Бајден до Вучиќ: САД силно го поддржуваат патот на Србија во ЕУ и дијалогот со Косово - Канал 5

Бајден до Вучиќ: САД силно го поддржуваат патот на Србија во ЕУ и дијалогот со Косово

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по повод Денот на државноста на Србија-Сретење, доби честитки од повеќе светски претседатели меѓу кои од претседателот на САД, Џозеф Бајден.

Бајден до Вучиќ: САД силно го поддржуваат патот на Србија во ЕУ и дијалогот со Косово

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по повод Денот на државноста на Србија-Сретење, доби честитки од повеќе светски претседатели меѓу кои од претседателот на САД, Џозеф Бајден, кој порача дека САД силно го поддржуваат патот на Србија кон пристапување во ЕУ, дијалогот со Косово и му се заблагодари за поддршката во Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

Американскиот претседател, меѓу другото, изјави дека се радува на зајакнување на економските врски и зајакнување на регионалната соработка.

-Изградбата на поуспешен и постабилен Западен Балкан е во интерес и на САД и на Србија, а во текот на следната година со нетрпение очекувам да ја унапредиме оваа цел преку зајакнување на регионалната енергетска безбедност и проширување на нашите економски врски, порача Бајден, се наведува во соопштението од кабинетот на Вучиќ.

Во честитката Бајден додаде дека „САД ја ценат поддршката што Србија и ја пружи на Украина во одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет кога таа се соочи со бруталната инвазија на Русија“.

-САД силно го поддржуваат и патот на Србија кон пристапување во ЕУ и остануваат посветени да и помогнат на Србија да ги зајакне своите демократски институции кон исполнувањето на оваа цел. Исто така ја охрабрувам Србија да продолжи со минатогодишниот напредок во дијалогот со Косово, со посредство на ЕУ. Договорот за нормализација и имплементација претставува клучни чекори кон помирна и поуспешна иднина на Србија, регионот и Европа, му порача Бајден на Вучиќ.

Денот на државноста на српскиот претседател му го честиташе и францускиот претседател Емануел Макрон.

-Поддршката за европската интеграција на Србија останува приоритет на нашето партнерство. Ќе можете да сметате на поддршката од Франција, за напорите што Србија ќе ги преземе соодветно да се земат предвид при нејзиниот процес за пристапување во ЕУ. Франција, исто така, ќе продолжи да го поддржува дијалогот што го олеснува ЕУ со цел нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, порача Макрон.

Во честитките за празникот, со поддршка на евроинтеграциите на Србија во ЕУ и за дијалогот со Косово порачаа и австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, италијанскиот претседател Серџо Матарела, кипарскиот претседател Никос Христодулидес и полскиот претседател Анджеј Дуда.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар во честитката меѓу останатото порача „да нè обедини заедничката посветеност на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан за што би придонеле и конструктивните дискусии во рамките на процесот Брдо-Бриони“, додека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ порача дека „се надева да во наредниот период ќе се направи напор кој ќе овозможи подобрување на нашите билатерални односи“.

Денот на државноста на Србија го честитаа и претседателите на Индија, Иран и Египет, како и други претседатели и суверени на држави од светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордна цена на гасот во Европа, прв пат од 2022.

Цената на гасот во Европа во понеделникот надмина 100 евра за мегават-час за прв пат од 2022 година, зголемена поради конфликтот на Блискиот Исток и ниските залихи пред зимата.

Рекордна цена на гасот во Европа, прв пат од 2022.

Според податоците од берзата TTF, цената на фјучерсите за гас во еден момент достигна 100,785 евра за мегават-час, или околу 1.058 евра за 1.000 кубни метри, што е највисоко од енергетската криза поврзана со војната во Украина.

Стапката на зафатеност на европските капацитети за складирање гас на крајот на октомври беше 74,6 проценти, што е далеку под вообичаеното ниво за овој период, а компанијата „Катар енерџи“ го продолжи прекинот на испораките до некои клиенти до крајот на декември, објави „Ројтерс“.

Европските влади засега избегнуваат враќање кон скапи мерки како што се ограничувања на цените и намалување на даноците, бидејќи буџетите се оптоварени, а трошоците за позајмување се високи.

Трговците стравуваат дека европските земји ќе се најдат во конкуренција со азиските земји за ограничени залихи на течен природен гас (LNG) како што се приближува зимата, објави „Блумберг“.

Побарувачката од Азија би можела дополнително да ја засили конкуренцијата и да ги зголеми цените на бензинот, предупредуваат пазарните експерти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника на лет од Приштина: Маж го скршил прозорецот во авионот, жена се онесвестила- доктор ги решавал проблемите

Необичен инцидент се случил во понеделник вечерта на летот на EasyJet од Приштина до Базел, кога меѓу патниците се случиле две последователни ситуации што предизвикале паника и страв во авионот.

Паника на лет од Приштина: Маж го скршил прозорецот во авионот, жена се онесвестила- доктор ги решавал проблемите

Според информациите што ги добил порталот KosovaNews од неколку патници, сè започнало околу половина час по полетувањето од меѓународниот аеродром во Приштина. Летот за Базел бил закажан за 20:05 часот, пишува Telegrafi.com.

Прво, крвниот притисок на жена, за која се верува дека има околу 40 години, одеднаш ѝ паднал, а таа била во исклучително вознемирена состојба и на работ на несвестица.

Екипажот на авионот веднаш побарал помош од патниците, прашувајќи дали меѓу нив има лекар.

За среќа, во авионот бил и неврохирургот д-р Валон Баралиу, кој работи во болница во Германија. По неговата интервенција и пружање прва помош, состојбата на патникот се стабилизирала.

Порталот KosovaNews го контактирал Баралиу, кој потврдил дека инцидентот се случил и дека му помогнал на патникот.

„Да, бев, заедно со стотици други патници, на летот на „ИзиЏет“ од Приштина до Базел, кој полета во 20:05 часот. Околу половина час по полетувањето, патничка во 40-тите години доживеа сериозна акутна аритмија, придружена со хипервентилација, вртоглавица, силна анксиозност и напад на паника“, рече тој, додавајќи:

„Екипажот и пилотите побараа помош преку системот за јавно обраќање, прашувајќи дали има лекар во авионот. Без двоумење, станав и му пружив на пациентот стручна помош, во согласност со моите должности и професија. Во авионот имаше и млада медицинска сестра, која ни се придружи, заедно со екипажот, кои беа подготвени да ни помогнат и да не поддржат во секое време. По мојата интервенција, состојбата на пациентката се стабилизираше, па му предложив на екипажот да можеме да го продолжиме нашето патување без потреба од итно слетување.“ Сепак, ситуацијата во авионот не заврши тука.

Околу половина час по првиот инцидент, втор патник, на возраст од околу 42 години, швајцарски државјанин по потекло од Косово , наводно одеднаш почнал да се однесува агресивно и насилно, без очигледна причина.

Според сведоштвата на патниците, тој насилно го скршил внатрешното стакло на прозорецот до неговото седиште, што предизвикало страв и вознемиреност кај другите патници.

Овој настан го потврдил и неврохирургот Валон Баралиу, на кого екипажот повторно се обратил за помош при проценка на состојбата на патникот.

„Кратко по инцидентот со патникот за кој ви раскажав, слушнав бучава во задниот дел од авионот, кога еден патник, без очигледна причина, го скрши внатрешното стакло на прозорецот. Патниците во тој дел од авионот се исплашија. Маж, на околу 42 години, го скрши внатрешното стакло на прозорецот на авионот. Екипажот повторно ме замоли да ја проценам неговата психофизичка состојба. Кога му се приближив, иако изгледаше физички стабилен, не проговори ниту збор, ниту одговори на моите прашања“, рече Баралиу, продолжувајќи:

„Не можам да потврдам дали во тој момент бил под дејство на некакви лекови или бил во состојба на ментално растројство или преоптоварување, без претходно да бидат извршени соодветни анализи. Потоа патникот бил следен од неколку други патници сè додека авионот не слетал на аеродромот во Базел, по што бил преземен од жандармеријата на аеродромот. Морам да нагласам дека екипажот на easyJet покажал исклучителен професионализам, човечност и подготвеност да помогне за време на двата инциденти. И покрај ситуацијата, членовите на екипажот „успеале да ја држат под контрола, дејствувајќи мирно и посветено“.

Сведоци ја опишаа атмосферата во авионот како исклучително напната. Многу патници, вклучувајќи ги и семејствата со деца, доживеаа моменти на паника поради два последователни инциденти за време на летот.

Брзата реакција на неврохирургот д-р Валон Баралиу, кој му помогна на патникот на кој му се слоши, беше пофалена од екипажот, капетанот на авионот и другите патници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клое Кардашијан во проѕирен фустан на роденденската забава на сестра ѝ Ким (ФОТО)

Клое Кардашијан се појави во издание кое привлече посебно внимание во прославата на 46-тиот роденден на нејзината сестра Ким Кардашијан. 

Клое Кардашијан во проѕирен фустан на роденденската забава на сестра ѝ Ким (ФОТО)

За луксузната семејна вечера во Беверли Хилс, таа избра полупроѕирен фустан во боја на кожа кој ја истакнуваше нејзината фигура.

Под тесната креација носеше боди, а комбинацијата ја комплетираше со долги чевли во иста нијанса и елегантна бела чанта. Клое самоуверено позираше за фотографите пред да влезе во ресторанот Балди, сместен во хотелот Валдорф Асторија, каде што се одржа прославата.

Семеен собир

Сестрите Кортни Кардашијан (47) и Кајли Џенер (29) и мајката Крис Џенер (70) беа на вечерата со славеникот Ким. Им се придружи и братот Роб Кардашијан (39), кој ретко се појавува во јавноста во последните години. Единствениот член од најблискиот семеен круг кој не дојде на прославата беше Кендал Џенер.

Честитки на социјалните мрежи

Ким објави фотографија на Инстаграм како дува свеќи на голема црвена торта, а Кортни откри повеќе детали од раскошната прослава, вклучувајќи мени на кое пишуваше „Среќен роденден Ким“.

Социјалните мрежи беа исполнети и со емотивни честитки. Клое посвети серија заеднички фотографии од патувања и разни настани на својата постара сестра. „Те сакам тебе и нашите авантури! Луди сме, но барем сме луди заедно“, напиша таа покрај една објава. На друга, додаде: „Засекогаш моја девојка! Засекогаш сум благодарна“.

Особено емотивна порака ѝ испрати нивната мајка Крис Џенер, која нагласи колку е горда на своите достигнувања и посветеност на своето семејство. „Ти си неверојатна мајка, и гледањето колку ги сакаш своите деца ми го прави срцето толку среќно“, ѝ рече таа.

Нејзината ќерка Норт Вест објави забавна фотографија од Ким како спие на фотелја. ѝ честитаа и многу познати личности, вклучувајќи ги Лорен Санчез Безос и Викторија Бекам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер