СветБајден ги нарече приврзаниците на Трамп ѓубриња, подоцна се дообјасни (ВИДЕО)Американскиот претседател Џо Бајден предизвика контроверзии со својата изјава.Бајден зборуваше за комичар кој го нарече Порторико „пловечки остров на ѓубре“ на митингот на Трамп во Медисон Сквер Гарден. „И токму пред некој ден, еден говорник на неговиот митинг го нарече Порторико лебдечки остров на ѓубре. Па, дозволете ми да ви кажам нешто, Порториканците што ги знам се добри, пристојни, чесни луѓе“, рече Бајден на настанот, кој беше организиран за дополнително да ги охрабри гласачите да излезат на гласање и да ја поддржат Камала Харис. „Единственото ѓубре што го гледам како лебди таму се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно и неамериканско“, продолжи Бајден. Damn!! Biden is truly out of fucks to give and I love it! 🤣 "The only garbage I see floating out there is his supporters.” pic.twitter.com/hD5SCf1GWQ — CALL TO ACTIVISM (@CalltoActivism) October 30, 2024 Белата куќа брзо се обиде да ја минимизира штетата. Портпаролот Ендрју Бејтс рече дека Бајден мислел на „реториката со омраза“ на митингот во Њујорк, а не на поддржувачите на поранешниот претседател. Набрзо и самиот Бајден се огласи на социјалните мрежи. „Претходно денес, ја нареков реториката со омраза за Порторико исфрлена од поддржувач на Трамп на неговиот собир во Медисон Сквер Гарден - што е единствениот збор што можам да го кажам за да го опишам. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно. Тоа е сѐ што сакав. Коментарите за тој митинг не одразуваат кои сме ние како нација“, напиша тој на X. Републиканците брзо се обидоа да поентираат на изјавата на Бајден. За време на митингот во Пенсилванија, Трамп го повика сенаторот од Флорида, Марк Рубио за да објасни што се случило. „Пред неколку моменти, Џо Бајден рече дека нашите поддржувачи, нашите патриоти се ѓубре. Тој зборува за секојдневните Американци кои ја сакаат својата земја“, нагласи тој. Каролин Левит, портпаролка на кампањата на Трамп, рече: „Нема начин да се промени: Џо Бајден и Камала Харис не само што го мразат претседателот Трамп, тие ги презираат и десетиците милиони Американци кои го поддржуваат“. Дури и некои истакнати демократи се оградија од изјавата на Бајден. Говорејќи за Си-Ен-Ен, гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро рече дека „никогаш не би ги навредил добрите луѓе на Пенсилванија или кој било Американец, дури и ако одлучат да поддржат кандидат што тој самиот не го поддржува“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20