Бајден помилува две мисирки за својот 81. роденден (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден денеска помилува две џиновски мисирки од Минесота, Либерти и Бел, кои нема да бидат оброк на масата за Денот на благодарноста.

Со учениците кои воодушевени врескаат од толпата на јужниот тревник на Белата куќа, Бајден учествуваше во годишната традиција која трае со децении, објави Ен-Би-Си.

„Овие птици имаат нова благодарност за зборовите „нека ѕвони слободата“, рече Бајден. Либерти тежи 19,3 килограми, а Бел околу 19,1 килограми. „Тоа е голема птица, човеку“, рече Бајден за Либерти. Двете мисирки поминаа мирна ноќ во хотелот Вилард во близина на Белата куќа.

Мисирките ќе бидат „пензионирани“ од Колеџот за храна, земјоделство и природни ресурси на Универзитетот во Минесота во Сент Пол. Милиони мисирки за Денот на благодарноста во четврток ќе бидат испечени низ целата земја и ќе бидат послужени со различни додатоци - полнење, компири, сос од брусница и чорба од зелен грав.

Бајден денеска наполни 81 година. Тој рече дека не бил присутен на првото помилување на мисирки пред 76 години. „Сакам да знаете дека не бев таму за првата. Бев премногу млад за да успеам“, рече тој.

Боки 13 е пуштен на слобода

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, потврдува за Канал 5 неговиот  адвокат, а неофицијална потврда добивме и од Кривичниот суд.

Причината е лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, е праведна.

Штрајк на илјадници вработени во образованието во Германија, бараат повисоки плати

Во Германија денеска штрајкуваа над 20.000 просветни работници од јавниот сектор, соопшти Синдикатот за образование и наука (ГЕВ).

„Доколку работодавачот конечно не реагира и не почне правично да ги плаќа вработените во јавниот сектор, кризата со недостиг на професионална работна сила дополнително ќе се продлабочи“, рече претседателката на GEW, Дорин Зиберник на централниот состанок во Лајпциг, каде се собраа околу 7.000 наставници.

Освен во Лајпциг, најголеми собири се одржаа и во Берлин, Хамбург и Карлсруе, каде на улиците излегоа илјадници вработени во училиштата, факултетите, градинките и канцелариите за млади.

Зиберник објасни дека просветните работници и работниците во образовните институции се особено погодени од недостигот на работна сила, поради што многу работни места во секторот остануваат непополнети.

Според студијата објавена денеска од фондацијата Бертелсман, ситуацијата е критична, особено во градинките, каде недостигаат над 430.000 места во градинки поради недостиг на воспитувачи.

Синдикатите бараат од работодавачот, односно градовите и општините, зголемување на платата за 10,5 отсто или најмалку 500 евра месечно. Дополнително, бараат и договор на неопределено време за студентите кои работат во образованието пред да ги завршат студиите.

Следната недела ќе има нова рунда преговори меѓу синдикатите и работодавачите.

Со автомобил удрил во мало слонче на пат во Малезија, целото крдо му се нафрлило

Стадо диви слонови прегази возило на главен автопат во Малезија, откако возач со својот автомобил удрил во слонче, соопштија вчера локалните власти.

Во автомобилот биле возачот, 48-годишен маж, неговата сопруга и 23-годишниот син.

Семејството во неделата се возело по главниот автопат од островот Пенанг до североисточната крајбрежна држава Теренгану кога удриле во слон во 19:35 часот по локално време, пишува Си-Ен-Ен.

Властите велат дека во моментот на инцидентот имало дожд и магла. „Автомобилот удри во млад слон што минуваше покрај патот со стадото“, рече Зулкифли Махмуд, началник на полицијата во округот Герик. Од ударот младенчето паднало на земја.

„Кога другите пет слонови од стадото го видоа ова, се упатија кон автомобилот и почнаа да го газат. Ја напуштија областа дури откако младенчето застана на нозе“, рече Махмуд.

Полицијата не прецизира дали членовите на семејството биле во возилото за време на нападот на слоновите или дали успеале да побегнат, но во полициското соопштение не се наведува дека имало смртни случаи или сериозни повреди.

Полициските фотографии покажуваат големи оштетувања на предниот дел и страните на возилото и скршени стакла. Поради брзиот развој на автопатите во Малезија, дивите слонови низ полуостровот често доаѓаат на патиштата за да преминат во друга област во потрага по храна. На многу автопати се поставени табли за предупредување на возачите за слонови кои минуваат, особено на северот од земјата.

притисни ентер