Балканскиот ендемит Астрагалус во фокусот на одбележување на Меѓународниот ден на растенијата - Канал 5

Балканскиот ендемит Астрагалус во фокусот на одбележување на Меѓународниот ден на растенијата

Со цел да се одбележи Меѓународниот ден на растенијата, здружението “Полимат 13” од Богданци овој месец повторно спроведува организирани посети на живеалиштето на ендемичната билка Астрагалус.

Балканскиот ендемит Астрагалус во фокусот на одбележување на Меѓународниот ден на растенијата

Со цел да се одбележи Меѓународниот ден на растенијата, здружението “Полимат 13” од Богданци овој месец повторно спроведува организирани посети на живеалиштето на ендемичната билка астрагалус која во Македонија расте токму на подрачјето на Општината Богданци.

Важноста на растението со латинското име Astragalus physocalyx, како што велат во здружението е во тоа што претставува балкански ендемит, кој се наоѓа на Глобалната црвена листа на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN Red list of Threatened Species), како и на домашната прва црвена листа на загрозени видови.

- Подрачјето каде што расте Астрагалусот претставува идно Natura 2000 подрачје кое е од исклучителна важност за зачувување на растителниот диверзитет во Македонија. За таа цел од 2015, секоја година во април и мај организираме пешачења по Патеката на Астрагалусот за заинтересирани граѓани и организации. Во соработка со училиштата од Богданци и регионот организираме и посети на живеалиштето на Астрагалусот за групи на ученици кои на овој начин ги едуцираме за значењето на локалниот биодиверзитет и заштита на животната средина, вели Надица Маџирова, проектен координатор во здружението “Полимат 13”.

Од оваа граѓанска организација велат дека нивната главна цел е да направат основа за заштита и грижа за подрачјето каде вирее Астрагалусот, првенствено на локалното подрачје, но и на национално ниво.

- Во мај традиционално организираме Ден на Астрагалусот, настан кој има за цел да ги едуцира младите луѓе и целото население од нашиот крај за природните вредности кои како локална заедница ги имаме, за значењето на природата и подигнување на свеста за заштита на животната средина. Оваа година четврти пат Денот на Астрагалусот ќе се одржи на 16 мај, со интересни содржини за најмалите, ликовна работилница, натпревари, квизови, музички настапи ќе се одржат во градскиот парк во Богданци, секако со фокус на растението Астрагалус, вели Маџирова и додава дека целта е да се вклучат помладите за да поминуваат активно време во природа, да научат да се грижат за животната средина и да ги ценат нејзините вредности.

Астрагалусот народно познат како меурест козинец спаѓа во групата на диворастечки растенија, кое може да се размножува со помош на долгите корења, па затоа и најчесто се сретнува во групи од повеќе единки. Цвета во периодот од април до мај има привлечни розови или бледорозови цветови. Некои видови од родот астрагалус имаат ралични употреби, а меѓу нив има и лековити видови додека за меурестиот козинец нема познати податоци дека може да се употребува за медицински или индустриски цели. Освен во Македонија, го има само уште на неколку локалитети во Бугарија, Грција и во Турција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот електричен Ferrari е веќе целосно распродаден

Првиот целосно електричен модел на Ferrari, Luce, можеби не ги освои симпатиите на љубителите на автомобили на социјалните мрежи, но тоа не ги спречи купувачите да резервираат речиси секој планиран примерок.

Првиот електричен Ferrari е веќе целосно распродаден

Иако моделот се соочи со критики во врска со дизајнот и преминот на Ferrari кон електричен погон, првичната серија на производство е веќе целосно распродадена.

Ова потврдува дека јавното мислење не секогаш се совпаѓа со желбите на купувачите кои можат да си дозволат огромни суми за ексклузивни автомобили.

Повикувајќи се на два извори запознаени со плановите на компанијата, Financial Times известува дека Ferrari планирало да продаде нешто помалку од 500 примероци од моделот Luce во текот на првата година, пренесува Računalo.com.

Според извештаите, целата планирана серија на производство за првата година била распродадена уште на почетокот на овој месец, и покрај почетната цена од 550.000 евра (без данок).

Иако Ferrari ги демантираше тврдењата дека купувачите мора да го нарачаат моделот „Luce“ за да го задржат својот привилегиран статус кај брендот, многумина сметаат дека овој фактор можеби придонел за големата побарувачка.

Наводно, од дилерите било побарано да не вршат притисок врз долгогодишните колекционери на Ferrari да го купат „Luce“, туку да се фокусираат на нови купувачи – особено на богати клиенти во Кина и во технолошките центри како Силиконската долина, каде што електричните автомобили веќе се широко прифатени.

Се чини дека оваа стратегија дава резултати. Според „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), Ferrari планира да продаде приближно 2.500 примероци од моделот „Luce“ до 2030 година, што изнесува околу 600 возила годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен добитникот на 167,3 милиони долари на лотарија

Џејмс Фартинг, добитник на една од најголемите лотариски награди во историјата на Кентаки, повторно е уапсен – што е четврти пат откако го освоил џекпотот вреден повеќе милиони долари. 

Уапсен добитникот на 167,3 милиони долари на лотарија

Педесет и едногодишниот Фартинг од Џорџтаун бил уапсен во неделата, на 26 јули, под обвинение за семејно насилство.

Според затворските евиденции до кои дојде списанието *People*, тој се товари за семејно насилство што вклучува давење и напад од четврт степен со нанесување полесни телесни повреди. Тој моментално се наоѓа во притвор во затворот на округот Скот.

Во април, тој освои 167,3 милиони долари на лотаријата „Пауербол“ (Powerball), што претставуваше најголема добивка во историјата на Кентаки.

Тогаш Џејмс изјави дека планира да ги подели парите со својата мајка, Линда Гризл. „Ќе биде убав Ден на мајката. Ова ќе ми помогне да ги отплатам долговите“, изјави тогаш неговата мајка.

Според полицискиот извештај, наводната жртва – чиј идентитет не е откриен – изјавила дека дошло до расправија по возењето со брод.

За време на расправијата, тој наводно ја фатил за вратот со двете раце, отежнувајќи ѝ го дишењето. Тој се појави пред судот во вторникот, на 28 јули, и се изјасни дека не е виновен. Судот одреди кауција од 15.000 долари, му забрани контакт со наводната жртва и нареди да носи уред за електронски надзор за да се обезбеди почитување на забраната за контакт.

Ова не е првпат добитник на лотарија да има проблеми со законот по голема добивка. Само неколку дена откако го освоил џекпотот, тој бил уапсен на Флорида, каде што се соочил со обвиненија за напад врз полицаец и давање отпор при апсење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Популарна српска актерка воодушеви со танц на плажа

Актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи, овој пат со шармантно видео од нејзиниот летен одмор, кое брзо собра повеќе од 5.000 реакции.

Фото: Популарна српска актерка воодушеви со танц на плажа

Анѓелка објави видео со натпис „Разгледница од море. Поздрав од брегот“, на кое се гледа како таа оди боса во бикини по карпеста плажа.

Поради острите камења, секој чекор изгледа како мал танц, што ги поттикна многумина на шега да коментираат дека таа изгледа како да игра оро.

Објавата предизвика бројни позитивни реакции, а следбениците не штедеа пофалби за нејзиниот изглед, природност и смисла за хумор. „Жена со природна убавина и одлично тело! Секоја чест што ја одржуваш таа линија“, напиша еден следбеник.

Други се пошегуваа: „Танц на туристи врз прекрасните камчиња, за кои отсекогаш ни велеле дека лечат рамни стапала“, ...

Таа уште еднаш покажа дека за привлекување внимание не е потребен спектакл – доволни се малку хумор, опуштеност и летна атмосфера.

https://www.instagram.com/reel/DbQeje3tOWA/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер