот на реномираната пијанистка Нина Костова. Со исклучителниот прием на изложбата и концертот, оваа културна вечер прерасна во настан што ги надмина рамките на вообичаената уметничка презентација. Обединети во една целина, изложбата и музичкиот настап воспоставија посебен дијалог меѓу културното наследство, уметничкото изразување и универзалните човечки вредности. Во центарот на таа средба се најдоа хуманоста, љубовта и солидарноста – вредности што не познаваат национални и јазични граници и што на оваа вечер ѝ дадоа пошироко, трајно значење. Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, поддржан од Министерството за култура и туризам, а неговата успешна реализација е уште една потврда за посветеноста и професионалниот ангажман на македонскиот КИЦ во Загреб во промоцијата и афирмацијата на македонското културно творештво. Со внимателно осмислени програми и содржини со високи уметнички вредности, македонскиот КИЦ во Загреб ја претставува македонската култура пред хрватската јавност, истовремено создавајќи нови можности за културна соработка и поврзување. Ваквите настани ја потврдуваат значајната улога на културната дипломатија во поттикнувањето на меѓусебното зближување и разбирање, преку уметноста, заедничките вредности и непосредната комуникација.Тагови: Загреб КИЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНеуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирањеЗемјите не успеаја да постигнат нов голем договор за справување со климатските промени на климатската конференција COP31 во Турција. Преговорите, кои требаше да завршат во петокот, продолжија до вчера и станаа најдолгата климатска конференција на он досега. Главната причина за неуспехот се длабоките поделби околу употребата на фосилните горива и финансирањето на климатските мерки. Европската унија и островските држави од пацификот го отфрлија конечниот договор бидејќи во него директно не се споменуваат фосилните горива. Посиромашните земји, пак, реагираа на отсуството на конкретни финансиски обврски од побогатите држави. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабоко разочарување од исходот на преговорите. Тој ги обвини моќните нафтени интереси дека ја искривуваат науката и го попречуваат преземањето мерки против климатските промени. Австралискиот премиер Ентони Албанезе неуспехот го оправда со тешките геополитички околности.Земјите производители на нафта се спротивставија на споменувањето на фосилните горива во договорот, со што преговорите завршија без конкретен напредок.Тагови: COP31 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборавиВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР. Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично. Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци. Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени. Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter