Бајден разговарал со Зеленски: Ќе одговориме решително на секаква руска агресија

Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека САД ќе одговорат „брзо и решително“ на понатамошната руска агресија врз Украина, се вели во соопштението од Белата куќа.

Двајцата лидери „се согласија за важноста од продолжување на дипломатијата и одвраќањето како одговор на руското воено зајакнување на границите на Украина“, се вели во соопштението.

Во исто време, Амбасадата на САД за преостанатиот дипломатски персонал на Украина соопшти дека ќе работи од западниот град Лавов, објави онлајн весникот Украинска правда, повикувајќи се на американски дипломатски извор.

Вашингтон вчера соопшти дека му наредил на поголемиот дел од персоналот на својата амбасада во Киев веднаш да ја напушти Украина поради заканата од руска инвазија.

„Ова е привремена одлука, тимот на амбасадата ќе се врати во Киев штом безбедносната ситуација дозволи“, рече изворот, објави Си-Ен-Ен..

Шпанецот Ираола останува тренер на Борнмут

Премиерлигашот Борнмут објави денеска дека го продолжи договорот со тренерот Андони Ираола до лето 2026 година.

Ираола седна на клупата на Борнмут тимот минатото лето. За тоа време, клубот под негово водство одигра 43 натпревари, запишувајќи 17 победи, девет нерешени и 17 порази.

На едно коло до крајот на премиерлигашката сезона, Борнмут е на 11. место.

Ираола е еден од стратези во Премиер лигата кои се во конкуренција за наградата најдобар тренер на сезоната./МИА

Димовски: Личната самоидентификација не може да биде загрозена ниту кај политичарите

„Нема сомнеж дека на новата претседателка и на новата влада приоритети ќе им биде членството во ЕУ“

Малку сум разочаран што истите критичари на Сиљановска ги немаше никаде да критикуваат кога истиот Преспански договор се прекршуваше од Грција, со знаци, протоколи, општеството непотребно се оптеретува. Нема сомнеж дека на новата претседателка и на новата влада приоритети ќе им биде членството во ЕУ и тоа беше еден од трите начелни столбови кои што беа договорени минатиот викенд помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди како столб за новата влада. Личната самоидентификација не може да биде загрозена ниту кај политичарите, имаме право да се изразуваме кои сме и што сме, без разлика какви штетни договори сме наследиле од минатото, рече Илија ДИмовски во Само Вистина.

Ердоган и Мицотакис ја потврдија добрата клима меѓу двете земји

Ердоган и Мицотакис ја потврдија добрата клима меѓу двете земји и се согласија дека не се согласуваат околу Хамас.

Актуелната клима во билатералните односи дава важен придонес за зајакнување на стабилноста во регионот, пишува меѓу другото, во заедничката изјава на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по нивната средба во Анкара, кои паралелно соопштија формирање турско-грчкиот бизнис совет и потпишување договор за соработка во областа на здравството и медицинските науки, јави дописничката на МИА од Атина.

Заедничката изјава на Ердоган и Мицотакис ја истакнува посветеност на двете страни за консолидирање на сегашната позитивна клима согласно Атинската декларација за пријателски односи и добрососедство од 2023 година, но и можноста за понатамошна соработка, како и потребата да се одржуваат ефективни канали за комуникација на повеќе нивоа, „во корист на двете нации во атмосфера на пријателство и заемна доверба“.

На прес конференцијата по средбата турскиот претседател и грчкиот премиер говореа за билатералните односи, но и за регионалните прашања, а двајцата се фокусираа и на т.н. позитивна агенда.

Мицотакис порача дека „до нашите несогласувања можеме да испишеме една паралелна страница со работите за кои се согласуваме“, додека пак Ердоган истакна дека „не постои толку голем проблем меѓу Турција и Грција што не би можел да се реши“.

Освен за прашањата за кои е познато дека двајцата лидери имаат различни ставови, на прес-конференција Мицотакис и Ердоган влегоа во дијалог околу Хамас.

Мицотакис во неговата изјава рече дека е „терористичка организација“, на што турскиот претседател одговори дека е „организација на отпорот, која се бори за своите територии“ и дека не го прифаќа терминот „терористичка организација“.

-Господине претседателе, да се согласиме дека по ова прашање не се согласуваме, но да се согласиме дека се согласуваме за потребата во овој момент да постои итен прекин на огнот и пред сè, да се заштитат палестинските цивили, кои се неправедните, големите жртви на оваа војна, порача Мицотакис. /МИА

притисни ентер