Барист - професија и уметност, кафе-културата важна за туризмот - Канал 5

Барист - професија и уметност, кафе-културата важна за туризмот

Сите сакаме да седнеме на убаво, квалитетно кафе, да го платиме и да го испиеме во добро друштво. 

Барист - професија и уметност, кафе-културата важна за туризмот

Но, кафето, освен традиција и уживање, може да биде и сериозен сегмент од туристичката индустрија, беше речено на денешната прва конференција за баристи во земјава.

Интересот за професијата барист се зголемува, а Институтот за туризам, едукација и менаџмент (ИТЕМ) веќе размислува и за формирање Асоцијација на баристи.

Како што истакнаа учесниците на конференцијата, време е веќе да се размислува во средните училишта да има практична настава за баристи, а хотелиерите и угостителските објекти да вработуваат луѓе со сертификати и вештини за баристи.

-Македонците се генерално кафеџии и затоа кафе-културата треба сериозно да ја негуваме. Веќе имаме поединци кои од кафето знаат да направат уметност, но тоа не е доволно, се уште не сме нивото кое го посакуваме од аспект на професијата бариста. Затоа, треба да се размислува во средните училишта да има и практична настава за ваков кадар, изјави за МИА директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.

Според него, добро е што се повеќе почнуваме да размислуваме за кафе-културата.

-Многу пати сме имале можност да испиеме убаво декорирано кафе, а и знаеме дека никогаш не може да се направат две исти. Интересен е податокот дека ако два милиона кафиња се пијат дневно во државава, значи дека годишно пиеме 730 - 800 милиони кафиња. Ова, всушност, е многу голем и сериозен бизнис, истакна Јаневски.

ИТЕМ преку Еразмус + програмата на ЕУ, со поддршка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, реализираше проект преку кој обучи 15 наши млади луѓе за баристи. Тие денеска добија и сертификат. Теорија учеа во Турција, а пракса на правење секакви видови кафиња во Словенија. Од проектот произлезе и дигитална платформа, како и Прирачник за баристи.

-Барист е професија, но и уметност. Подготовката на кафе не значи само вклучување на машината, турање на кафето во шолја и послужување, туку цел еден процес во кој до израз доаѓаат вештините на поединецот, неговите познавања и компетенции, беше нагласено на конференцијата.

Во светски рамки, за барист се учи и формално, во рамки на образовниот систем, но и на неформален начин кој, според познавачите, е можеби поважен.

-Последниве години оваа професија зема се поголем замав и многу млади луѓе се одлучуваат да бидат професионални баристи. Се повеќе има ентузијасти и вљубеници во бариста вештините. Бавно, но сигурно кафе-културата почнува да се искачува на повисоко ниво. Се уште не е на она ниво што јас сум го замислил, но одиме во добар правец. Институциите и државата треба да помогнат во насока на едуцирање кадар преку училиштата за угостителство и туризам, рече Дејан Богоески, професор барист.

Според него, во однос на пиењето кафе, младите повеќе сакаат да експериментираат со вкусови, а повозрасните „се држат“ до она што веќе знаат дека е добро и ретко ризикуваат.

-Младите знаат да нарачаат несекојдневни кафиња како ајс лате, фредо капучино, фредо еспресо, мокачино, марочино. Има голема лепаза избор ако правиот барист знае да ги подготви, а повозрасните преферираат еспресо и макијато, нагласи Богоески.

Засега во земјава мал е бројот и на кафетерии специјализирани само за кафе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Кејти Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа, по критиките за нејзиното прво интервју со новинарите и прашањата за нејзиното прикажување како адвокат, иако не го положила правосудниот испит, објавува „CBS News“.

Службеник изјави за „CBS“ дека Закарија била невообичаено изолирана во текот на неделата и не ги извршувала своите должности како портпаролка на очекуваниот начин.

„Никој не мислеше дека ќе остане доволно долго за да биде вклучена во вистинското донесување одлуки“, рече помошник на Белата куќа.

Закарија, која беше избрана од американскиот претседател Доналд Трамп да ја замени Каролин Левит, се најде под оган по нејзиниот прв и единствен брифинг во Белата куќа во вторник, за време на кој таа читаше подготвени изјави околу десет минути, а потоа одговараше на прашања од новинари од три медиуми.

Прашањата за нејзините професионални квалификации привлекоа дополнително внимание.

Закарија дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот Пепердин, но не го положила правосудниот испит во Калифорнија во 2011 година, тврдење што го изнела.

Таа ги негираше тврдењата дека се претставила како адвокат, велејќи дека никогаш не тврдела дека има лиценца за практикување адвокатура.

Според извори запознаени со дискусиите, се очекува Закарија наскоро да заземе друга позиција во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во петокот, Трамп за нејзината позиција рече дека ја советувал да размисли дали сака да продолжи како прес-секретар во Белата куќа.

„Тие беа толку груби кон неа“, рече Трамп, осврнувајќи се на медиумите, додавајќи дека ѝ рекол да ја преиспита својата одлука, со оглед на нејзиното семејство и притисокот под кој се наоѓаше.

Пократок мандат од Скарамучи

Закарија му се заблагодари на Трамп и ја изрази својата поддршка за американскиот претседател во објава на социјалните мрежи.

„Беше чест да работам за него“, напиша таа.

Белата куќа сè уште не објавила кој ќе ја наследи како прес-секретар во Белата куќа.

Нејзиното заминување потсетуваше на краткиот мандат на Ентони Скарамучи, кој помина само 11 дена како директор за комуникации во Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп, потсетува американскиот телевизиски канал.

„Рекордите се тука за да се соборат, но јас не уживам во страдањето на другите“, напиша Скарамучи на социјалната мрежа „X“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

Полесен е од вашиот телефон, лесно се става во џеб и сè уште ги има сите копчиња што ви се потребни.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

„Xbox“ го најави „Nano Controller“, најмалиот контролер што компанијата некогаш го направила. Дизајниран е за деца, гејмери ​​со помали раце и луѓе кои сакаат да играат игри надвор од дневната соба. „Nano“ е долг нешто повеќе од 12 сантиметри и тежи околу 99 грама.

И покрај својата големина, „Xbox“ не отстранил никакви контроли. Ги добивате сите 18 стандардни влезови, така што распоредот на копчињата се совпаѓа со „Xbox“ контролерот со кој веќе сте запознаени.

„Nano“ користи батерија што може да се полни, иако „Xbox“ не откри колку долго ќе трае едно полнење. Исто така, постои и програмабилно копче за акција што можете да го поставите да прави снимки на екранот, да снима игра или да стартува кратенка што често ја користите.

Се поврзува преку „Xbox Wireless“ и „Bluetooth“, така што можете да го користите со кој било компатибилен уред. „Xbox“ го позиционира и „Nano“ како контролер за целото семејство.

„Xbox Nano Controller“ е достапен за преднарачка за 50 долари. Испораката започнува во ноември во 36 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Јапонија и Австралија, а дополнителни пазари ќе бидат додадени подоцна. Цените ќе варираат во зависност од пазарот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Американски шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија.

Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот.

Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер