Бајден одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, целта е да се запре рускиот пробив - Канал 5

Бајден одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, целта е да се запре рускиот пробив

Американскиот претседател Џо Бајден одобри испорака на противпешадиски мини за Украина, потег што може да помогне да се забави рускиот напредок на нејзиниот исток, особено кога се користи заедно со друга муниција од САД.

Бајден одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, целта е да се запре рускиот пробив

Соединетите Американски Држави очекуваат Украина да користи мини на своја територија, иако вети дека нема да ги користи во областите населени со свои цивили, изјави американски официјален претставник.

САД ја снабдуваа Украина со противтенковски мини во текот на војната со Русија, но додавањето на противпешадиски мини има за цел да го забави напредувањето на руските копнени трупи, додаде официјалниот претставник. Американските мини се разликуваат од руските бидејќи се „непостојани“ и стануваат инертни по однапред одреден период.

За детонација им е потребна батерија и нема да експлодираат откако таа ќе се испразни. Украина вчера употреби американски ракети ATACMS за напад на руска територија, искористувајќи ја новата дозвола од администрацијата на Бајден на 1.000-тиот ден од војната.

Москва соопшти дека употребата на ATACMS, ракетата со најдолг дострел што Вашингтон досега и ја испорача на Украина, е јасен сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран објавија тридневно примирје, со што се зголеми надежта за смирување на конфликтот. 

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цената на барел сурова нафта „Брент“, која е глобален ценовен репер, во еден момент падна за повеќе од 9 отсто, на под 88 долари. Ова претставува значаен пресврт во однос на минатата недела, кога цената надмина 100 долари, пишува Би-Би-Си.

До падот на цените дојде по изјавата на американската амбасадорка во Обединетите нации дека нападите врз Иран биле прекинати втора ноќ по ред со цел да се „отвори простор за преговори“. Портпаролот на иранската армија во неделата потврди дека Техеран, како одговор, ги прекинал „одмаздничките“ напади во регионот.

Избувнувањето на војната со Иран претходно предизвика нагло зголемување на цените на нафтата, бидејќи конфликтот практично го затвори Ормускиот теснец. Станува збор за клучна поморска рута низ која поминуваат околу 20 отсто од светската нафта и течниот природен гас (LNG).

Кога Иран и САД во јуни потпишаа меморандум за разбирање за прекин на воените операции и повторно отворање на теснецот, цената на нафтата падна на предвоеното ниво од околу 70 долари за барел. Сепак, пропаѓањето на примирјето претходно овој месец повторно ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергија, што повторно ги крена цените.

Минатата недела цената за првпат од мај достигна 100 долари за барел. Дополнителна неизвесност внесоа и нападите на јеменските бунтовници Хути врз танкери со нафта во Црвеното Море, со што беше загрозена клучната извозна рута преку која Саудиска Арабија го заобиколува Ормускиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево со температура од 30 до 35 степени.

Според Управата за хидрметеоролошки работи денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. 

Денес сончево со температура од 30 до 35 степени.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Од утре следува период на стабилно. сончево и топло време со мала локална облачност и пораст на температурите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. 

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер