Бамберг без победа и по 12 натпревари во Евролигата

Екипата на Бамберг Бросе Баскет го претрпе и 12 пораз во исто толку одиграни натпревари во ТОП 16 фазата од кошаркарската Евролига.

Синоќа во германската пресметка, Бамберг на домашен терен загуби од Алба Берлин со 75:72 во првиот дуел од 12.круг, јави МИА.

Денеска ќе бидат одиграни четири натпревари: Жалгирис - Анадолу Ефес, Реал Мадрид - Панатинаикос, Уникаха - ЦСКА Москва и Барселона - Каха Лаборал.

Оваа рунда ќе биде комплетирана утре со три средби, а на две од нив ќе се појават двајцата македонските репрезентативци. Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче ќе гу мостува на Химки, додека Перо Антиќ со Олимпијакос ќе биде домаќин на Макаби. Третата утрешна двојка е Бешикташ - Монтепаски.

Табела група Е: Реал Мадрид 9-2 (победи-порази), Анадолу Ефес 9-2, ЦСКА Москва 8-3, Панатинаикос 7-4, Уникаха 6-5, Жалгирис 4-7, Алба Берлин 2-10 и Бросе Баскет 0-12.

Табела група Ф: Барселона 10-1 (победи-порази), Монтепаски 7-4, Олимпијакос 7-4, Химки 6-5, Макаби 6-5, Каха Лаборал 6-5, Фенербахче Улкер 2-9 и Бешикташ 0-11.

Пласман во четвртфиналето досега има обезбедено само екипата на Барселона.

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

 Полициски службеници вчера ги привеле Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер