Банкнота од еден долар крие непроценлива приказна за болест, љубов и среќа - Канал 5

Банкнота од еден долар крие непроценлива приказна за болест, љубов и среќа

Животот на Питер Билело (86), се променил во моментот кога тргнал да ја посети својата мајка во родната Италија. Таму ја запознал девојката Грејс, а 40 дена подоцна се венчале во Италија.

Банкнота од еден долар крие непроценлива приказна за болест, љубов и среќа
„Мојата мајка ја познаваше и ме праша зошто не би се венчале. Мислев, таа не ме познава а ниту јас ја познавам неа“ – изјави за „ABC News”.

Во септември 1964 година се преселиле во Конектикат, каде Билело и денес живее. Имале две деца и четири внуци.

„Беше навистина добра сопруга, добро готвеше и беше многу добра мајка. Каде и да одеше таа и јас одев“ – се присетува Билела.

Во 2001. година на Грејс и бил дијагностициран рак, а потоа ја поминала операцијата, хемотерапијата и зрачењето.

„Мислев дека се ќе биде во ред“ – изјави Билело.

Три години подоцна ракот се вратил, а сопругата поминала низ нова рунда на хемотерапии и зрачења.

„Бевме заедно цело време. Таа одеше на хемотерапија, а јас седев покрај неа. Кога ќе дојдеше дома, и беше лошо од терапијата и лежеше на каучот, а јас ги извршував домашните задачи“ – додава Билела.




Пред неколку години, во 2009 година, Билело добил идеја и двајцата да се потпишат на по една банкнота од еден долар.

„Реков дека јас на едната ќе напишам Питер Б.а таа треба да напише Грејс Б. на другата. Потоа ги ставив во паричникот. Банкнотите таму се наоѓаа цела година. Отидов во продавница и не се сеќавам на што ги потрошив. Дојдов дома и и реков на Грејс дека направив голема грешка и дека банкнотите нема никогаш повеќе да ги видам“ – изјави Билело.

Банкнотите исчезнале, но љубовта измеѓу Питер и Грејс не избледела и во 2014 година ја прославиле 50 годишнината од својот брак. Истата таа година после 13 години борба со ракот, Грејс починала. Неколку недели после смртта, Билело го одвел својот внук на сендвич, за кој на продавачката и дал десет долари. Таа му вратила три банкноти од по еден долар, а на еден од нив пишувало “Грејс Б.“.

„Почнав да плачам. Бев толку среќен што ми се врати тој долар. Мислев дека никогаш повеќе нема да го добијам назад“ – изјави Билело.

Веднаш потоа отишол на гробот на својата сопруга.

„Реков: Грејс го добив твојот долар назад“ Вистинско чудо е тоа што го добив после пет години. Којзнае колку луѓе го држеле во рака во овие изминати години. Бев на вистинското место во вистинското време“ – изјави Билело.

Денес Питер ја чува драгоцената банкнота на сигурно место. „Никој веќе никогаш нема да дојде до неа“, вели тој и додава дека е сигурен дека Грејс е заслужна што се случило тоа „чудо“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер