Балетот „Ана Каренина“ вечер во НОБ - Канал 5

Балетот „Ана Каренина“ вечер во НОБ

Во Националната опера и балет (НОБ) вечер и на 26 јуни ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Ана Каренина“,  со избрана музика од Петар Илич Чајковски.

Балетот „Ана Каренина“ вечер во НОБ

-Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичката, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој, соопштија од НОБ.

Како што посочуваат, во повеќе од два часа, балетските уметници од Националната опера и балет со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

Во главните улоги ќе настапат Мими Поп Алексова Атанасовскa, Марија Кичевска Шокаровска, Бобан Ковачевски (Балаж Лочеи, Унгарија), Гиљерме Алвез (Португалија).

Настапуваат истакнати солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Бутел: Започна изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“

Мицкоски од Бутел: Започна изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“

„Добар ден и од мене.

Убав ден денес, сабота овде во Бутел се почнува нешто ново, базен, се довршува нешто што веќе е започнато, доградбата на училиштето „Ацо Шопов“ и мислам дека сето ова ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел од овој дел од Радишани.

Чувствувам дека со овие проекти успеваме полека но сигурно да обезбедиме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ целата територија на државата, тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел полека но сигурно ги завршуваме со воведување во работа или поставување камен темелник оние проекти коишто сè уште кои не беа отпочнати, оние коишто се отпочнати ги завршуваме и веќе размислуваме за следната 2027 година да реплицираме слична ваква иницијатива бидејќи навистина се покажа како успешна.

Да му честитам на градоначалникот за посветената работа којашто ја прави овде во Бутел, да се заблагодарам на советниците што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Бутел, на пратеничката којашто доаѓа оттука од Општина Бутел којашто секогаш се бори за проект повеќе, да се заблагодарам на мојата колешка од Владата, министерката за образование и на сите впрочем колеги од Владата коишто го препознаа проектот и даваат голема поддршка за истиот да се реализира во повеќе ресори, проектот на децентрализирање на средства од централниот буџет кон општините. Она коешто можам да го кажам од името на Владата е дека остануваме посветени и во периодот којшто следи на реализирање на проекти и на исправање на сите оние недостатоци коишто за жал во минатото се таложеа.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата запленета голема количина дрога

Во голема полициска акција во Скопје, полицијата открила поголема количина наркотични средства, а две лица се приведени.

Полицијата запленета голема количина дрога

Според информациите од МВР, по претходно обезбедена судска наредба бил извршен претрес во стан што го користеле две лица, кои претходно биле лишени од слобода.

При претресот биле пронајдени и одземени околу 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, лсд, хашиш масло и халуциногени печурки.

Од МВР информираат дека приведените се задржани во полициска станица, а до надлежното основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава по итна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење"

Денеска објавуваме уште еден скандал.

СДСМ:  Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење"

Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, во суштина ништо не се менува во тендер-коалицијата.

Новите имиња се само нова амбалажа за истото корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните.

Газдата останува ист, Христијан Мицкоски.

Антикорупцискиот тим постојано се бори и го разобличува криминалното владеење.

Денеска ќе покажеме што значи за Мицкоски „доброто владеење“.

Погодувате веднаш, бизнис, тендери, злоупотреби.

За ресоротот „добро владеење“ Мицкоски го планирал Димитар Димовски.

А кој е Димитар Димовски?

Долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во хидроцентралите.

Прво Мицкоски го постави до себе во Владата како секретар за јавни политики, сега го унпаредува.

Неговата сопруга, Ефимија Димовска, Мицкоски ја постави во Развојната банка, институција што одлучува за кредитни линии, финансирање и енергетски проекти иако има фирма која е поврзана со енергетика.

Но, освен бизнис партнер на Мицкоски и дел од бизнис мрежата, Димитар Димовски е и условно осуден во случајот „Топлик“ за продажбата на државно земјиште во „Сончев град“ во Сопиште. Бил и меѓу обвинетите и за случајот „Шпански скали“, поврзан со „Скопје 2014“.

Како може лице условно осудено за злоупотреби, бизнис партнер на Мицкоски да биде задолжено за добро владеење, борба против корупцијата, судир на интереси?

Со криминална организирана група на власт можно е.

Во ниту една нормална демократска и европска земја ова не е можно.

Ова е врв на политичкиот цинизам и потврда на се што досега говориме:

Цела влада е ставена во функција на бизнис интересите на Мицкоски и на ВМРО-ОКГ.

Владата е претворена во приватна фирма, партиски ДООЕЛ во која најважни се бизнис партнерите, кумовите и блиските луѓе на Мицкоски.

Ништо друго.

Приватен круг за бизнис зделки и криминални тендери.

Димовски треба да биде разрешен од позицијата во Кабинетот на Мицкоски а не да биде унапреден.

Кога човек условно осуден за злоупотреби и бизнис партнер на Мицкоски се бира за „доброто владеење“, тогаш станува јасно дека под оваа власт корупцијата наградува.

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски - член на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 04.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер