МакедонијаБајовски: Извршено е мерење на радиоактивен фон во РЕК Битола и тој не е многу поголем Извршено е мерење на радиоактивен фон во РЕК Битола и тој не е многу поголем од природниот фон на зрачење.Има извршено мерење на радиоактивен фон во РЕК Битола и тој „не е многу поголем“ од природниот фон на зрачење, изјави денеска в.д. директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност Зоран Бајовски на одбележувањето 20 години од формирањето на независниот национален регулаторен орган. На новинарско прашање дали Дирекцијата има надлежност врз работењето на РЕК Битола, откако неодамна се издигна радиоактивен пепел од нејзиното работење, Бајовски рече „извршено е мерење во 2024 година и сега од страна на еден од техничките сервиси и констатирано е дека тој не е многу поголем од дозволениот природен фон на зрачење“. – Македонија нема нуклеарна централа, ниту нуклеарно гориво, но не е имун на природниот фон на зрачење којшто го создава самата природа. За РЕК Битола, конкретно, не е многу поголем од дозволените граници. Извршено е мерење и во 2024 година и сега од страна на еден од техничките сервиси и констатирано е дека тој не е многу поголем од дозволениот природен фон на зрачење. Мислам дека беше помалку од 5.000 нанохири, но не ме држете за збор, да не шпекулираме со бројки, доколку сакате ќе ви ги доставиме тие во писмена форма, рече Бајовски. Природниот фон на зрачење, вели, го има и во моментов, бидејќи, како што појасни, сите ние сме и сега изложени на јонизирачко зрачење кое што е во граници на нормала. – Природниот фон го имаме и тука надвор, ние сме и сега изложени на јонизирачко зрачење и тоа е во граници на нормала кај што не е штетен за нашиот организам. Сите работници кои што се професионално изложени според закон во Република Македонија мора да носат лични дозиметри. Тие дозиметри се учитуваат на месечно ниво и извештаите ги добиваме ние како Дирекција. Дозволените граници се 0,9 микросиверт, рече Бајовски. Изминативе две децении, појасни, Дирекцијата ја има клучната улога на контрола, надзор и лиценцирање на сите активности поврзани со јонизирачко зрачење, кое вклучува медицински, индустриски, образовни и истражувачки апликации. Посочи дека во рамки на Дирекцијата постои и инспекциски надзор кој врши контроли на сите правни субјекти којшто вршат дејност со јонизирачко зрачење. – Во делот на Дирекцијата имаме и инспекциски надзор, со кој е покриена целата територија на земјава којшто врши контроли на сите правни субјекти кои што вршат дејност со јонизирачко зрачење. Изминатата 2024 година издадени се вкупно 237 лиценци и дозволи на стоматолошки ординации, радио терапија, радијациона рендген дијагностика, нуклеарна медицина, производство на радиофармацевтици, како и индустриска радиографија. Во делот на инспекцискиот надзор, Дирекцијата врши контрола, а во изминатата 2024 година има спроведено 151 редовна контрола, 22 вонредни контроли и 51 контролирана контрола, односно на веќе издадени дозволи. Од вкупниот број на извршени инспекции кај 61 правно лице е најдена неправилнсот, со нив се постапува со оглед на законските рамки, посочи Бајовски. Дирекцијата има 11 вработени, но, како што рече, таа не треба да биде гломазна административна институција. Нагласи дека се соочуваат со проблем за изнаоѓање на физичари, односно соодветен кадар во делот на медицинска физика и физика. – Ни треба соодветен кадар во делот на медицинска физика и физика, но имаме проблем со изнаоѓање на физичари кои што треба да работат во Дирекцијата, бидејќи многу малку се продуцираат во образовниот процес во Македонија, но тоа не е во наша надлежност. Лиценците се вадат на секои три години за сите правни субјекти. Инспекторите си го задржуваат правото за еднаш годишно да ги посетат сите институции и ако констатираат неправилности најпрво се изрекуваат одредени мерки за корегирање на тие неправилности. Доколку не ги корегираат имаме времено затворање и трајно затворање со пломбирање. Изминатиов период е пломбирана само една стоматолошка ординација од тие 61 што ги спомнав, другите се во тек на постапка за комплетирање на документите, бидејќи во нашата држава само четири технички сервиси вршат амбиентални мерења и тие се доволни за покривање на целата територија, рече Бајовски. На новинарско прашање дали кај некоја од државните институции има утврдено неправилности, Бајовски рече дека се изнаоѓаат начини за корекција кај сите институции кои што имаат пропусти. Во јавните институции каде што има јонизирачко зрачење, вели, проблем се вработените со договор на дело. – Во јавните институции проблем се вработените со договор на дело што се во институциите каде што има јонизирачко зрачење. Тука спаѓаат рендген апарати којшто продуцираат икс зраци од струја и од отворени извори на зрачење како што се радиотерапија со иридиум на Клиниката за онкологија и радиотерапија или на Институтот за патофизиологија. Неправилности во овие институции нема, туку неправилностите се во некои помали стоматолошки ординации, каде што ги менуваат вработените и не ни доставуваат листа на вработени одговорни лица кои што работат со апаратот за радиодијагностика. За секоја промена тие треба да ја известуваат Дирекцијата, посочи Бајовски. Тагови: РЕК Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16