3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
СветБајден вети дека Украина нема да користи американско оружје за да ја нападне МоскваПретседателот Џо Бајден инсистираше на тоа дека американското оружје нема да се користи за напад врз Москва, откако даде зелено светло на Украина да напаѓа цели во Русија со оружје што го испорачува Западот.-Имаат одобрение да се користат во близина на границата кога се користат од другата страна на границата за напад на одредени цели во Украина. Не дозволуваме напади на 200 милји во Русија и не дозволуваме напади врз Москва, врз Кремљ, изјави Бајден во интервјуто за Еј-Би-Си Њуз. Бајден рече дека оружјето испорачано од САД било за удар „веднаш преку границата, од каде што добиваат значителен оган од конвенционалното оружје што го користат Русите за да одат во Украина за да убиваат Украинци. Американските власти минатата недела рекоа дека Вашингтон делумно ги укина своите ограничувања за да и овозможи на Украина да го брани својот источен регион Харков, кој граничи со Русија. Промената во ставот на САД беше припишана од официјалните лица на руското секојдневно удирање на Харков, вториот по големина град во Украина. Германија, исто така, соопшти дека и дала дозвола на Украина да пука со оружје доставено од Германија врз цели во Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТехеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но... Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека Техеран сè уште верува оти дипломатијата би можела да ја стави крај на војната со Соединетите Американски Држави.Арагчи изјави за државниот весник „Иран“ дека Техеран бара „договор со кој ќе се осигура дека нема да има повеќе војна“ и дека, пред преземањето на натамошни чекори, бара гаранции оти Вашингтон сериозно пристапува кон преговорите, пренесе Ројтерс. Тој додаде дека Иран со посредниците разговарал за формата и природата на мерките за градење доверба. Како една од „црвените линии“ за Иран, тој го наведе задржувањето на збогатениот ураниум во земјата, но изрази уверување дека е можно да се постигне „праведно решение“. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Иран сака договор, но не под услови што би биле прифатливи за него. „Тие сакаат договор, но не сакаат договор што би бил прифатлив за мене“, рече Трамп на прес-конференција . Катарски и ирански претставници се сретнаа во вторникот на разговори насочени кон „усогласување на ставовите и намалување на разликите меѓу предлозите изнесени на терен“, изјави портпарол на катарското Министерство за надворешни работи.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант! НБА ѕвездата Џејмс Харден одигра еден од најдобрите натпревари сезонава досега во најсилното светско првенство, и со дури 51 поен го предводеше тимот на Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128:119, во натпревар од НБА Лигата.На тој начин, искусниот бек стигна до својот 26-ти натпревар во НБА кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант и го зазеде третото место на вечната листа на најдобри стрелци според овој критериум во НБА. Сега, пред Харден се наоѓаат само легендите Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан. Ова беше и неговиот прв натпревар со 50 или повеќе поени по 22 ноември 2025 година, кога постигна 55 поени против Шарлот Хорнетс, настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс. Против Индијана, Харден имаше шут од поле 15 од 26, погоди седум тројки од 11 обиди и беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања (14 од 14). Покрај 51 поен, тој забележа и шест скока и шест асистенции. JAMES HARDEN. 51 POINTS. IT'S HIS MOST POINTS AS A CAVALIER 🤯 CAVS MOVE TO 2-1 IN EMIRATES NBA CUP GROUP PLAY! https://t.co/twWJ4G70Nk — NBA (@NBA) November 21, 2026 Ова беше неговиот најдобар поентерски учинок за Кливленд откако му се приклучи на тимот во февруари, а исто така стана и само шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој постигнал 50 поени на еден натпревар.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСостојбата на Болсонаро наеднаш се влошила: Итно е пренесен во болница Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, е хоспитализиран откако одеднаш почувствувал силни болки во стомакот, а медицинските прегледи покажале дека има речиси целосна опструкција на цревата, изјави денеска неговиот син Карлос БолсонароКарлос Болсонаро на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека неговиот татко ненадејно добил силни болки во стомакот и бил пренесен во болница. Во една од следните објави, тој наведе дека стомакот на Болсонаро бил исклучително надуен при пристигнувањето во болницата, што предизвикало притисок и силни болки. Според него, по извршениот преглед и дијагностичките испитувања, била потврдена речиси целосна опструкција на цревата. Лекарите започнале терапија со лекови во обид да го решат проблемот без потреба од инвазивни медицински зафати. Карлос изјави дека нови информации ќе бидат објавени во текот на следните неколку часа. Тој изрази загриженост за здравјето на својот татко, тврдејќи дека неговата здравствена состојба се влошува поради ограничената подвижност и психолошкиот притисок на кој е изложен додека е во затвор. Тој, исто така, упати критики кон ограничувањата за посети што ги воведе судот, наведувајќи дека му е дозволено да го посетува татко си двапати неделно, при што секоја посета трае по два часа. Карлос Болсонаро оцени дека неговиот татко е изложен на политички прогон и ги повтори тврдењата дека целта на владата е тој да биде убиен. Жаир Болсонаро се наоѓа во домашен притвор, откако во септември 2025 година Врховниот суд на Бразил го осуди на 27 години и три месеци затвор за обид за државен удар по изборите во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08