Бајден ќе одобри 250 милиони долари безбедносна помош за Украина

Бајден ќе одобри дополнителни 250 милиони долари безбедносна помош за Украина, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Претседателот на САД, Џо Бајден ќе одобри дополнителни 250 милиони долари безбедносна помош за Украина, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на почетокот на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, што се одржува во воената база Рамштајн во Германија.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска повторно ги повика сојузниците да ги игнорираат „црвените линии“ наметнати од Москва и да му дозволат на Киев да користи западно оружје со долг дострел за напади на руска територија.

- Ние треба да ги имаме овие долгорочни способности не само на територијата на Украина, туку и на територијата на Русија, со цел Русија да биде мотивирана да бара мир, посочи Зеленски на почетокот на состанокот.

Тој додаде дека Русија изгубила 6.000 војници во регионот Курск, кој украинските сили го нападнаа на 6 август.

Зеленски во Рамштајн ќе има одвоени средби со германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, како и со министрите за одбрана на САД и Германија, Лојд Остин и Борис Писториус.

Украинскиот претседател првпат учествува на состанокот на група од околу 50 земји кои ја снабдуваат Украина со оружје. Од почетокот на војната во февруари 2022 година, земјите-членки на Контакт групата обезбедија околу 106 милијарди долари безбедносна помош за Украина. САД независно обезбедиле повеќе од 56 милијарди долари, наведува британската агенција. /МИА

Видео: Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата

Еден од кандидатите за градоначалник на Сао Паоло, Бразил нападнал друг со столче за време на дебата. Хозе Луиз Датена и Пабло Марсало се расправаа, а потоа Датена замавна со стол кон својот противник.

Сè беше пренесувано во живо од ТВ Култура. Подоцна, Датена изјави за ТВ Култура дека го нападнал Маршал затоа што изнел стари наводи за сексуално вознемирување против него, кои биле отфрлени пред неколку години.

-Дојде со предмет кој беше архивиран, кој полицијата не го ни истражуваше бидејќи немаше докази. Нешто од пред 11 години што предизвика многу сериозна ситуација во моето семејство, изјави Датена.

Иако беше исфрлен од дебатата, тој во вчерашната изјава инсистираше дека не се кае за своите постапки, пишува Си-Ен-Ен.

Маршал беше примен во болницата Сирио Либанес. Неговиот тим соопшти дека тој бил примен во болница со можна фрактура во пределот на градниот кош и дека има потешкотии со дишењето. Од болницата велат дека се здобил со повреди на градниот кош и зглобот, но дека нема поголеми компликации./МИА

Трамп ја обвини реториката на Бајден и Харис за наводниот нов обид за атентат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја обвини реториката на американскиот претседател Џозеф Бајден и потпретседателката, демократската претседателска кандидатка Камала Харис, за наводниот нов обид за негово убиство.

-Нивната реторика ги тера да пукаат во мене, кога јас сум тој што ќе ја спаси земјата, а тие се оние кои ја уништуваат земјата, изјави Трамп за Фокс њуз, пренесе агенцијата.

„Поради тој наратив на комунистичката левица, куршумите летаат и само ќе се влоши“, рече Трамп доцна синоќа на својата социјална мрежа „Вистина“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека го осудува политичкото насилство.

-Отсекогаш сум го осудувал политичкото насилство. Секогаш ќе го осудувам, рече Бајден.

Уапсениот осомничен во истрагата за наводниот обид за атентат на Доналд Трамп „воопшто не пукал“, соопштија вчера претставници на Тајната служба.

Осомничениот кој беше уапсен во неделата доби кривична пријава за недозволено држење на оружје и поседување оружје со избришан сериски број, пренесе Бета. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Боранија со пилешко

Во понеделик (16.09.2024) во емисијата гостин ни беше Андријана Јаневска

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. - 500 гр. боранија

1 парче стек

1 мала павлака за готвење

2 јајца

1 главица кромид

2 лажици црвен мелен пипер

масло за јадење

сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер