Бајден и Трамп денеска ќе имаат средба во Белата куќа

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат.

Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време и се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп формално ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година по церемонија на инаугурација.

Денешната средба ќе биде една од ретките меѓу Бајден и Трамп. Последен пат тие се сретнаа за време на телевизиските дебати за време на изборната кампања кон крајот на јуни - непосредно пред Бајден да се повлече од претседателската трка, јави ДПА.

На 11 септември и двајцата присуствуваа на комеморативен настан во Њујорк, но не зборуваа меѓу себе.

Светскиот шампион во Формула 1 ќе има дете со 8 години постара девојка

Холанѓанецот Макс Верстапен (27), четирикратен светски шампион во Формула 1, на Инстаграм објави дека го чека своето прво дете со девојката Кели Пике (35).

"Малиот Верстапен-Пике е на пат. Не можевме да бидеме посреќни со нашето мало чудо", напиша тој покрај фотографијата на која го држи стомакот на својата девојка, по што веднаш следеа бројни честитки од пријателите и обожавателите.

Инаку, Кели Пике е ќерка на трикратниот шампион во Формула 1 Нелсон Пике, а веќе ја има 5-годишната ќерка Пенелопе со поранешниот партнер, исто така Формула 1 возач Даниил Квјат.

Извор: Индекс.хр

МНР: Да се одложат сите патувања кон Сирија

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  да ја напуштат во прва можна прилика. 

Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава.

Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија.

Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ).

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Папата Франциск со модринка на лицето на церемонијата за нови кардинали

Папата Франциск денеска ја предводеше свеченоста во базиликата Свети Петар за воведување 21 нов католички кардинал, на која се појави со голема модринка на брадата, за која Ватикан соопшти дека е последица на пад од претходното утро.

И покрај повредата, папата, кој овој месец полни 88 години, беше во добра форма на церемонијата.

На свеченоста беа именувани кардинали од 17 земји, меѓу кои Перу, Аргентина, Јапонија, Филипини, Алжир, Индија и Србија.

Прес-службата на Ватикан информираше дека папата удрил со брадата од ноќна масичка во вчера наутро.

Папата Франциск ја презеде должноста во 2013 година, а во последните години повремено има проблеми со здравјето, поради што користи инвалидска количка поради болки во колената и грбот./MИА

притисни ентер