Бајден: Републиканците би сакале да го потиснат и укинат правото на глас

Слушајте ме јасно: во денешна Америка во тек е напад, обид за сузбивање и укинување на правото на глас на слободни и фер избори. 

Американскиот претседател Џо Бајден, под притисок на американските лидери за граѓански права, синоќа изјави дека е национален императив да се донесе сеопфатен закон за гласачко право, кој беше запрен во Конгресот поради противење на републиканците, кои, како што рече, сакаат да сузбивање и укинување на избирачкото право.

Според Гласот на Америка, Бајден исто така ги критикуваше републиканците за „големите лаги" за кражбата на изборите во ноември минатата година, на кои го победи Доналд Трамп.

Голем број држави под контрола на републиканците усвоија закони со кои или се ограничува гласањето или се менуваат изборните правила, по тврдењето на Трамп дека претседателските избори во 2020 година биле украдени со помош на манипулации во пребројување на гласовите.

Во говорот во Филаделфија, град кој се смета за родно место на американската нација, Бајден, иако не го спомна неговото име, го нападна Трамп „за лажни обвинувања за изборна кражба".

– Слушајте ме јасно: во денешна Америка во тек е напад, обид за сузбивање и укинување на правото на глас на слободни и фер избори. Голема лага е само тоа – голема лага, рече Бајден, алудирајќи на недокажаните тврдења на Трамп и неговите приврзаници за изборна кражба, додава Гласот на Америка.

Законот за гласачко право, за кој се залага Бајден, има тежок пат во Конгресот, каде што републиканците во Сенатот успеаја да ги блокираат демократите.

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

притисни ентер