Балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди во НОБ - Канал 5

Балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди во НОБ

Во Националната опера и балет вечер ќе се изведе балетската претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди во НОБ

Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат нашите балетските првенци - Мими Поп Алексова Атанасовска и Бобан Ковачевски заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: 27,5 проценти од Европејците не можeле да си дозволат седумдневен одмор

Според Евростат, 27,5 проценти од Европејците не можeле да си дозволат седумдневен одмор во 2025 година.

Евростат:  27,5 проценти од Европејците не можeле да си дозволат седумдневен одмор

Финансискиот притисок им отежнува на Европејците да одат на еднонеделен одмор, при што речиси тројца од 10, или 27,5% од населението на ЕУ признаваат дека не можат да си го дозволат тоа, според најновите податоци објавени од Евростат.

Во 2025 година, 27,5 проценти од населението на Европската Унија(ЕУ) на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела одмор надвор од местото на живеење.

Овој удел се зголемил за 0,5 процентни поени во споредба со 2024 година, но е значително помал (за 7,7 процентни поени) отколку пред една деценија, во 2015 година, објави Европскиот завод за статистика – Евростат.

Најголем дел од луѓето кои не можеле да си дозволат една недела одмор се забележани во Романија (61,4 проценти), Грција (46,6), како и во Бугарија и Унгарија (39,1 процент во обете земји).

Во Грција, 46,6% изјавиле дека не се во можност да платат за еднонеделен одмор. Грција е на претпоследната позиција меѓу земјите од ЕУ и само над Романија, каде што 61,4% изјавиле дека не можат да си дозволат одмор.

Спротивно на тоа, 10,6 проценти од луѓето во Луксембург, 12,4 во Шведска и 12,8 проценти во Холандија изјавиле дека не можат да си дозволат една недела одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Намален бројот на прегледи во Гостивар, засилени мерките против западнонилска треска

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош.

МЗ: Намален бројот на прегледи во Гостивар, засилени мерките против западнонилска треска

Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во болницата се хоспитализирани четири пациенти.

Од почетокот на следењето, во двете здравствени установи се извршени вкупно 4.483 први прегледи. До надлежните институции се доставени 1.014 формални пријави за заразна болест, а обработени се 706 нови епидемиолошки анкети, со што е постигната покриеност од 70 проценти.

Надлежните здравствени институции продолжуваат со засилен епидемиолошки надзор, прибирање и обработка на податоците, анкетирање на пациентите и координирано спроведување на сите неопходни мерки за заштита на населението. Намалувањето на бројот на прегледи е охрабрувачки показател, но состојбата и натаму внимателно се следи.

Состојба со западнонилска треска

Заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска.

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба.

Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје да спроведе дополнителна терестичка, односно земјена адултицидна дезинсекција против комарци. Вонредниот третман беше спроведен во текот на ноќта како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од ширење на инфекцијата.

Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје и здравствените установи остануваат во постојана координација и навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови сознанија и преземени активности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС

Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС, Министерството за здравство знаело но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва.

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДС

Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода.

Со години граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДС располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана.

Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни неправилности, а институциите не презеле соодветни мерки ниту навреме ги предупредиле граѓаните да не ја користат водата. Тоа отвора сериозни прашања за институционалната одговорност и за начинот на кој било заштитувано јавното здравје.

Венко Филипче се обидува да зборува за заштита на здравјето на граѓаните, додека тој знаел за овие анализи, а молчел и криел од јавноста. Документите и фактите покажуваат дека токму во периодот кога Филипче беше министер, Министерството за здравство располагало со извештаи за небезбедна вода, а јавноста останала без информација.

Документите покажуваат конкретни случаи:

На ден 12.08.2021 година, чешма во здравствен дом во М.Каменица не била исправна.

На 27 јули 2021 година е констатирана неисправна вода на чешма пред училиште во село Гумалево, Општина Зелениково.

На 29 јуни 2021 година, по земена мостра од локален водовод во Дебарца, е утврдено отсуство на резидуален хлор, поради што водата била небезбедна за пиење.

На 11 мај 2021 година, во Требеништа, Општина Дебарца, е утврдена микробиолошка контаминација и присуство на бактеријата Ешерихија Коли.

На 6 јули 2021 година, во одморалиштето Пониква кај Кочани, анализите покажале дека водата не ги исполнува законските стандарди поради зголемен број бактерии и присуство на Ешерихија Коли. Сето ова додека Филипче е министер за здравство и до него биле праќани овие извештаи.

Ако овие информации биле познати на Министерството за здравство, зошто граѓаните не биле известени? Зошто Филипче како министер и СДС тогаш молчеле и не го решиле овој проблем? Зошто не биле преземени мерки за отстранување на ризикот? И зошто денес оние што молчеле се обидуваат да држат лекции за јавно здравје?

Дали Венко Филипче како министер и доктор ја прекршил и Хипократовата заклетва и дозволил граѓаните да консумираат вода која претставувала ризик за здравјето на тие кои ја консумираат?

Молчењето кога постојат информации за небезбедна вода не смее да остане без одговорност.

Поднесени се пријави до Министерството за внатрешни работи. Очекуваме Јавното обвинителство темелно да го испита целиот случај, да утврди дали постоело прикривање на информации и дали со непостапувањето биле загрозени здравјето и животите на граѓаните.

Одговорност мора да има. Никој не смее да биде над законот, без оглед на функцијата што ја извршувал.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер