Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини
1Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини
3Голем економски удел на странските компании, подобри плати за работниците и сооднос со домашните компании
Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
1Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
ЖивотБакингемската палата ќе се реновира Бакингемската палата во Лондон се затвора и нема да прими државни посети следниве три години, поради реновирање и обемни работи коишто ќе чинат 369 милиони фунти, т.е. повеќе од 444 милиони евра.Реновирањето на британската кралска Бакингемска палата почна во 2017 година, со цел промена на старите кабли и водоводот, коишто не биле сменети од 1950-тите и може да предизвикаат пожар или поплави. Резиденцијата на монарсите последен во декември ќе ја посети катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани. После тоа, сите државни посети ќе бидат организирани во замокот Виндзор. Програмата за реновирање на палатата, финансирана со државен грант од даночните обврзници, ќе продолжи до 2027 година. И кралот Чарлс Трети го преселил својот приватен деловен простор поради работите во палатата. Просторот во северното крило, кој тој претходно го окупираше, го користела покојната кралица Елизабета Втора како нејзин личен стан. Во јули, посетителите првпат имаа пристап до просториите во источното крило што традиционално се затворени за јавноста, вклучувајќи го и познатиот кралски балкон. Градежните работи налето ќе бидат привремено прекинати за да им се овозможи на туристите да влезат во просториите каде што вообичаено се организираат државни посети на Бакингемската палата во тој дел од годината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
РакометМакедонија заедно со Словенија и Србија се кандидира за домаќин на ЕП во ракомет во 2034. Српската ракометна федерација објави дека, заедно со федерациите на Словенија и Македонија, официјално поднела кандидатура за организација и домаќинство на Европското првенство во ракомет во 2034 година.Како што е наведено, кандидатура за домаќин поднеле и Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Шведска и Турција, а Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе донесе одлука следната година на својот редовен Конгрес. - Заедничката кандидатура ќе претставува проект кој, покрај спортскиот сегмент, ќе вклучува и институционална поддршка од владите на Србија, Словенија и Македонија, а во текот на следниот период, трите федерации и надлежните институции ќе работат на подготовка на комплетна кандидатура, која ќе ги вклучува сите потребни организациски, инфраструктурни, логистички и други аспекти важни за организацијата на еден од најголемите европски спортски настани - соопшти Српската ракометна федерација. Се додава дека за Србија, Словенија и Македонија, заедничката кандидатура претставува и потврда за намерата трите земји дополнително да го поврзат својот спортски потенцијал и да настапат заедно на европската спортска сцена. - Српската ракометна федерација, како и федерациите на Словенија и Македонија, ќе продолжат интензивна соработка во подготовката на кандидатурата во наредниот период, со цел заедничкиот проект да се претстави пред ЕХФ како сериозна и сеопфатна кандидатура за домаќинство на Европското првенство во 2034 година - соопшти Српската ракометна федерација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаМинистерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните срединиМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес потпиша девет договори за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој. Вкупната вредност на договорите изнесува 1.283.889 денари. Поддржаните манифестации се посветени на промоцијата на домашните земјоделски производи, подобрувањето на нивната препознатливост, непосредното поврзување на производителите со потрошувачите, како и афирмацијата на локалната традиција, гастрономијата и руралниот туризам. „Најкраткиот пат од нивата до пазарот понекогаш започнува на локалниот плоштад, место каде што производителот може лично да застане зад својот производ, да го понуди и да му овозможи на потрошувачот да ја препознае неговата вредност. Со оваа поддршка отвораме простор локалните заедници да го претстават најдоброто што го создаваат, а манифестациите да донесат конкретна придобивка за изложувачите и локалните производители“, истакна министерот Серафимовски. Поддршка за организирање манифестации добија: -„Еко кам мед“ од Македонска Каменица за „Денови на медот во Македонска Каменица“; - „Ума Сто“ од село Умин Дол за „Есенско пазарче“; - „Слоу фуд Лихнидос“ од Охрид за „Вкусови на ферментацијата – органско производство на храна“; - Општина Босилово за „Ајверијада во Општина Босилово 2026“; - Општина Василево за „Ден на празот“; - Општина Ново Село за „Костенијада“; - Општина Чучер-Сандево за „Традиција на Скопска Црна Гора“; - Општина Ресен за „Преспански јаболкобер“; - Општина Кочани за „Денови на кочанскиот ориз“. Избраните манифестации ќе се реализираат во периодот од 10 септември до 31 декември 2026 година. Преку нив ќе се промовираат производство на мед и органска храна, локални земјоделски производи и традиционална гастрономија. Со реализацијата на оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја продолжува поддршката за здруженија и единици на локалната самоуправа во организирањето манифестации што ја зголемуваат видливоста на домашните производители, ја поттикнуваат локалната економска активност и придонесуваат за развој на руралните средини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеТемпературните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотициНиските утрински температури, а поладневните летни повисоки ги зголемија настинките кај педијатрите и семејните доктори. Чести се вирусните инфекции со зголемена температура до 38. Најмногу на удар се децата во градинка и децата од помалите одделенија. Докторите со совет за слојно облекување, потопло наутро, а веќе од попладне во летна облека. „Многу е важно веќе да се почне со витамин Д, децата да се рехидрираат и да не се посегнува по антибиотици“, вели д-р Мира Атанасова педијатар. И во детската клиника Козле во амбулантите се зголемени ангините и респираторните инфекции кај малите деца. Промената на температурата е голема главоболка и за метереопатите, промена во притисокот, слаба концентрација и проблеми со спиењето, објаснува Атансова. „Редовно земање на терапија, да се оди на прошетки кога е стабилно времето. Промените на времето многу предизвикуваат промена и со крвниот притисок, истиот редовно да се контролира“, вели д-р Мира Атанасова педијатар. Од УХМР за утре најавуваат топло и стабилно време од недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник ќе има пад на температурите максималните температури ќе бидат 25 степени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook