Бајден вети обнова на Газа, Блинкен ќе го посети регионот

Американскиот претседател Џо Бајден вети хуманитарна помош и реконструкција на уништените објекти во Газа, поздравувајќи го договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестински Хамас по 11-дневни борби.

Бајден, кој се појави на прес-конференција во Белата куќа непосредно по објавувањето на примирјето, исто така вети дека ќе го зајакне израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола", и покрај забелешките на демократите за потенцијална продажба на оружје на Израел во вредност од 735 милиони американски долари.

Бајден рече дека САД ќе соработуваат со Обединетите нации и другите големи меѓународни играчи за да обезбедат брза хуманитарна помош и обнова на уништените објекти.

Американскиот претседател истакна дека обновата ќе се изврши во партнерство со палестинската самоуправа, а не со Хамас, кој САД го сметаат за терористичка организација.

– Сакаме да направиме обнова со палестинските власти, не со Хамас, на начин кој не дозволува Хамас само да ги обнови своите залихи на арсеналот, рече Бајден.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека државниот секретар Ентони Блинкен ќе отпатува во регионот во наредните денови за да се состане со израелски, палестински и регионални лидери за да разговара за реконструкција и заедничка работа на изградба на „подобра иднина за Израелците и Палестинците".

Примирјето се случи по неколку дена интензивна дипломатска активност, при што Бајден разговараше со двајца лидери меѓу кои постои тензија – шест пати со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и еднаш со египетскиот претседател Абел Фатах ал-Сиси.

Вчерашниот разговор со Ал-Сиси е прв откако Бајден ја презеде функцијата во јануари.

Египет, кој има мировен договор и дипломатски односи со Израел, исто така одржува контакти со Хамас и отсекогаш играл важна улога во смирување на ситуацијата во Појасот Газа.

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

 Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување.

Бензините поевтинуваат за денар ипол, а дизелот за еден денар по литар

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто.

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 88, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,829 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,832 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,438 отсто, кај дизелот за 2,100, кај екстра лесното масло за 2,605 и кај мазутот за 1,907 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,407 отсто.

На Агенцијата за хуманитарна помош на ОН и бил забранет пристап до преминот Рафа во Газа

Агенцијата за хуманитарна помош на ОН денеска соопшти дека израелските власти ѝ забраниле пристап до граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, кој сега е под контрола на израелската армија.

- Рафа е на нишан, рече Јенс Лаерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, на редовен брифинг во Женева.

- Израелските одбранбени сили ги игнорираат сите предупредувања што тоа би можело да значи за цивилите и хуманитарните операции низ Појасот Газа. Мислам дека е фер да се каже дека извештаите што ги добивме од колегите на терен се дека завладеала паника и очај, луѓето се преплашени, истакна тој.

Лаерке рече дека 76 отсто од Газа е под наредба за евакуација и на луѓето во Рафа не им е дадено доволно време да ги исполнат тие наредби.

Лаерке предупреди дека ОН и нивните партнери во Газа имаат гориво за еден ден, главно дизел за да управуваат со камиони и генератори.

Портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права Равина Шамдасани изјави дека Израел има обврски врз основа на меѓународното хуманитарно право на цивилите во Газа да им обезбеди пристап до медицинска нега, соодветна храна, вода за пиење и санитарни услови.

Таа го изјави ова неколку часа откако израелските сили ја презедоа контролата на граничниот премин Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

- Неисполнувањето на овие обврски се граничи со принудно раселување, што е воено злосторство, додаде таа.

За израелската операција во Рафа, таа рече дека постојат силни индиции дека таа го прекршува меѓународното хуманитарно право. /МИА

притисни ентер