Балканските фудбалери-бездомници: Заедно во натпревар против омразата и поделбите! - Канал 5

Балканските фудбалери-бездомници: Заедно во натпревар против омразата и поделбите!

Репрезентациите на бездомниците на Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија ќе учествуваат на првото Европско првенство во мал фудбал за бездомници, ја пренесе МИА приказната на агенцијата Анадолија.

Балканските фудбалери-бездомници: Заедно во натпревар против омразата и поделбите!
Шампионатот ќе се одржи во Минхен во Германија на 25 и 26 јуни, а покрај земјите од нашиот регион ќе настапат уште 11 селекции. Тоа се Белгија, Бугарија, Данска, Германија, Англија, Холандија, Австрија, Полска, Португалија, Швајцарија и Унгарија.

- Очекуваме добар резултат, со оглед дека на Светското првенство лани во Мексико освоивме шесто место – истакна Елмедин Шкребо, селектор на репрезентацијата на бездомниците на БиХ. Потенцира дека натпреварувачки дух постои, но дека целта на проектот на селекцијата на бездомниците има далеку поголеми дострели и значење.

- Пред се, преку оваа репрезентација на БиХ помагаме на луѓе од различни социјално ранливи групи. Во нашата овогодишна селекција имаме играч кој живее во имровизиран објект во исклучително лоши услови, речиси невозможни за живот. Тука се и повратници кои не стекнале егзистенција, бегалци, поранешни зависници од дроги, припадници на малцинствата... Нашите играчи се репрезент на најзагрозениот слој во БиХ и сите проблеми кои секојдневно не потресуваат – вели Шкребо додавајќи: - Со собирањето и натпреварите играчите меѓусебно се дружат, а потоа си помагаат едни на други во надминување на многу проблеми. Репрезентативците се од цела БиХ, т.е. од двата нејзини ентитети.

На терен со цело срце се борат за својата земја, па поради тоа веруваме дека во Германија, со голема поддршка на босанските навивачи ќе можеме многу да направиме. Но, повторно велам уште поважно е што во Минхен ќе можат да запознаат нови пријатели, како од регионот, така и од останатите делови на Европа.

Во репрезентациите на бездомниците на БиХ, Хрватска и Словенија, истакнуваат дека имаат одлична соработка, како и дека на секој чекор заеднички се борат против политиката на омраза и поделби.

- Жал ни е што последните години, поради немање на пари, репрезентацијата на бездомниците на Србија не учествуваше на турнирите во регионот, но и на останатите натпревари. Се обидуваме да им помогнеме колку што можеме, повторно да бидеме заедно. Бараме партнери во Црна Гора и Македонија и тие да основаат свои селекции. Во сите земји институциите треба да го препознаат значењето на проектот и да помагаат на своите репрезентации – смета Драго Лелас, селектор на репрезентацијата на бездомници на Хрватска, која во Минхен ќе биде со осум млади луѓе од прифатилишта за бездомници: - Ова што го имаме ние со репрезентациите на БиХ и Словенија е феноменално. Толку позитивна енергија меѓу нас, тоа не може да се опише. Соработката е на врвно ниво. За пријателствата и да не зборувам. На пример, јас сум од Хрватска и логично навивам за Хрватска. Но, кога игра БиХ толку се радувам на нивните успеси што можам слободно да кажам дека и таа земја ми е во срцето. Значи, ова е навистина добра приказна во сите несреќи кои не опкружуваат. Фудбалот не поврзува, но не е во прв план.

Игор Жупанчиќ, поранешен судија од ФИФА е селектор на репрезентацијата на бездомници на Словенија. И тој посебно ја потенцира регионалната важност низ спортските дружби на социјално ранливите групи на луѓе.

- Покрај натпреварите на светско ниво, па еве сега и на европско, постојано имаме регионални турнири и играме пријателски натпревари. Се состанувавме во Цеље, Загреб, Сребреница, Добој. Беше многу убаво. Сите наши играчи ги мачат речиси исти проблеми. Никој не збори за политика и слично... Тие сакаат понормално да живеат во исклучително тешкиве времиња. Јасно, сите се горди што ја претставуваат својата земја. Се радуваме на учеството на ЕП во Минхен, но уште повеќе на новите средби со нашите пријатели од БиХ и Хрватска – вели Жупанчиќ за агенцијата Анадолија и објасни дека во репрезентациите често се наоѓаат и играчи кои имале проблеми со законот: - Главно тоа се момци кои како малолетни правеле прекршоци. Многу зборуваме со нив и на натпреварите никогаш не сме имале никакви инциденти.

Очигледно, фудбалот им помага на овие луѓе. Играч во еден тим може да биде најмногу една година. Според правилата на натпреварите на бездомниците во мал фудбал, секоја од репрезентациите содржи осум играчи. Во тимот можат најмногу да поминат само една година или да настапуваат на еден голем меѓународен натпревар, за да можат истата прилика со овој спорт да ја добијат што поголем број социјално ранливи лица.

На теренот, кој е со ограда како што има хокеарскиот терен, за време на натпреварите играат тројца играчи, плус голманот.

Еден од играчите од истата екипа во ниту еден момент не смее да биде на иста половина на теренот на кој се неговите двајца соиграчи. Бројот на измените во текот на натпреварот е неограничен.

Светското првенство во Познан Освен ЕП во Минхен оваа година ќе се одржи и Светско превенство на репрезентации на бездомници во мал фудбал.

Шампионатот ќе се игра во полскиот град Познан од 10 до 18 август. Од селекциите на БиХ, Хрватска и Словенија се надеваат дека ќе успеат да ја затворат финансиската конструкција, па да настапат на Мундијалот.

На последното СП минатата година во Мексико настапуваше само БиХ, додека Хрватите и Словенците немаа доволно пари да одат преку барата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна воен хеликоптер во Турција, има загинати (ВИДЕО)

Пет лица загинаа во несреќата на хеликоптер на турските воздухопловни сили, откако полета од Ескишехир на тренинг лет, соопшти турското Министерство за одбрана. 

Се урна воен хеликоптер во Турција, има загинати (ВИДЕО)

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат на местото на настанот, објави „Туркие Тудеј“.

Во соопштението се вели дека хеликоптерот AS-532, кој припаѓал на воздухопловните сили, се урнал по полетувањето од Ескишехир, каде што требало да изврши тренинг лет. Властите стигнале до остатоците, а спасувачките екипи продолжуваат со својата работа на терен. Причината за несреќата сè уште не е позната.

Локалните медиуми почнаа да известуваат за несреќата кратко пред 20 часот по локално време, велејќи дека леталото се урнало во близина на автопатот Ескишехир-Ќутахја во областа на селото Јорукакчајир во округот Тепебаши.

На местото на настанот беа испратени голем број жандармериски и полицајци, како и екипи на брза помош и противпожарна служба.

Хеликоптерот AS-532 припаѓа на семејството хеликоптери со среден погон со двоен мотор „Кугар“, произведени од „Ербас Хеликоптерс“, порано познати како „Еурокоптер“. Воениот хеликоптер го користат воздухопловните сили на неколку земји за транспортни мисии, како и за операции за пребарување и спасување.

Втора несреќа на воен хеликоптер во Турција овој месец

Несреќата се случи помалку од две недели откако друг воен хеликоптер се урна во Турција. Министерството за одбрана на 12 ноември соопшти дека хеликоптерот С-70 се урна во округот Јешилурт во покраината Малатија, при што загинаа четворица војници.

Причината за несреќата исто така не е утврдена. Делови од остатоците паднале врз куќа, а две лица се здобиле со полесни повреди, според извештаите од тоа време.

Ескишехир се наоѓа во западна централна Анадолија и е една од важните локации за турските воздухопловни сили, поради што воените летови се чести во областа. Тепебаши е еден од двата централни градски окрузи на Ескишехир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра од ЕУ и замрзување на дел од европските фондови

Европската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската Унија.. 

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра од ЕУ и замрзување на дел од европските фондови

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската Комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата.

Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската Комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто..

Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември..

Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии..

Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската Унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот принц Ендру примил 900.000 евра мито- турска милионерка му платила за „голема услуга“

Турска милионерка му кажа на Високиот суд дека била измамена во 2019 година во врска со плаќање од 750.000 фунти што го направила на Ендру Маунтбатен-Виндзор, поранешниот принц Ендру, втор син на покојната кралица Елизабета II.

Поранешниот принц Ендру примил 900.000 евра мито- турска милионерка му платила за „голема услуга“

Небахат Исбилен тврди дека нејзиниот поранешен бизнис советник Селман Турк присвоил 38 милиони фунти од нејзиниот имот, вклучително и плаќање до тогашниот војвода од Јорк за кое таа верувала дека е компензација за помош при добивање пасош.

Турк ги негира обвинувањата, тврдејќи дека Исбилен, 81, знаела дека парите всушност се исплаќаат со надеж дека Маунтбатен-Виндзор ќе може да му помогне на нејзиниот сопруг, политичар кој е во затвор во Турција.

Маунтбатен-Виндзор вратил 750.000 фунти (околу 900.000 евра) и се очекува да се појави пред Високиот суд во декември. Тој не е обвинет за никакво кривично дело.

Адвокатите на Исбилен, исто така, му рекоа на судот дека Турк, исто така, наредил посебна исплата од 15.000 фунти на поранешната сопруга на принцот Ендру, Сара Фергусон, наводно за да го прослави 60-тиот роденден на поранешната војвотка од Јорк во 2019 година, како и неоткриена сума како „свадбен подарок“ за нивната ќерка, принцезата Беатрис.

Семејството Исбилен основало една од најголемите компании за сапуни и козметика во Турција.

Меѓутоа, кога нејзиниот сопруг Илхан, поранешен член на турскиот парламент, бил уапсен во 2015 година, таа сакала помош за преместување на нејзините средства од Турција.

Нејзините адвокати рекоа дека обвиненијата против нејзиниот сопруг биле „политички мотивирани“ и дека таа се соочила со „политички прогон“ во 2017 година. Таа ја напуштила Турција во 2017 година за Грција, пред да се пресели во Лондон во 2018 година.

Сајмон Колтон, кралски советник што ја застапува Исбилен, рече дека се запознала со Турк во јануари 2017 година и му дала контрола врз поголемиот дел од нејзините финансиски средства.

Сепак, додаде Колтон, Турк „намерно и систематски ја злоупотребил“ нејзината доверба и ги префрлил парите на компании што ги поседувал или контролирал.

Колтон додаде дека Исбилен одобрил исплата од 750.000 фунти на принцот Ендру, но дека Турк „ја излажал“ за целта на исплатата, што е „уште еден пример за неговата нечесност“.

Судот слушна дека Исбилен имала приватна вечера со тогашниот војвода и војвотка од Јорк во станот на Турк во декември 2019 година, каде што разговарала за случајот на нејзиниот сопруг.

Адвокатите на Турк му рекоа на судот дека Исбилен ги разбирала и ги управувала своите работи.

„Во околностите во кои тужителот вечерал со војводата и војвотката и разговарал со својот сопруг со нив, таа не можела да поверува дека 750.000 фунти е прикриен надомест за помош со пасош или виза“, рече Џошуа Хиченс, адвокат кој ја застапува Турк.

Судењето пред судијата Адам Џонсон треба да заврши во март, а писмена пресуда ќе биде донесена подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер