Балканската убавица рамо до рамо со Маргот Роби во филмот „Барби“

Дуа Липа (26) ќе глуми покрај Маргот Роби во долгоочекуваниот филм „Барби“ што се снима во Велика Британија.

Пејачката со албанско потекло своето филмско деби го имаше лани кога доби улога во шпионскиот трилер „Argille“, кој би требало да излезе на крајот од оваа година.

Дуа очигледно оставила одличен впечаток по првата улога на големото платно, бидејќи сега глуми рамо до рамо со „девојката на Волкот од Волстрит“.

Младата пејачка ужива во распродадените арени низ Америка, Англија, Ирска и остатокот од Европа откако ја започна турнејата „Future Nostalgia“ во февруари.

Таа го завршува и третиот албум, а сите со нетрпение чекаат да ја видат како една од девојките на „Барби“.

Филмската премиера на „Барби“ се очекува во јули 2023 година.

Извор: srecna.republika.rs

Петчлено семејство од Оклахома, меѓу кои и две деца, се убиени во нивниот дом

Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.

Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјавил дека загинатите биле семејство и умреле од насилна смрт, пренесува ABC News.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.

Полицијата била испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека има тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

притисни ентер