Бајден зборуваше со Зеленски за новата помош од 1 милијарда долари во оружје

Американскиот претседател Џо Бајден разговарал телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред најавата за 1 милијарда долари безбедносна помош и друга хуманитарна помош за Украина во услови на тековната руска инвазија.

„Ја потврдив мојата посветеност дека Соединетите Држави ќе застанат покрај Украина додека ја брани нејзината демократија и го поддржуваат нејзиниот суверенитет и територијален интегритет наспроти неиспровоцираната руска агресија“, рече Бајден.

Тој продолжи: „Го информирав претседателот Зеленски дека Соединетите држави обезбедуваат уште една милијарда долари безбедносна помош за Украина, вклучително и дополнително артилериско и крајбрежно одбранбено оружје, како и муниција за артилерија и напредни ракетни системи што им се потребни на Украинците за поддршка на нивната одбрана во операциите во Донбас. Денеска во Брисел разговаравме и за напорите на секретарот Остин да ја координира дополнителната меѓународна поддршка за украинските вооружени сили“.

Соединетите држави, исто така, ќе обезбедат хуманитарна помош од 225 милиони американски долари, за која Бајден рече дека ќе биде наменета за „снабдување безбедна вода за пиење, медицински материјали и здравствена заштита, храна, засолниште и готовина за семејствата да купат основни работи“.

Двајцата последен пат разговарале телефонски во април, објави Си-Ен-Ен.

Бајден изјавил дека Јапонците се ксенофоби, реагира Токио

Јапонија денеска оцени дека зборовите на американскиот претседател Џо Бајден, кој азискиот сојузник го опиша како „ксенофоб“, како Кина и Русија, се жалосни и погрешни.

Бајден на состанокот за кампањата во средата рече дека сојузниците Јапонија и Индија и ривалите Кина и Русија се во неволја поради нивното одбивање да примат имигранти.

„Зошто Кина е толку во економска стагнација? Зошто Јапонија има проблеми? Што е со Русија? Што е со Индија? Затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат имигранти“, рече американскиот претседател, според извештаите на печатените медиуми објавени во четвртокот. Како одговор, јапонската влада денеска објави дека е „за жалење што беа дадени коментари кои не се засноваат на точно разбирање на јапонската политика“.

Забелешките на Бајден дојдоа помалку од еден месец откако тој беше домаќин на јапонскиот премиер Фуми Кишида на гала вечера, што е ретко прикажување на политичка наклонетост. Белата куќа брзо се обиде да ги ублажи неочекуваните критики на американскиот шеф на државата кон Јапонија.

„Ставот што претседателот го бранеше, и мислам дека луѓето ширум светот се свесни за тоа, е дека Соединетите Држави се земја на имигранти, тоа е во нашата ДНК“, објасни во четвртокот портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Токио покажа дека го слушнал ова појаснување. „Го забележавме објаснувањето од американската влада дека овие коментари не се дадени со цел да се поткопаат важноста и одржливоста на односите меѓу Јапонија и САД“, се вели во соопштението.

Милијардерот Мурдок (92) ќе се жени со поранешната тешта на олигархот Роман Абрамович

Милијардерот Руперт Мардок е фотографиран со неговата свршеница, 25 години помладата Русинка Елена Жукова.

Парот е фотографиран како го шета своето куче, а окото го привлече огромниот веренички прстен на Елена.

Венчавката ќе се одржи во Калифорнија, во Murdoch's Vineyard and Moraga Estate, а на Руперт ова му е шеста свршувачка. Американскиот милијардер и медиумски магнат минатата година се вери со Ен Лесли Смит, но свршувачката траеше само две недели.

Мардок и Жукова беа сликани заедно во август минатата година, откако раскина со поранешната свршеница. Жукова, по професија молекуларен биолог, е мајка на Даша Жукова, поранешната сопруга на рускиот олигарх Роман Абрамович.

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев - одбележана 121 годишнина

Владина делегација ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 121 годишнина од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода.

Пред саркофагот на великанот се поклонија и му оддадоа почит и Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и делегациите на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на дипломатскиот кор, на политичките партии како и други почитувачи на делото на Гоце Делчев.

Денес се сеќаваме на големото дело на Гоце Делчев како срцевина на македонската револуционерна и интелектуална борба за македонска држава која е еднаква за сите. Тој се бореше и го положи својот живот за слободна и независна Македонија, неговите идеали и заложби се наша заедничка обврска да продолжиме да градиме демократска и економски напредна земја. Вечен останува споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, соопштуваат од Владата.

притисни ентер