БалканБалканот и ЕУ - веридба која долго траеСпоред последните анкети, само 32 отсто од Србите веруваат во ЕУ, 77 отсто во Албанија, 54 отсто во Црна Гора и 57 отсто во БиХ. Речиси сигурното отворање на пристапните преговори со Европската унија (ЕУ) предизвика бран на ентузијазам во Босна и Херцеговина, но веќе 30 години ЕУ на Балканот дувала со топол, но и со студен ветер, што доведе до замор и го охрабри влијанието во тоа подрачје, оцени денеска агенцијата Франс прес. „Ја отворивме главната врата за ЕУ и нема враќање назад“, изјави оваа недела премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, откако Европската комисија официјално препорача почеток на пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Извршната директорка на Европскиот фонд за Балканот, Александра Томаниќ, рече дека преговорите се состојат од тоа ЕУ да каже што треба да се направи и кои закони да се донесат. Според неа, има цела низа политички, институционални и економски критериуми. „Предизвиците се повеќекратни, поради што патот ќе биде многу долг“, додаде таа. Тоа добро го знаат Црна Гора, која официјално ги започна преговорите во 2012 година, и Србија од 2014 година. Албанија, убедливо најмногу наклонета кон ЕУ во регионот, чекаше 13 години меѓу нејзиниот кандидатски статус и отворањето на преговорите во јули 2022 година. Тие преговори започнаа неколку месеци по почетокот на руската инвазија на Украина. „Во последно време гледаме дека ЕУ е многу поактивна на дела, а не само со зборови, и е посвесна за стратешкото значење што го има Западен Балкан за неа. Тажно е што беше потребен Владимир Путин за тоа да се случи, рече во средината на февруари во Брисел, албанскиот премиер Еди Рама. Албанскиот министер за европски и надворешни работи Игли Хасани смета дека „процесот се одолговлекува“ и додаде дека ЕУ „толку многу се двоумела што луѓето се уморни од тоа“. Според него, затоа е намалена поддршката за интегративниот процес, а намалена е и довербата во ЕУ. „Тоа, се разбира, ја отвори можноста за непријателски влијанија, пред се Русија“, изјави неодамна Хасани. „Пред неколку години Балканот повторно стана геополитичко игралиште“ и за Турција и за САД, рече Александра Томаниќ. Франс прес потсетува дека Србија во октомври потпиша договор за слободна трговија со Кина, која стана нејзин втор најголем трговски партнер. За борба против овие влијанија, ЕУ неодамна стави шест милијарди евра на маса, во форма на план за раст чија цел е приближување на Балканот до Брисел. „Комисијата сака да се придвижи брзо бидејќи е важно да ја сигнализираме нашата желба да продолжиме напред со Балканот“, изјави за АФП шефот на мисијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре. Планот е структуриран околу четири столба - интеграција на единствениот пазар, регионален заеднички пазар, забрзување на фундаменталните реформи и зголемена финансиска помош. Сепак, „плаќањата ќе бидат предмет на строги услови во однос на спроведувањето на реформите“, предупредија амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, со акцент „на координацијата на партнерите за заедничката надворешна и безбедносна политика“. Дали е ова начин да се прекинат врските на Балканот со Русија, праша Франс прес. Од февруари 2022 година, Србија, која во голема мера зависи од Москва за увоз на гас, одбива да примени санкции против Русија. „Од економска гледна точка, руските интереси во енергетскиот сектор постојат, дури и ако отворивме алтернатива со интерконекција со Бугарија, финансирана од европските фондови“, рече Жофре. Шефот на мисијата на ЕУ додаде дека не смее да се заборави дека 60 отсто од странските инвестиции во Србија доаѓаат од ЕУ и дека повеќе од 60 отсто од трговијата е со ЕУ. „Ние сме првиот економски актер“, додаде Жофре. „Владата на Србија покажува интерес за планот за раст и неговата филозофија. Србија ја сфати важноста на иницијативата“, рече шефот на мисијата на ЕУ. Агенцијата Франс прес потсети дека на крајот на февруари, во долга објава на Инстаграм, српскиот претседател Александар Вучиќ, чии „антиевропски испади се чести како и состаноците со рускиот амбасадор“, дури се залагаше за поголема интеграција. Ја повторив решеноста на Србија да продолжи со процесот на реформи и европска интеграција“, напиша тогаш Вучиќ. Според последните анкети, само 32 отсто од Србите веруваат во ЕУ, 77 отсто во Албанија, 54 отсто во Црна Гора и 57 отсто во БиХ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook