Бајру бара поддршка во Парламентот пред гласањето за доверба - Канал 5

Бајру бара поддршка во Парламентот пред гласањето за доверба

Во Парламентот на Франција започна вонредна седница, за време на која ќе се одржи гласање за доверба на премиерот Франсоа Бајру, што е веќе третпат за една година.

Бајру бара поддршка во Парламентот пред гласањето за доверба

Бајру го свика гласањето, со што заврши летната пауза на пратениците и побара од нив да ги поддржат неговите планови за намалување на јавниот долг.

Бајру беше назначен за премиер од францускиот претседател Емануел Макрон во декември лани, и ако пратениците гласаат против него, тој ќе мора да поднесе оставка од владата.

Пратениците ќе гласаат по говорот на Бајру, а можат и да се воздржат.

Макрон го распушти Парламентот во јуни минатата година и свика избори кои завршија без доминантна коалиција на чело за прв пат од основањето на Француската Република.

Во парламентот има повеќе од 320 пратеници од крајно левичарските и крајно десничарските партии кои рекоа дека ќе гласаат против владата на Бајру, која е поддржана од 210 центристи и сојузнички конзервативци.

Бајру вчера ја изрази својата загриженост за поврзаноста на пратениците со спротивставени идеолошки ставови против него - левицата и десницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешки фотографии на српска ТВ водителка ги „запалија“ социјалните мрежи

Младата српска ТВ водителка Маша Михаиловиќ објави фотографии од својот одмор по раскинувањето на свршувачката и привлече големо внимание кај своите следбеници.

Фото: Жешки фотографии на српска ТВ водителка ги „запалија“ социјалните мрежи

Водителката на популарно реално шоу Маша Михаиловиќ, привлече големо внимание во јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографии од својот одмор.

Атрактивната водителка позираше во минијатурно бикини во маслинесто-зелена боја, истакнувајќи ја својата затегната фигура и изгледот на кој со години ѝ завидуваат многубројни следбеници.

Фотографиите од песочната плажа, направени за време на зајдисонцето, за кратко време предизвикаа бројни реакции, а комплиментите за нејзиниот изглед постојано пристигнуваа.

Со својот изглед, Маша уште еднаш покажа зошто важи за една од најистакнатите телевизиски личности во регионот, а нејзините следбеници особено ја истакнаа самодовербата и енергијата што ги покажа по големата животна промена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни повторно најде причина да го покаже своето тело

Холивудската убавица актерката Сидни Свини, уште еднаш најде причина да го покаже своето тело.

Фото: Сидни повторно најде причина да го покаже своето тело

Сидни Свини повторно го привлече вниманието на јавноста. Таа го искористи својот добро познат трик – односно брендот – за да најде повод да ги покаже своите облини .

Сексапилната актерка деновиве е вистинска атракција, како во реалниот свет, така и на социјалните мрежи. Таа често е активна на Инстаграм, каде што објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзината најнова објава предизвика вистинска помпа меѓу обожавателите на нејзините облини.

Се чини дека популарната актерка пронашла доволно добра причина повторно – по којзнае кој пат – да ги покаже своите прекрасни облини и бујни гради.

Таа ја претстави новата колекција на својот бренд за долна облека SYRN, а кампањата веднаш привлече големо внимание во јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата Mazda MX-5 добива електричен погон

Автомобилскиот гигант Mazda потврди дека следната генерација на MX-5 (Miata) ќе може да поддржи целосно електричен погон, иако бензинскиот мотор сè уште не е предодреден за историјата. 

Новата Mazda MX-5 добива електричен погон

Извршниот директор на Mazda, Масахиро Моро, изјави дека новиот MX-5 мора да биде подготвен за иднина во која моторите со внатрешно согорување можеби повеќе нема да бидат дозволени поради сè построгите еколошки прописи.

Сепак, компанијата има за цел да ги зачува квалитетите по кои моделот е познат – мала тежина и врвно возачко искуство.

За разлика од многу производители кои користат скапи материјали како што се јаглеродните влакна, Mazda планира да ја намали тежината на конструкцијата преку употреба на конвенционални материјали и попаметни инженерски решенија.

Целта е новиот MX-5 да тежи меѓу 1.000 и 1.200 килограми, што би било исклучително малку за електричен спортски автомобил.

Во понудата ќе остане и верзија со бензински мотор. Покрај електричната верзија, се очекува и нова варијанта со бензински мотор – 2,5-литарски четирицилиндричен агрегат од серијата Skyactiv-Z, кој веројатно ќе вклучува и технологија на благ хибрид.

Моќноста би можела да достигне околу 220 КС. Новата генерација на MX-5 нема да пристигне пред 2028 година, додека актуелниот модел – претставен уште во 2015 година – ќе остане во производство сè дотогаш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер