Бајден ги нарече јеменските Хути терористичка група

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа ги нарече јеменските Хути „терористичка“ група, откако американски и британски воени авиони, бродови и подморници извршија десетици воздушни напади низ Јемен во текот на утрото.

Бајден изјави дека Вашингтон ќе одговори на Хутите доколку продолжат со, како што рече, „безобразното“ однесување.

„Мислам дека се“, им рече Бајден на новинарите откако беше прашан дали е подготвен да ги нарече Хутите „терористичка“ група.

-Ќе се погрижиме да одговориме на Хутите доколку продолжат со ова срамотно однесување, заедно со нашите сојузници, додаде тој.

Белата куќа претходно вчера соопшти дека САД не сакаат војна со Јемен, но нема да се двоумат да преземат дополнителни чекори.

-Не е важно дали тие се етикетирани (како терористи). одговори, им рече Бајден на новинарите.

Тој, исто така, кажа дека е загрижен за влијанието на војната на Блискиот Исток врз цената на нафтата. /МИА

РФМ ја објави,па ја демантира веста за наводната смрт на поранешниот селектор Илија Темелковски

Врска информацијата која беше проследена во јавност преку медиумите дека ракометниот спортски работник г-дин Иле Темелковски е починат, податокот не е точен.

Ве известуваме дека канцеларијата на РФМ стапи во контакт со семејството на Темелковски и г-дин Иле Темелковски и ги замолуваме медиумите да ги корегираат своите објави.

Ракометна Федерација на Македонија

Рубио го дообјаснува Трамп: Раселувањето на Палестинците од појасот Газа би било привремено

Ден по изјавата на Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Газа, државниот секретар Марко Рубио се обиди да ја појасни идејата на американскиот претседател. 

Според него, не станува збор за нивна трајна дислокација во соседните држави, туку за привремено решение, а тие како што кажа, ќе можат да се вратат во своите домови откако Појасот ќе биде обновен и деминиран. Деталите како што кажа, би биле дополнително разрешени со партнерските нации, но повика сериозно да се размили за како што го оцени, дарежливиот потег на американскиот претседател.

-Значи тоа што тој (Трамп) многу дарежливо го понуди е можноста на САД да влезе и да помогне со отстранување на остатоци од уништувањето, да помогне со отстранување на муниција, да помогне со реконструкција, обнова на домови, бизниси и слични работи, за потоа луѓето да се вратат назад, но во меѓувреме ќе мора да живеат некаде. Деталите за тоа, ако е прифатено, ќе мора да се разрешат меѓу повеќе партнерски нации, тоа е единствена понуда. Ниту една друга држава истапила и не дала таква понуда. Но, мислам дека луѓето треба да размислат за тоа, сериозно. Не беше наменето како непријателски потег, туку беше наменето како многу дарежлив потег. -Марко Рубио – Државен секретар на САД.

Идејата на Трамп предизвика бура од реакции на меѓународната сцена. Египет и Јордан кои беа посочени како земји каде би се преселиле Палестинците, експресно го отфрлија неговиот план. Франција, Велика Британија, Германија, и голем дел од американските сојузници го осудија, а Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш повика да се почитува меѓународното право.

-Во потрагата по решенија, не треба да го направиме проблемот полош. Витално е да се остане верен на бедемот на меѓународното право. Клучно е да се избегнува било каква форма на етничко чистење. Трето, мораме да го реафирмираме решението за две држави.-Антонио Гутереш – Генерален секретар на ООН.

Израелските власти пак го пофалија планот, како чекор кон траен мир во регионот. Во Газа пак владее неизвесност. По петнаесет месечната војна, жителите велат дека не би прифатиле никаков план за раселување.

-Или ќе умрам во Газа или ќе живеам во Газа.

-Не си одиме за вие да обновувате во Газа.

-Ова е земјата на нашите татковци и дедовци, нашите деца живеат тука, како ќе не натераат да си заминеме од тука?

-Невозможно е било кој да си замине од неговата земја.

-Зошто да одиме во странство, за да страдаме повторно?

-Каде да одам? Живеам тука, работам тука.

Планот на Трамп чии детали се уште не се докрај разјаснети, предвидува сите 2 милиони Палестинци кои живеат во енклавата да бидат преселени во соседните држави. Газа да се обнови и економски да се развие, а потоа да биде населена со популација од целиот свет.

Песков: Трамп фактички ја продава американската воена помош на Украина

 Висок руски функционер го критикуваше предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да продолжи воено да и помага Украина во замена за пристап до нејзините вредни минерални резерви.

„Ако ги наречеме работите онакви какви што се, ова е предлог да се купи помош - со други зборови, да не се дава безусловно или поради некоја друга причина, туку да се обезбеди конкретно на комерцијална основа“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави „Политико“.

„Се разбира, подобро би било воопшто да не се пружи помош, бидејќи тоа ќе придонесе за прекин на овој конфликт“, додаде Песков.

Трамп во понеделникот објави дека „сака да склучи договор со Украина“ во кој САД ќе обезбедат воена помош за војната против рускиот претседател Владимир Путин во замена за украинските „ретки земји“.

„Ретките земји“ или лантаноидите се група од 17 елементи со слични карактеристики, но различни од другите метали. Тие особини ги направија барана стока на меѓународните пазари, бидејќи овие скапи минерали се важни компоненти на делови за современи електронски уреди.

„Инвестираме стотици милијарди долари. Тие имаат големи „ретки земји“, а јас сакам сигурност на „ретките земји“, рече тој во Вашингтон, додавајќи дека Украина е „подготвена да го направи тоа“.

притисни ентер