СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!
2СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!
ЖивотБангкок отвора стотици центри за разладување додека температурите растат Големи делови од Тајланд веќе три недели се под влијание на екстремни горештини, при што индексот на топлина на места надминува 50 Целзиусови степени, а главниот град Бангкок е меѓу најтешко погодените.Како одговор на тоа, градските власти на Бангкок формираа повеќе од 300 бесплатни центри за разладување за да обезбедат олеснување, бидејќи условите на отворено стануваат сè понеподносливи, пренесе ДПА. Од 1 април, индексот на топлина – мерка која ги комбинира температурата и влажноста на воздухот – постојано се задржува во критичниот опсег од 42 до речиси 52 степени, соопшти локалната администрација на Бангкок. Иако април традиционално е најтоплиот месец во Тајланд, температурите значително пораснаа во последните години. Властите предупредија дека продолжената изложеност на топлина носи сериозни здравствени ризици. Жителите се повикани да избегнуваат директна сончева светлина и да внимаваат на симптоми како вртоглавица, исцрпеност и топлински грчеви, особено за време на најжешките часови околу пладне и попладне. Мрежата на центри за разладување вклучува стотици климатизирани објекти, како библиотеки, здравствени центри, училишта и владини згради, надополнети со засенчени отворени површини. Одзивот е голем, со десетици илјади регистрирани посетители во првите недели, објави „Bangkok Post“. Многу луѓе ги користат центрите не само за да се разладат, туку и за одмор, работа или учење, додека туристите и побогатите жители имаат тенденција да бараат спас во климатизирани места како ресторани и трговски центри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови градинки, спортски сали и мега-парк во Карпош за поквалитетен живот на граѓанитеВо изминатиот период во Карпош фокусот е на она што им е најважно на граѓаните на чистотата, инфраструктурата и подобри услови за живот.Општина Карпош продолжува со реализација на конкретни проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. Во изминатиот период беа преземени низа активности за уредување на општината. На критични локации беа расчистени над 3.500 кубни метри наталожен материјал, а со отстранување на хаварисани возила беа ослободени повеќе од 150 паркинг места. Во делот на инфраструктурата, завршена е реконструкцијата на улиците „Џумајска“ и „Трифун Бузев“, реконструиран е дел од „Бранислав Нушиќ“, а започна и реконструкцијата на „Јуриј Гагарин“ во Козле. Во периодот што следува, Општина Карпош го продолжува инвестицискиот циклус со изградба на детската градинка „Пролет 2“, нови и унапредени спортски сали, како и реализација на мега-парк и нови зелени површини. Целосно беа обновени игралишта на повеќе локации кај фонтаната во Карпош 3,плоштад ПБК – спроти студентски дом „Гоце Делчев“, ул. Никола Парапунов спроти „Специјал" Карпош 4, во дворот на ООУ „Ј. А. Коменски„, ул. Љубљанска до Адреналинскиот парк, ул. Јуриј Гагарин 23, ул. Јуриј Гагарин (помеѓу 25 и 35), плоштад Млечен, во населба Жданец (кај спортските терени), ул. Козле 8, Нерези. Фокусот останува на повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, повеќе зеленило и поквалитетни услови за живот. Карпош продолжува да се развива со конкретни проекти и видливи резултати. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!Гета. Нула денари чини, рече арамијата Мицкоски. За 24 часа вистината излезе на виделина: 5,53 милиони евра од Лотарија. Дивиденда што требаше да оди во буџет. Пари на граѓаните, фрлени на бина.Пет нови рудници во просторниот план до 2040 година. Антимон кај Крива Паланка- пет милиони долари грант, помалку од концерт на ди-џеј. Јаловина во почва и вода. Дата-центри за туѓа дигитализација: струја на грб на граѓанинот, вода на земјоделецот. Гостивар - дванаесет недели без извештај дека водата е чиста. Над педесет места без информации. Лепенец и Вардар затруени, без име, без да се знае кој, без одговорност. Ѓубре во Скопје на секој чекор. Проверка од дрон. А одговорни нема. Броила: Адамовиќ–Мицкоски, извршители Божиновска–Лазаревиќ, Руднап. Орбанови автобуси во круг. Криминални тендери од стотици милиони евра. Тендер за татко, па таткото не е татко. Обвинителство на повик. За вода нема одговорен. За тендери нема одговорни. Циркус-дипломатија. Две недели екскурзија, педесет луѓе, стрини и тетки, на народен грб. Лобирање од 1,56 милиони долари, платено од трговец со оружје. Резултат: ходник со Рубио, пет милиони за антимон. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“. Потрошувачка кошница со изнајмен стан - 95.000 денари. Гориво преку 100 денари. Земјоделците се на раб на егзистенција, работат без пари, нема откуп, нема субвенции, ИПАРД загорзен затоа што директорот е уапсен за корупција. Нема реформи. Има руска агенда и агенда на Вучиќ. Министри од кругот на БИА го слават осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. Економски колапс. Работниците се понижени, нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра. Пензионерите се украдени. Нема пари за пензии. Дупката во ПИОМ зголемена на 1 милијарда евра. Вториот столб сакаат да го национализираат. Сега нов предлог - да им се земат парите на луѓето за да се инвестира. Од каде, кога нема пари? Значи ново задолжување. Секоја недела државата зема 40, 50, 70, 100 милиони евра. За две години - четири милијарди евра нов долг. Половина од долгот за 30 години независност. Сè е потрошено на криминални тендери. Нема подобри услови за преговори со ЕУ. Фон дер Лајен го кажа во лице: идентитетот и јазикот се зачувани. Чекорот останува. Ковеши пред членство. Тој е незадоволен. Затоа што лагата му ја одзедоа. Што донесоа две и пол години ВМРО и Мицкоски? Сиромаштија. Изолација. Уништено стопанство. Полош стандард. Уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со празни празни паричници и празни фрижидери. Што сега? Пролетни избори? Да избега од обврските кон ЕУ? Да му фрли ракавица некој Спутник? Да го предизвика големиот арамија? Да рече: народе, бирајте. Уште лаги. Уште анти-ЕУ пропаганда. Уште Латас и останатите. СДСМ нема да биде алиби. Власта наскоро се враќа во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара пред независно судство и европско обвинителство. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Култура„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија.На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски. Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска. Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026. Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли. Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола. Влезници онлајн на следниот линк: https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/ Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.Тагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05