Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
2Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
3Кинезите тврдат дека наскоро ќе има роботи, кои ќе ги извршуваат домашните работи- претходно работат нешто поинакво
СветБајден со лидерите на Конгресот ги разгледа помошта за Украина и заканата од блокада на ВладатаАмериканскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа ги прими конгресните лидери и изјави дека е неопходно да се најде решение за финансирање на Владата, истовремено и да се даде помош на Украина.Во својот кабинет тој ги прими водечките демократи и републиканци во Претставничкиот дом и во Конгресот. - Претстои да сработиме многу работа, изјави Бајден во овалната соба каде покрај него седеа потпретседателката Камала Харис и четворицата лидери на Конгресот – спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонс, лидерот на демократкото малцинство во домот Хаким Џефрис, лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер и лидерот на сенатските републиканци Мич Меконел. Според Бајден, проблемот со финансирањето на Украина секој ден станува сѐ позаострен. - Сметам дека последиците ќе бидат ужасни, изјави тој. Дискусиите се уште се водат, откако спикерот Џонсон одби да го стави на гласање предлогот за финансии за Украина кој помина во Сенатот. - Претседателот сака да види дека правиме колку што можеме за да се обезбедат интересите на националната безбедност на американскиот народ, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан Пјер. Советникот за национална безбедност на претседателот Бајден, Џејк Саливан претходно за Си-Ен-Ен изјави дека во „Претставничкиот дом постои силно мнозинство подготвено да го усвои предлогот ако биде ставен на разгледување“. -Тоа решение зависи од еден човек и историјата ќе проследи дали спикерот Џонсон ќе го поднесе предлогот на разгледување, додаде тој. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција забрани употреба на шок бомби, откако ученик остана без дланка Употребата на бомбата EF-SON е суспендирана до понатамошно известување во сите полициски операции во Франција, откако 15-годишен ученик во Ленс ја изгуби дланката. Наредбата ја издаде денеска генералниот директор на полицијата, Луј Ложие. Ограничувањето претходно важеше само за протести на средношколци, но сега е проширено на сите оперативни ситуации, според телеграма од генералниот директор на полицијата, која ја виде „Ле Фигаро“. Протестите се во тек низ цела Франција од септември, иницирани од студенти и ученици, барајќи поголеми инвестиции во образовниот систем. Набрзо им се придружија и граѓани незадоволни од високите трошоци за живот. Демонстрантите бараат зголемување на платите и специфични социјални и економски мерки од владата. Синдикатите предупредуваат дека зголемувањето на трошоците за живот ја намалило куповната моќ на вработените и дека голем број вработени во јавниот сектор имаат основна плата пониска од минималната плата. Синдикатите веруваат дека разговорите со француската влада досега не дале конкретни резултати. Премиерот Себастијан Ле Корнеј најави едномесечни разговори за пет области, вклучувајќи и итни мерки за зголемување на минималната плата, но синдикатите инсистираат на општо зголемување на платите, а не само на прилагодувања на минималната плата.Тагови: дланка Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
МакедонијаПретепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главатаВечерва во Ургентниот ценатар на Клинички во Скопје е донесена тешко претепана жена.Жената, според извори на Канал 5 , е во тешка состојба. Ја претепал сопругот, кој е од Гостивар. Според соопштението од Ургентен, 42 годишна жена била примена во 18.08 часот со повреди на градниот кош и главата. Биле констатирани тешки телесни повреди и тоа четири скршени ребра( од седмо до десеетто), парцијален пнеумоторакс, како и отоци на главата. Била пренесена на КАРИЛ поради сериозноста на повредите. Според последните информации жената е во критична состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНикол Шерцингер е поврторно сингл- ја раскина свршувачката, вереникот во чудо (ФОТО)Пејачката Никол Шерцингер и нејзиниот вереник Том Еванс се разделија по седум години врска.Веста за раскинувањето ја потврди 41-годишниот поранешен рагби играч со емотивна објава на Инстаграм. „Со тешко срце објавувам дека Никол и јас повеќе не сме заедно. По седум години љубов, посветеност и верба во заедничка иднина, ова е исклучително тежок период“, напиша Еванс. „Иако не се надевав на ваков исход, ја почитувам одлуката на Никол и ѝ посакувам многу среќа во ова ново поглавје од нејзиниот живот“, додаде тој. 48-годишниот пејач сè уште јавно не ја објавил раскинувањето. Тие се запознале на снимањето на шоуто Никол и Том се запознале во 2019 година на снимањето на „The X Factor: Celebrity“. Тие ја започнале својата врска кон крајот на истата година, а како пар се појавиле јавно за прв пат на почетокот на 2020 година, на црвениот тепих на забавата одржана по доделувањето на наградите „Златен глобус“. Во 2021 година, во интервју за The Sun, Еванс призна дека на почетокот не се осмелил да ѝ се додворува на пејачката. „Мислев дека ќе биде непрофесионално, а таа е убава и шармантна во секој поглед. Мислев дека е едноставно надвор од моите можности“, рече тој во тоа време. Тој исто така се присети на моментот кога се запознаа подобро. „Откако мојот бенд Try Star имаше прилично незгоден настап со „Swing Low, Sweet Chariot“ и таа нè спаси во шоуто, отидовме во нејзината гардероба за да ѝ се заблагодариме. Тоа беше прв пат навистина да ја запознаам и од тој момент немав никакви сомнежи“, рече тој. Планираа свадба на Хаваи Поранешниот рагби играч ѝ предложи брак на пејачката во 2023 година, а таа еднаш откри дека планирале да се венчаат на нејзината родна Хаваи, додека сакале да ја организираат свадбената прослава во Европа. „Прославата ќе биде некаде во Европа. Освен тоа, сè уште не сум размислувала за ништо“, рече таа во 2023 година во разговор со радио водителот Крис Еванс. „Двајцата ја сакаме Португалија, па мислам дека можеме да организираме прослава таму. Не ја познавав Португалија сè додека Том не ме запозна со таа земја, што ме воодушеви“, додаде таа. View this post on Instagram A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger) Пејачката зборуваше и за својата желба за мајчинство Во неколку наврати, Шерцингер отворено зборуваше за својата желба да основа семејство. Во интервју за „Сандеј тајмс“ во 2024 година, таа призна дека се радува на мајчинството, но дека бројните работни обврски ѝ го отежнувале остварувањето на таа желба. „Никогаш не сум се плашела од тоа. Едвај чекам. Времето лета. Сакам дете, но работата ме повикува. Сепак, ќе морам да најдам време бидејќи навистина се радувам на раѓањето деца“, рече таа тогаш. Таа откри и дека нејзината мајка разбира дека сè уште не основала семејство. „Мајка ми знае колку напорно работам и колку ја сакам својата работа. Таа е верник и едноставно знае дека сè се случува во Божјо време“, заклучи пејачката.Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00