Бајден ѝ нареди на американската војска да ги соборува иранските ракети - Канал 5

Бајден ѝ нареди на американската војска да ги соборува иранските ракети

Претседателот Џо Бајден им нареди на американските воени сили во регионот да помогнат во одбраната на Израел од иранскиот напад и да ги соборат ракетите, соопшти Белата куќа.

Бајден ѝ нареди на американската војска да ги соборува иранските ракети

Тој го следи нападот од Собата за ситуации во Белата куќа, заедно со неговата потпретседателка Камала Харис, објави Скај Њуз.

Претходно израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видео од ирански балистички ракети над Ерусалим, светиот град за сите три најголеми религии во светот.

Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро

Беживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид.

Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство.

Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан и околностите што довеле до него.

На лице место била повикана екипа на Службата за итна медицинска помош, која само констатирала смрт.

Скандалозно, советник во Советот на Кочани удри службеничка со шише, замавнувајќи по друг советник

Родителите на настраданите во дискотеката Пулс во Кочани денеска се сретнаа со обвинителите. 

Скандалозно, советник  во Советот на Кочани удри службеничка со шише, замавнувајќи по друг советник

Средбата доаѓа откако претходно тие доставија официјално барање да им се образложи поднесеното обвинение и неговата содржина, кој се е опфатен а кој е изземен и зошто. Детали засега не се соопштуваат, а додека траеше средбата тензично беше во советот на Општина Кочани каде дојде и до физичка пресметка помеѓу некои од советниците по расправија околу истрагата и опременоста на кочанската болница и третманот на повредените.

Според информациите интервенирала и полицијата а инволвираните се повикани во полициска станица.

Во меѓувреме продолжуваат и партиските обвинувања за трагедијата. Од опозициската СДСМ обвинија дека преку фирма во сопственост на сопруга на началникот на СВР Штип биле исплаќани паушали за полициска заштита на локали меѓу кои и дискотеката Пулс.

-Истата таа фирма, според нашите сознанија, можеби водела фиктивно сметководство за фирмите поврзани со дискотеката „Пулс“. Постои сериозен сомнеж дека преку неа биле исплаќани паушали за полициска заштита на локалите кои биле оставени без контрола, меѓу кои и „Пулс“ – каде животот го загубија 62 деца. И уште потежок е сомнежот: Дали токму тие пари, од подземјето, завршувале во кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?- изјави – Симона Цветаноски – СДСМ.

Сопственичката на фирмата Салтировски консалтинг преку допис до медиумите демантираа дека се поврзани со компаниите кои управувале со дискотеката Пулс и дека добивале паушали. Обвинувањата од СДСМ премиерот Мицкоски ги нарече некрофилски обид да се искористи трагедијата и загубата на луѓето.

-Што се однесува до политичката кампања околу донациите тоа може да биде уште еден доказ повеќе дека нема селективност за разлика од случајот со модуларната болница, Ласкарци, Беса Транс, кога до ден денеска имаме привилегирани, би рекол директни или индиректни актери во тој случај. И јас навистина го повикувам ЈО така ревносно да се позанимава и за овие случаи- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Инаку за трагедијата во Кочани засега е поднесено едно обвинение со кое се опфатени 34 физички и три правни лица. Истрагата пак со која се опфатени околу 30 поранешни и сегашни полициски функционери и службеници ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

YouTube video

Вториот блок на РЕК Битола и натаму не е во функција

РЕК Битола и натаму е надвор од погон. Се работи на повторно вклучување на Блок – 2, кој единствено функционираше, а кој вчера автоматски се исклучи по пожарот во близина на ормарот за електронско управување.

Вториот блок на РЕК Битола и натаму не е во функција

Се прават и напори за реактивирање на Блок – 3 кој претходно бил искчучен, поради намалените потреби на ЕВН Хоум, додека пак Блок – 1 е во фаза на ремонт. Од ЕСМ уверуваат дека граѓаните нема да останат без струја.

-По увидот на екипите од МВР, вчера започна санацијата на ормарот за електронско управување на Блок – 2. Откако ќе заврши тој процес Блок – 2 ќе биде синхронизиран со електричната мрежа во најкус можен рок. Во меѓувреме снабдувањето со електрична енергија во државата е целосно обезбедено, преку зголемено производство од хидроелектраните, како и преку купопродажба од МЕМО. – Велат од ЕСМ.

Според извори од полицијата за Канал 5, увидот е завршен, но истрагата е се уште во тек и се вршат разговори. Доколку има основ, ќе се поднесе и кривична пријава до обвинителството. Сомнежите на ЕСМ за можна саботажа на РЕК Битола ги дели и премиерот Мицкоски, но ќе чека истрагата да го расветли случајот.. Што се однесува до работата само на еден Блок, посочи дека бил доволен за потребите на пазарот..

-Она што е важно е дека навремено снабдување со електрична енергија ќе добијат сите корисници, она што е важно дека АД ЕСМ, Владата, не побараа зголемување на електричната енергија од први јули, како што тоа го правеше многу пати минатата Влада, така да продолжуваме да го поправаме сето она што е уништено, распаднато, девестатирано го затекнавме од претходната Влада.

Инаку, поради неработењето на РЕК Битола, согласно информациите, во текот на вчерашниот ден преку МЕМО, ЕСМ купило 1910 МВЧ електрична енергија. Продадени се 116 МВЧ по просечна цена од 159 евра за МВЧ, а набавени се 1794 МВЧ, по просечна цена 54 евра за МВЧ.

YouTube video

притисни ентер