Барак и Мишел Обама ја прославија годишнината од бракот - Канал 5

Барак и Мишел Обама ја прославија годишнината од бракот

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел прославија 33 години брак, а споделија емотивни пораки на социјалните мрежи.

Барак и Мишел Обама ја прославија годишнината од бракот

По гласините за проблеми во нивниот долгогодишен брак, Обама објави фотографија и порака на Инстаграм во која истакна дека „најдобрата одлука што ја донел била да се ожени со Мишел“ и ѝ се заблагодари за нејзината сила, грациозност и решителност.

Набргу потоа, Мишел ја објави истата фотографија со пораката дека го сака својот сопруг дури и повеќе отколку на денот на нејзината свадба и дека се чувствува среќна што го дели својот живот со него.

Двојката се запознала додека Мишел била ментор на Барак во адвокатска фирма, а се венчале во 1992 година. Тие имаат две ќерки, Малија и Саша. Мишел претходно призна во својот подкаст дека првично мислела дека Барак е „малку чуден“ и „штребер“, но дека „искри летале“ првиот пат кога разговарале по телефон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста

Сè уште нема напредок кон мировни преговори или во однос на движењето на нафтените танкери низ стратешкиот теснец Ормуз, ниту пак има знаци дека завојуваните страни се движат кон ставање крај на конфликтот што го започнаа САД и Израел на 28 февруари.

Иран ги повикува САД да го признаат поразот, Трамп: Малку поскапиот бензин е мала цена за безбедноста

„Овој теснец ќе се отвора и затвора само под иранска команда, и сè додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да се препуштате на фантазии, Иран ќе продолжи да ја спроведува блокадата“, објави денес рано наутро на платформата „Икс“ (X) заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади.

Министерот за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Иран не донел одлука за продолжување на преговорите со САД.

Во интервју објавено денес во Иран, тој рече дека Вашингтон мора да ги исполни условите поврзани со теснецот за да може да продолжи пловидбата по овој воден пат, преку кој пред војната се транспортираше една петтина од светската нафта.

Трамп ги повика Американците да прифатат малку повисоки цени на бензинот додека трае конфликтот со Иран. Вчера, на политички собир во Гарден Сити, Њујорк, тој изјави дека плаќањето „малку повеќе за гориво“ е оправдана цена за да се осигури дека една „многу злобна земја“ нема да дојде до нуклеарно оружје – што тој го наведе како една од причините за војната.

Според податоците на Американската автомобилска асоцијација, во рамките на трендот што ја поттикна инфлацијата и ги разочара гласачите, просечната цена на галон бензин во САД вчера изнесуваше околу 4,08 долари, што претставува зголемување од 29% во споредба со претходната година.

Трамп, кој е републиканец, ја водеше својата кампања за реизбор ветувајќи намалување на трошоците за енергија, додека демократите настојуваат последиците од војната да ги претворат во клучна тема на ноемвриските избори за Конгресот. „Ормускиот теснец не може да се окупира со твит или со носач на авиони, ниту пак со издавање наредба или одржување предизборен говор“, изјави Харибабади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паника

Филипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паника, СДС од политичка немоќ креира хаос и шири дезинформации.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паника

СДС и раководството нема што да им понудат на граѓаните. Во отсуство на идеи, програма и стратегија за државата единствено што знае СДС е да креира хаос, да шират лажни вести и дезинформации.

Венко Филипче додека се луксузира на јахтата на Заев на Егејот со украдените пари на народот дава инструкции до партиските послушници на СДС да креираат паника на социјалните мрежи за водата во Скопје.

Додека Венко Филипче и Зоран Заев се на одмор на Егејот, решиле да водат политика преку ширење дезинформации и создавање страв кај граѓаните.

Ширењето дезинформации за водата во Скопје е крајно неодговорно.

СДС и Филипче да не си играат ниту со довербата на јавноста, ниту со чувството на сигурност на граѓаните, а најмалку со прашања поврзани со нивното здравје.

Надлежните институции веднаш реагираа и ги демантираа тврдењата со официјални податоци. Министерството за внатрешни работи презеде активности за утврдување на потеклото на информацијата и одговорноста за ширењето паника.

Филипче и СДС треба да разберат дека политичката борба има граници. Филипче и СДС можат да продолжат со својот политички циркус, граѓаните одамна не им веруваат.

Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на економијата, инвестициите, платите, инфраструктурата и подобар животен стандард, СДС повторно се враќа на старото познато сценарио на лаги, дезинформации и создавање хаос.

Доста е од неодговорност од СДС и Филипче. Доста е од ширење паника. Граѓаните заслужуваат факти, а не политички циркус на СДС и Филипче.

Време е Филипче и СДС да понудат нешто повеќе од лаги и страв, доколку некој умее во СДС време е да понудат визија, решенија и одговорност.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Клековски од екскурзија ја пуштија водата во Гостивар

Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица.

СДСМ: Мицкоски и Клековски од екскурзија ја пуштија водата во Гостивар

Пијат вода пред камери.

Велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии.

Над 5.000 заболени.

Повеќе од 2.000 хоспитализирани.

Болницата нефункционална.

Пациенти префрлани во Тетово.

Во државата има епидемија на жолтица, епидемија на западнонилска треска - 24 хоспитализирани, двајца починати.

И каде беа премиерот Мицкоски и министерот за здравство Клековски?

На екскурзија.

Кога речиси 5.000 луѓе се отруени.

Кога цел град пет недели нема чиста вода на оваа жештина.

Кога болницата е отруена, а пациентите пратени во друг град.

Претседател на Влада и министер за здравство беа на одмор.

Каде го има ова?

Наместо нив, испратија полицаец.

Стојанче Ангелов да наздравува и да објаснува колку е „вкусна“ водата.

Прво, градоначалникот на Скопје, Орце Георгиевски, пиеше вода имитирајќи американски градоначалници.

Сега, бидејќи никој од вистински одговорните не е тука, повторно испраќаат полицаец да ја „тестира“ водата така што ја пие пред камери.

Нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење.

Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август.

Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста - шест дена порано.

Како до вчера 20 август, а денес нагло сè е во ред?

Оваа ситуација бара одговорност, а не циркуз.

Во прашање се здравјето и животите на граѓаните на Македонија.

Бараме итно Обвинителството да постапи по кривичните пријави.

Бараме по итна постапка обвинителот Савевски, доколку се вратил од екскурзијата, да покрене постапка и утврди кој и врз основа на кои анализи денеска потпишал дека водата е безбедна.

Граѓаните не бараат здравица. Граѓаните бараат одговорност!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер