Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
2Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе
СветБајден до Хамас: Согласете се со новиот израелски план за примирје Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги повика милитантите на Хамас да се согласат со новата понуда на Израел за ослободување на заложниците во замена за прекин на огнот во Газа.Американскиот претседател Џо Бајден денеска ги повика милитантите на Хамас да се согласат со новата понуда на Израел за ослободување на заложниците во замена за прекин на огнот во Газа, велејќи дека тоа е најдобриот начин да се започне смирување на смртоносниот конфликт. „Со прекин на огнот, хуманитарната помош може безбедно и ефективно да се дистрибуира до сите оние на кои им е потребна“, рече Бајден. „Време е оваа војна да заврши и ден потоа да почне“, рече Бајден, кој е под притисок во изборната година да стави крај на конфликтот во Газа, кој сега е во осмиот месец. „Палестинскиот народ претрпе вистински пекол во оваа војна“, рече Бајден. „Сите ги видовме ужасните слики во Рафа претходно оваа недела, по израелскиот напад насочен кон Хамас“, додаде тој. Новиот предлог што денеска го претстави Бајден се состои од три фази; прва би била шестнеделен прекин на огнот. За тоа време, израелските сили ќе се повлечат од Газа, а заложниците, меѓу кои и старци и жени, ќе бидат разменети за стотици палестински затвореници. Палестинските цивили ќе се вратат во Газа, вклучувајќи го и северниот дел на Газа, а 600 камиони ќе носат хуманитарна помош во Газа секој ден, рече Бајден. Во втората фаза, Хамас и Израел ќе преговараат за условите за траен прекин на непријателствата. „Примирјето ќе продолжи сѐ додека траат преговорите“, рече претседателот. Третата фаза ќе вклучува голем план за обнова на Газа. Предлогот му беше пренесен на Хамас од Катар, рече Бајден. Бајден ги повика оние во Израел кои се залагаа за војна без датум за завршување да се предомислат. „Знам дека има такви во Израел кои нема да се согласат со овој план. И тие ќе повикаат војната да продолжи на неодредено време. Некои се дури и во владината коалиција. Тие јасно кажаа. Тие сакаат да ја окупираат Газа. Тие сакаат да продолжат да се борат со години, а заложниците не се приоритет, го повикав раководството во Израел да застане зад овој договор, и покрај сиот притисок“, рече Бајден. „Како некој кој е посветен на Израел целиот свој живот, како единствен американски претседател кој патувал во Израел во време на војна, како некој кој штотуку испрати американски сили директно да го бранат Израел кога тој беше нападнат од Иран, барам да се повлечете, размислете што ќе се случи ако овој момент се изгуби, не смееме да го изгубиме овој момент“, рече тој. Кабинетот на израелскиот премиер и Хамас засега не ги коментираат изјавите на Бајден. Договорот предложен претходно оваа година предвидува ослободување на болните, постарите и ранетите заложници во Газа во замена за шестнеделно примирје што може да се продолжи за да се овозможи поголема хуманитарна помош да стигне до крајбрежната енклава. Предложениот договор пропадна претходно овој месец откако Израел одби да се согласи на траен крај на војната како дел од преговорите и го засили својот напад врз градот Рафа во јужна Газа. Хамас вчера соопшти дека им кажал на посредниците дека повеќе нема да учествува во преговорите додека трае агресијата, но дека е подготвен за „целосен договор“, вклучително и размена на заложници и затвореници, доколку Израел ја прекине војната. Преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и исламистичкото движење, со посредство на Египет, Катар и други, постојано беа во застој, при што завојуваните страни меѓусебно се обвинуваат за недостатокот на напредок. Американски функционер, кој разговарал за Ројтерс под услов да остане анонимен, рече дека советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан ќе се сретне со дипломати од 17 земји чии граѓани се заложници од Хамас во Газа. Израел нема да се согласи на никакво прекинување на воените дејствија доколку не бидат вратени преживеаните заложници, изјави денеска висок израелски функционер за безбедност. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби во вторникот изјави дека неодамнешните израелски копнени операции во Рафа нема да доведат до повлекување на американската воена помош. Палестинските здравствени власти проценуваат дека повеќе од 36.280 луѓе се убиени во Газа откако Израел ја нападна енклавата како одговор на упадот на Хамас во јужен Израел на 7 октомври. Хамас тогаш уби околу 1.200 луѓе, според израелските проценки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Златна фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан, Градите ѕиркаат од фустанотЕдна од најсексапилната фудбалерка на светот, атрактивната Клои Кели повторно воодушеви со својот секси стајлинг.Јавноста е навикната да ја гледа во фудбалски дрес и на теренот, но Клои Кели овојпат покажа сосема поинакво издание. Англиската фудбалерка Клои Кели привлече големо внимание на доделувањето на наградите „GQ Мажи на годината“ во Лондон, каде што се појави во мошне смело издание. Наместо спортскиот дрес во кој сме навикнати да ја гледаме, овојпат таа се одлучи за елегантен црн фустан што ѝ го откриваше грбот, додека проѕирната ткаенина му даде на целиот изглед дополнителна доза на сензуалност. Припиениот фустан ја истакнуваше нејзината фигура, а отворениот грб беше еден од најефектните детали во оваа комбинација. Со овој избор, Клои покажа сосема поинаква страна на својот стил, далеку од фудбалскиот терен и спортската опрема. Бројни познати личности од светот на спортот, модата, музиката, филмот и забавата се собраа на свечениот настан, а фудбалерката на Арсенал беше меѓу гостите што го привлекоа вниманието на фотографите. Клои Кели е една од најпрепознатливите фудбалерки во англиската репрезентација, со која освои европски титули во 2022 и 2025 година. Особено е впечатлив нејзиниот гол против Германија во финалето на Европското првенство во 2022 година, кога го постигна одлучувачкиот погодок во 110-тата минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваТејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозеСветската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови.Каков фустан! Сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе . Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови. Навистина, ова беше глетка за паметење. Тејлор Свифт се врати на голема врата кога станува збор за кантри-музиката. Неодамна, по пауза од 10 години, таа учествуваше на доделувањето на наградите на Здружението за кантри-музика (CMA Awards) во Нешвил. Последен пат таа присуствуваше на оваа церемонија во 2016 година. Овој пат, таа одлучи да блесне во жолта креација на дизајнерот Оскар де ла Рента, оставајќи го модниот свет воодушевен. Станува збор за едноставна, речиси ненаметлива тоалета, одликувана со минимализам. И додека горниот, корсетен дел се одликува со едноставен крој, долниот дел се карактеризира со асиметричен крој, долга опашка и џебови, кои на целиот стајлинг му даваат нота на модерен гламур. Не смееме да ја изоставиме ниту впечатливата жолта боја на фустанот, која беше главниот акцент во нејзиниот изглед. Ретко која дама би одбрала облека во оваа нијанса на жолта боја за некој голем настан, но Тејлор покажа дека за неа не важат овие стереотипи. Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Новак го зема микрофонот и направи „хаос“! Ѓоковиќ го запеа хитот на легендарниот Џеј Ново шоу надовор од теренот на најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го испеа хитот на легендарниот Џеј и предизвика „хаос“ во еден белградски клуб!Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го искористи престојот во Србија за да се опушти во друштво на пријатели, а потоа приреди вистинско шоу во еден познат белградски клуб, што ги воодушеви сите присутни. Ноле уживаше во ноќното излегување, пушејќи и пеејќи, а кулминацијата на вечерта се случи кога пејачката Маријана Злопаша го забележа во публиката и го покани да ѝ се придружи на сцената. Ѓоковиќ не се двоумеше многу! Ја прифати поканата, го зеде микрофонот и ја запеа песната „Ниедни усни не бакнуваат сами“ голем хит на легендарниот Џеј Рамадановски. Атмосферата во тој момент го достигна својот врв, а присутните имаа можност да го видат Новак во сосема поинакво издание – наместо рекет, во рацете држеше микрофон и уживаше во музиката. https://www.instagram.com/reel/Df_Qk2Ts0g5/?utm_source=ig_embed Ѓоковиќ моментално е во Белград, бидејќи тениската сезона за него е завршена. Тој ќе помине уште неколку дена во својот роден град, а оваа сабота ќе ја искористи за да го прослави Свети Архангел со своето семејство. Потоа, планира да замине на одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter