Тој на фејсбук индиректно најави такво нешто, објавувајќи фотографии од средбата со косовскиот премиер, Албин Курти во Приштина, на која присуствува и Азир Алиу.
Во зората на овој ден, заедно со некои идеални пријатели од Алијансата за Албанците, тргнавме по патот кон Приштина, поминувајќи го автопатот „Арбен Џафери“, пат кој за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска, напиша на фејсбук Фетаи, за кого се погласно се шпекулира дека ќе го напушти Таравараи и ќе остане во владата.