Бајден го повика Трамп на ТВ дуел

„Доналд Трамп изгуби две дебати од мене во 2020 година, и оттогаш не се појави на дебата.“

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека нема да учествува на долгогодишната традиција за три есенски изборни соочувања со противкандидатот на претседателските избори организирани од двопартиската Комисија за претседателски дебати, но го покани републиканскиот ривал Доналд Трамп да одржат две претседателски телевизиски дебати во јуни и септември.

Бајден повика на директни преговори меѓу двата изборни штаба за правилата што ќе важат за време на тет-а-тет средбите, а тој исто така предложи и посебна потпретседателска дебата во јули, објави „Вашингтон пост“.

„Доналд Трамп изгуби две дебати од мене во 2020 година, и оттогаш не се појави на дебата. Сега се однесува како да сака повторно да дебатира со мене. Па, разубави ми го денот, пријателе. Ќе го направам тоа дури двапати. Ајде да ги избереме датумите, Доналд, слушам дека си слободен во среда“, рече Бајден во видео пораката. /МИА

Утринава почина 14 месечно бебе на детската клиника, било донесено во сериозна состојба

14 месечно дете рано утринава почина во Клиниката за детски болести. Семејството на детето тврди дека станува збор за негрижа од страна на детската клиника. 

Роднини на семејството на починатото девојче раскажаа дека детето било болно и уште пред неколку дена го носеле во болница каде што има дале сируп и има кажале да го однесат детето дома. Откако не се подобрила состојбата детето тие го однеле детето во болницата Козле, но оттаму детето околу еден часот ноќеска било претпратено на клиниката за детски болести. Околу четири часот тоа починало.

Денеска на клиниката имаше и полициско обезбедување, откако бил пријавен инцидент од страна на вработените, кога вознемирениот татко по смртта на неговото дете почнал да крши во ординациите. Вознемиреност од целиот настан имаше и кај персоналот но и кај пациентите кои доаѓаа. Директорот на клиниката Реџеп Мемеди објасни дека детето било донесено во тешка здравствен состојба.

На прашањето дали детето било вратено од клиниката и дали на смена бил тим за интензивно лекување? Мемеди одговори дека истражните органи ќе ја испитаат состојбата, а дека на смена имало тим кој одговора на задачата на интезивна нега.Телото е предадено на обдукција.

Од ДСЗИ потврдија дека ќе се изврши вонреден инспекциски надзор. Надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица од двете болници детска клиника и козле и вработените кои биле вклучени во овој случај. По добиените изјави и документација ќе се формира и комисисја за стручен надзор.

По обилните врнежи во тетовско над 20 интервенции на пожарникарските екипи

Над 20 интервенции имало синоќа во поплавени куќи во Тетово по обилниот дожд.

Тетовските пожарникари ноќта имале повеќе од 20 повици за испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и улици. Најголем дел од поплавените куќи биле во селата Мала и Голема Речица.. Поради обилните врнежи пожарникарите вчера извлекувале и неколку возила..Најкритично било во Желино каде во подвозникот по кој поминува локален пат в насобраната вода се заглавило комбе со 11 патници., кои не можеле да излезат , и по интервенција на тетовските пожарникари успешно биле извлечени од комбето и патниците и возачот

Шефот на иранската дипломатија од Дамаск повика на прекин на огнот во Либан и Газа

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска повика на прекин на огнот во Либан и Газа, неколку дена откако Техеран истрела над 280 балистички ракети кон Израел, јави ДПА.

При посетата на сирискиот главен град Дамаск, Арагчи го опиша прекинот на огнот како „најитното прашање“, пренесе ИРНА.

Шефот на дипломатијата рече дека Израел е главната пречка за мирот и ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на израелските „воени злосторства“ за да се постигне мирот во регионот.

Израел се закани дека ќе возврати по ракетните напади на Техеран, а една од можните цели се нападите врз иранските нуклеарни постројки, пренесува ДПА./МИА

притисни ентер