Седница на Националниот совет за евроинтеграции: Пофалби за реформите, загриженост за европскиот застој
1Седница на Националниот совет за евроинтеграции: Пофалби за реформите, загриженост за европскиот застој
3Започнува примената на мерит системот во јавната администрација – вработување само според компетенции
СветБалската сала на Трамп повторно поскапе- како од 250 цената се зголеми на 400 милиони долари? (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп објави ново ажурирање за цената на неговата долгоочекувана балска сала во Белата куќа.Зградата, во која претседателот го сруши историското источно крило на иконската зграда, предизвикувајќи контроверзии, за да направи место за балска сала, сега ќе чини 400 милиони долари, откри тој за време на говорот на приемот за Ханука во Белата куќа. Трамп првично рече дека цената на градежниот проект ќе биде 250 милиони долари, а потоа 300 милиони долари, објави „Хафингтон пост“. „Донираме балска сала вредна 400 милиони долари“, рече Трамп, додавајќи уште 100 милиони долари на проценетите трошоци. Потоа продолжи: „Јас и донаторите го даваме, бесплатно, за ништо, донираме зграда што вреди околу 400 милиони долари, мислам дека ќе го направам за помалку, но е 400 долари. Треба да ја направам за помалку. Ќе ја направам за помалку. Но, за секој случај, велам 400 долари. Бидејќи во спротивно, ако одам над 3 долари, печатот ќе каже: „Чинеше повеќе“. Градам под буџет и пред рокот... Секогаш. Знам како да градам под буџет. Градам добро.“ „Ќе биде најубавата балска сала“, додаде Трамп. „И ќе се користи за инаугурации. Има стаклени прозорци со дебелина од пет инчи. Непробојна е. Непробојна е. Но, ќе ви кажам, ако еден ден држам говор и слушнам „динг, динг, динг“, си одам оттаму.“ Trump: $400 million… It will be the most beautiful ballroom and it will handle inaugurations. It has five inch thick glass windows. Impenetrable. pic.twitter.com/ZqySzEkyaI — Acyn (@Acyn) December 17, 2025 Компании како што се „Амазон“, „Гугл“, „Мета“, „Мајкрософт“ и „Т-Мобајл“ претходно објавија дека ќе донираат пари за проектот. Целосниот список на донатори е објавен. Сепак, критичарите прашуваат кој ќе го финансира одржувањето на објектот откако ќе биде завршен, што е планирано за летото 2028 година?Тагови: балска сала Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедница на Националниот совет за евроинтеграции: Пофалби за реформите, загриженост за европскиот застојЕвроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас обраќајќи се пред Националниот совет за евроинтеграции, ја пофали Македонија во нејзината способност да испорача реформи и ја поздрави работата на Собранието .Евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас обраќајќи се пред Националниот совет за евроинтеграции, ја пофали Македонија во нејзината способност да испорача реформи и ја поздрави работата на Собранието во однос на реформските закони, притоа повикувајќи на консензус при донесување на клучните закони. Рокас вели дека Брисел несомнено сака да ја види државава како дел од Унијата, а владеење на правото останува клучен предуслов за сите земји кандидатки. -Партиите гледаме дека покажуваат конструктивен пристап, постои добра демократска атмосфера и мора да постои заедничка добра волја и многу работа со цел ова да се постигне. // Кога се работи за овие точки, многу е важно секако со наша помош, да се постигне консензус, најмногу за Изборниот законик, потоа и Кривичниот законик. // Владеење на правото е главна област каде ќе се проценува прогресот на секоја земја. Суштинско е законодавството но исто така и јавната администрација да биде добро поткована. Најважно е испразнетите позиции во јавната администрација и судството да бидат пополнети.-Михалис Рокас амбасадор на ЕУ во Македонија. Ресорниот министер Беким Сали оцени дека државава е една од водечките во спроведување на реформите. Осврнувајќи се и на последниот Извештај за владеење на правото, Сали вели дека се превземаат законски мерки кои што треба доследно да се спроведат. -Во судството има стратегија за реформата 2024 – 2028, новиот закон за Судски совет и измените во законот за јавни обвинители. Но предизвиците во судството се автономијата, обвинителството, кадровските, финансиските капацитети и опасностите од политизација. // Со последните оценувања на ЕУ, се доделија 65,7 милиони евра додека вкупниот број на ослободени средства е 128,1 милион евра. На 15ти јули доставивме и четврто барање за два чекори со бруто вредност од над 112 милиони евра. - Беким Сали, министер за европски прашања. Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции – Венко Филипче е на ставот дека додека регионот напредува на европскиот пат, а Македонија е во состојба на „статус кво“. Оваа стагнација, според него, значи опасност од губење на европските фондови како и перспективата. -Се поставува прашањето – дали намерното запирање на европскиот пат не е форма на државен удар? Кога се знае што треба да се направи и кога ниту едно поглавје не е отворено а четири земји кандидати за ЕУ беа на меѓувладини конференции во Брисел? // Очигледно е дека немаме алтернатива, очигледно е дека не одиме напред и ние сме единствена земја која што нема отворено поглавја за преговори, додека овие четири кандидатки очигледно е дека ќе бидат следните земји членки. -Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции. Дел од претставниците од албанскиот опозициски блок во Националниот совет за евроинтеграции, повикаа на уставни измени што е, како што велат, неопходен чекор во деблокада на преговорите со ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКритичните минерали – неискористена економска можност за МакедонијаОколу милиони тони бакар, илјада тони сребро и 150 тони злато се потенцијалот зад рудникот Иловица, проект кој според експертите со години останува неискористена економска можност. Професорката по геологија и екс-заменик министерка за животна средина Соња Липиткова објаснува дека технологиите за ископ и преработка на метали значително напредувале, а како пример го посочува сувото одлагалиште – современо решение за складирање на рударската јаловина. За разлика од класичните влажни јаловишта, по филтрацијата останува материјал со околу 90 проценти цврсти материи и 10 проценти вода, што значи помал ризик од истекување, помала потрошувачка на вода и полесно стабилизирање на теренот. Липиткова вели дека Македонија има стручни кадри и експертски потенцијал за примена на вакви технологии. -Тоа не треба да биде пречка никако, градењето на капацитетите на стучната фела бидејки тие како такви постојат и се докажани. Нашите инженери од сверата на геологијата, рударството, металургијата и останатите инженерски области кои што треба да бидат на некој начин вклучени капацитети имаат висок потенцијал и научен и професионален и експертски и стручен,- Соња Липиткова – професорка по геологија. Липиткова објаснува дека само почетната инвестиција за отворање на рудникот би изнесувала повеќе од 500 милиони евра, а дополнителен ефект би имале и придружните дејности – од изградба на инфраструктура и објекти, до развој на услужниот сектор. Придобивките, додава таа, би се почувствувале и преку нови работни места, приходи за локалните заедници и развој на други економски сектори. - Низ годините наназад се гледа дека во одредени делови на Македонија рударските капацитети допринеле не само за развој на местото каде што постојат, туку на целиот регион, па и на целата држава. Ова е моментот кога Европа и целиот свет кубурат за ретки и расеани критични минерали кои што ние ги имаме и тој момент треба да го искористиме, но секако се она што ќе се работи да биде со високи перформанси, еколошки и со запазени стандарди и од тоа да нема никаква отстапка,- Соња Липиткова – професорка по геологија. По реакциите од дел од невладините организации за можните влијанија врз животната средина, „Еуромакс Ресоурцес“, компанијата инвеститор во рудникот, во 2023 година испратила писмо до Министерството за животна средина, во кое информирала дека планира примена на современи технологии, меѓу кои и сувото одлагалиште. Експертите посочуваат дека, доколку се создадат соодветни технолошки и економски услови, материјалот што се одлага во иднина може да има потенцијал за дополнителна преработка и искористување на преостанатите вредни минерали. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочнува примената на мерит системот во јавната администрација – вработување само според компетенции Почнува примената на мерит системот во јавната администрација – ресорното министерство ја промвираше новата рамка за вработување заснова на заслуги, интегритет и компетенции.. Отсега вработувањата и напредувањата во јавниот сектор ќе зависат од знаењето, реформата на јавната администрација не е успех само кога е на хартија туку кога навистина ќе се спроведе во пракса порача ресорниот министер Горан Минчев. Визијата на министерството, вели е јавна администрација каде вработувањето и напредувањето ќе завистат од знаење и компетенции а институциите ќе располагаат со професионални службеници кои ќе обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. „Новиот мерит интегритет и компетентност базиран систем за вработување, правилникот за работни компетенции на административните службеници и водичот за интегритет, мерит и компетентност, базирано вработување не се само дополнителни документи тие се практични инструменти преу кои законските принципи добиваат своја практична примена. Нивна цел е да им помогнат на институциите да спроведат објеткивна постпка за вработување.“ - Горан Мичев – министер за јавна администрација. Новите алатки ќе обезбедат помалку простор за недозволено влијание, посилни институции и подобри јавни услуги за граѓаните порача шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава Килијан Вал, со чија поддршка и партнесртво беше промовирана новата рамка.. „Оваа реформа ги надминува процедурите за вработување. Ова е инвеситција во попрофесионални институции, поголем интегритет, посилна превенција во борбата против корупција, како и подобри услуги за граѓаните.“ - Килијан Вал – шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Со овие реформски алатки, од министерството за јавна администрација, очекуваат да се направи исчекор кон воспоставување на јавен сектор во кој мерит системот не е само законски приницип туку станадард кој ќе се применува во секоја постпка за вработување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook