НБАБарнс го поддржа Ембид во конфликтот со новинар: Понекогаш насилството е одговоротПоранешниот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Мет Барнс му даде поддршка на играчот на Филаделфија, Џоел Ембид во неговиот конфликт со новинар.На социјалните мрежи Барнс објави со своја претходна реплика: „Насилството никогаш не треба да биде одговор, но понекогаш сè уште е. Понекогаш е така 🤷♂️“, напиша поранешниот кошаркар. Ѕвездата на Сиксерс, пред два дена физички нападнал новинар по поразот од Мемфис. Инцидентот се случил во Филаделфија кога Ембид и новинарот Маркус Хејс поради напишан текст најпрвин влегле во вербален конфликт, а потоа кошаркарот го турнал. НБА отвори истрага за инцидентот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
МакедонијаКривична пријава против поранешен градоначалник на Дебрца за „несовесно работење во службата“СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување, односно без потпишан договор овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината, на катастарска парцела во селото Волино, во периодот од 2017 до 2025 година, слободно да вршат трговска дејност, без обврска да плаќаат одреден паричен надомест во буџетот на општината. Пријавениот, тоа го направил иако знаел дека, според Статутот, управува со сопственоста на општината и е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со закон. На тој начин, пријавениот и предизвикал значителна материјална штета на општина Дебрца.Тагови: кривична пријава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: 2 години Влада на Мицкоски: Без резултати, само дефокус и закани!Точно две години од владеењето на Христијан Мицкоски и неговата Влада.Две години во кои граѓаните наместо резултати добија лаги, дефокус и закани. Наместо подобар животен стандард, добија економски колапс, најниски плати во Европа и раст на сиромаштијата на 22%. Наместо европска иднина, граѓаните добија изолација. Наместо правда, добија политичка одмазда, закани и нарачки на процеси од собраниската говорница, на телевизија и преку телефон. Економските резултати се катастрофални. За само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата со 2,5 милијарди евра нов долг. Задолжувањето е секојдневно. Буџетот е празен. Нема пари за поголеми плати, за подобар стандард на работниците. Веќе снемува пари и исплата на идните пензии. Пензиониот фонд е сериозно загрозен, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, власта го загрозува и вториот столб. Младите масовно се иселуваат. Земјоделците се оставени сами на себе, без никаква помош. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Нема зголемување на минималната плата на 600 евра. Нема зголемување на платите во образованието и здравството. Нема реформи. Нема напредок. Нема правда, цвета криминалот и корупцијата. Над 150 милиони евра само за крминални партиски тендери. Додека владините функционери со бугарски државјанства тераат бизниси во Бугарија, ја блокираат европската интеграција на Македонија. Македонија стана слепо црево на Балканот и на Европа - изолирана, задолжена и без перспектива. Наместо одговори на прашањата за проблемите на граѓаните, добиваат лични напади и навреди. Премиерот Мицкоски сите оние кои сакаат просперитетна држава и европска иднина ги нарекува „талог на општеството“, „мочуриште“, „мекотели“, „глодари“ и „медиокритети“. Од 1.198 ветувања во нивната програма, ништо не е исполнето, нула. Наместо резултати граѓаните добија Орбанова медиумска мрежа која работи во служба на Мицкоски - шири евроскептицизам, лаги и постојан дефокус. Наместо сериозни теми, граѓаните секојдневно слушаат за Харис Џиновиќ и Дубаи. Од Мицкоски нема одговор ниту на едно прашање. Ниту за економијата, ниту за корупцијата, ниту за европскиот пат, ниту за криминалните тендери. Затоа што нема одговори, премиерот се враќа на она што најдобро го знае - закани. По две години нарачување на процеси преку медиуми, преку собраниската говорница и по телефон, сега дојде и до директни закани со затвор од собраниската говорница. Со лаги дојде на власт, со лаги владее, со лаги се обидува да се задржи на власт. Ова е резимето на две години од владеењето на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група - ВМРО, во тендер-коалиција со распаднатиот ЗНАМ. Граѓаните заслужуваат подобро. Заслужуваат одговори и решенија, а не закани. Заслужуваат резултати, а не лаги. Време е за вистина и правда. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одборТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
МакедонијаПетрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајностМолкот на Филипче е негов политички избор. Со дипломатскиот преседан од страна на Бугарија, односно со објавувањето на документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство, македонската јавност очекуваше јасна осуда и извинување од официјална Софија. Наместо тоа, добивме извртување на темата и бегање од одговорност. Од друга страна пак, од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција. Почитувани граѓани, молкот на Филипче е негов политички избор. Исто како што никогаш не реагира кога од Бугарија се негираат македонскиот јазик, идентитетот, историјата и културата, така и сега избра да премолчи дипломатски скандал без преседан. Со таквиот однос Филипче испраќа порака дека за него е поважно да не ги наруши односите со своите политички истомисленици во Бугарија, отколку да застане во одбрана на македонските државни интереси. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter